Македонија
Обвинетите во предметите на СЈО, се враќаат во обвинителни клупи
Во четврток, по еден месец пауза, продолжува рочиштето за случајот „Титаник“, а на обвинителна клупа се враќаат ексфункционерите Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, заедно со Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко и други 12 лица.
Во обвинението од СЈО, тие се теретат за злосторничко здружување, поткуп при избори, уништување на изборен материјал, но и злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања во 2012 година.
Претходното рочиште беше одложено поради бременоста на ексминистерката Гордана Јанкулоска, па рочиштето беше презакажано.
Во текот на месецот, ќе се одржат и нови рочишта за предметот „Тврдина-Таргет“ кој се однесува на незаконското прислушкување и уништување на системите во УБК, и „ТНТ“ за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на Фијат Цаноски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

