Контакт

Македонија

Обвинителството бара условни казни за полицајците кои го сликаа Чавков во затворот

Објавено пред

Скопското обвинителство бара условни казни за полицајците кои го сликаа поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, во затворот во Шуто Оризари.

„По спроведените истражни дејствија, надлежен обвинител до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против две службени лица од КПУ Затвор Скопје. На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело ‘неовластено снимање’“, велат од Обвинителството.

Имено, на 30 ноември минатата година првообвинетиот како службено лице што било на стражарска кула го забележал Чавков и преку прозорското стакло без негова согласност го фотографирал. Фотографиите во приватна порака, преку социјалните мрежи ги проследил на тројца колеги, меѓу кои и на второобвинетиот кој понатаму фотографијата ја проследил на уште двајца полицајци.

Во предлогот за издавање казнениот налог предложено е судот на обвинетите да им изрече условна осуда и да им утврди казна затвор во траење од три месеци, што нема да се изврши доколку обвинетите не сторат ново кривично дело во траење од две години.​Инаку, за казнени налози не се одржува судење, ако се прифати предлогот на обвинителството.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Д-р Кузмановска: Кога медицината е немоќна, човечноста може да спаси живот

Објавено пред

„Наша примарна цел е да ги излечиме болните, но онаму каде што веќе медицината е немоќна, каде што настапува мозочна смрт, следен законски, медицински, хуман чин, е да се побараат органите за трансплантација“, порачува проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација во видео обраќање во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“

„Пред сѐ, сакам да се заблагодарам на сите досегашни органодарители, коишто спасиле многу животи, а воедно да ја поттикнам јавноста да размисли, за ова хумано, човечно дело, така што по смртта на своите блиски или по својата смрт да дарува органи, коишто значат живот, спас за луѓе кои секој ден го чекаат повикот, да добијат нова шанса за живот“, вели проф. д-р Кузмановска.

Во рамки на националната кампања, утре на Медицинскиот факултет во Скопје, со почеток во 15 часот, ќе се одржи и трибината „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста“, на која ќе учествуваат претставници на Владата, здравствените институции, трансплантациските тимови, граѓански организации, студенти и здравствени работници. Целта на овој настан е темата за органодарителството да стане дел од отворен, информиран и одговорен јавен разговор.

„Нашата задача е да ја замениме недовербата со знаење, стравот со информираност и неизвесноста со јасно изразена лична волја. Зад секоја согласност стои нова шанса за живот“, истакнува министерот за здравство, Азир Алиу.

Прикажи повеќе...

Македонија

По роденденот на ВМРО-ДПМНЕ следува реконструкција на Владата

Објавено пред

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска најави дека по одбележувањето на партискиот роденден на 17 јуни во Струмица, ќе започнат официјалните разговори со коалициските партнери за реконструкција на Владата.

„Следната недела после роденденот којшто ќе биде на 17 јуни во Струмица со почеток од 20 часот на стадионот, после тоа почнуваме разговори со владините коалициони партнери околу реконструкцијата на Владата“, изјави Мицкоски.

Коментирајќи ги обвинувањата од опозициската СДСМ дека Владата форсира предвремени избори бидејќи ги „потрошила државните пари“, премиерот оцени дека таквите тврдења се нелогични. Тој потенцираше дека партијата има четиригодишен мандат добиен од граѓаните и дека целта е редовни парламентарни избори во пролетта 2028 година, но нагласи дека се подготвени за избори доколку бидат предизвикани.

„Нема да се мешам во нивната стратегија. Само знам дека, зборувам политички, кога влегувате во втората половина од мандатот, логично е да сте подготвени за избори без разлика дали се тоа редовни или вонредни, на барање на опозицијата. Еве нашата опозиција не бара, нашата опозиција е сокриена, има три-четворица кои држат прес-конференции полни со невистини и навреди, најчесто кон мене. И сега кога имаат можност да се покажат на терен, да видат еве колку ефект имаат тие нивни невистини и навреди кон мене, тие едноставно бегаат. Тоа нема да биде првпат што го прави СДСМ. Тоа веќе во историјата многу пати го направила СДСМ“, кажа Мицкоски.

Прашан за коментар околу најавите за наводно повлекување на Али Ахмети од лидерската позиција во ДУИ, Мицкоски одби да коментира, истакнувајќи дека станува збор за внатрепартиски работи во кои не сака да се меша.

Прикажи повеќе...

Македонија

Еврокомесарката Марта Кос на почетокот на јули доаѓа во Скопје

Објавено пред

Еврокомесарката за проширување Марта Кос на почетокот на јули ќе ја посети Македонија.

Во фокусот на разговорите се очекува да биде новиот нон-пејпер на германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон. Овој документ предвидува модел за забрзана и постепена интеграција на земјите кандидатки во ЕУ, што отвора нови можности за динамизирање на процесот.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека посетата на Марта Кос е дел од нејзината редовна регионална турнеја и оцени дека таа претставува уште една потврда за интензивната комуникација на Владата со европските партнери.

„Според опозицијата Владата била изолирана, а како таква изолирана јас во рок од два месеци остварив билатерална средба со турскиот претседател, со францускиот претседател и со германскиот канцелар. На билатерална посета беше хрватскиот премиер, јас бев на билатерална посета кај австрискиот канцелар и претседателот на Европскиот совет беше тука во Скопје – сето тоа за само два месеца“, изјави Мицкоски.

Доаѓањето на комесарката Кос во Скопје следува непосредно по Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, во период кога повторно се актуелизира прашањето за деблокада на македонскиот пат кон Унијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

(Видео) Д-р Кузмановска: Кога медицината е немоќна, човечноста може да спаси живот

„Наша примарна цел е да ги излечиме болните, но онаму каде што веќе медицината е немоќна, каде што настапува мозочна...

Свет41 минута

Иран до САД по израелскиот напад врз Бејрут: „Играта на добар и лош полицаец е застарена“

По нов израелски напад врз јужните предградија на Бејрут, еден од водечките ирански политички функционери упати остри критики кон САД,...

Регион1 час

(Видео) Тешка поморска несреќа кај Сплит: се судрија едрилица и катамаран, има загинати

Три лица загинаа, а едно се води како исчезнато по судир на катамаран и едрилица во морето меѓу островите Шолта...

Економија2 часа

СДСМ: „Мој ДДВ“ не работи затоа што нема пари во буџетот

СДСМ обвини дека апликацијата „Мој ДДВ“ веќе неколку дена не функционира, поради што граѓаните имаат проблеми со скенирање фискални сметки...

Економија2 часа

(Видео) Филипче помеѓу земјоделиците: Зголемени трошоци, намалени субвенции, ниски откупни цени, откуп нема

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Карбинци обвини дека земјоделството се соочува со сериозни проблеми и оцени дека состојбата...

Свет2 часа

Иран поделен околу договорот со САД: протести, обвинувања за „капитулација“ и неизвесност во последен момент

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај на актуелната криза и за...

Економија2 часа

(Видео) Од есен би можела да почне изградбата на брзата пруга на Коридорот 10, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека до јули треба да бидат завршени клучните студии за изградба на брзата пруга на Коридорот...

Спорт2 часа

„Најлошо прво полувреме на Бразил, уште од оние 7:1 против Германија“

Бразил го отвори Светското првенство со реми 1:1 против Мароко, а реакциите во татковината, за настапот на националниот тим се...

Црна хроника3 часа

Ограбил обложувалница во Тетово, уапсен на аеродромот додека се обидувал да избега од државата

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 26-годишен тетовец, осомничен дека ограбил спортска обложувалница во градот. Според информациите од билтенот на...