Македонија
Обезбедени се снимки од пукањето во Чаир, се утврдува идентитетот на сторителите

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид во Чаир, каде што во инцидент со огнено оружје беше убиен Јонуз Идризи, а двајца беа повредени.
Јавниот обвинител издаде наредби за прибирање и анализа на трагите пронајдени на самото место, како и наредба за обдукција на починатиот. По наредба на јавен обвинител, обезбедени се снимките од видео адзорот на околните објекти.
Се работи на утврдување на идентитетот на сторителитe.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пријавени 108 новозаразени со ковид, нема починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1411 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 70, Битола- 13, Штип – 7, Кавадарци – 3, Прилеп, Велес,Гостивар, Кичево и Неготино – по 2, Тетово, Охрид, Гевгелија, Свети Николе и Дебар – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (108), регистрирани се 8 реинфекции.
Регистрирани сe 77 оздравени пациенти од: Скопје – 56, Битола – 7,Прилеп – 4, Гостивар, Берово и Кичево – по 2, Кавадарци,Гевгелија, Кочани и Ресен – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.
Направени се 1411 тестови преку: ИЈЗ-190, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-52, ЦЈЗ Прилеп-18, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија–5, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–59, Жан Митрев (Филип Втори)-24, Авицена-33, Биотек-42, Систина-37, лабораторија Лаор-16, Синлаб-17, Ремедика – 16, Плодност-10, Генеа-25, Никоб Лаб-66, ВФВ Медикал-27, Ели МедикаПлус-6, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–12 Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–3 Рамус-4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 639.
Досега во земјата се направени вкупно 2.049.946 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.592, бројот на оздравени пациенти е 301.728, на починати е 9.300, а бројот на активни случаи изнесува 564.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 146673, Активни 384
Куманово 16673, Активни 8
Битола 15627, Активни 53
Прилеп 14204, Активни 10
Тетово 13475, Активни 6
Кавадарци 10681, Активни 8
Велес 9789, Активни 6
Гостивар 9607, Активни 4
Охрид 8905, Активни 18
Струмица 8072, Активни 1
Штип 8058, Активни 20
Кичево 5649, Активни 9
Кочани 5090, Активни 1
Струга 4724, Активни 0
Гевгелија 4420, Активни 2
Неготино 3690, Активни 4
Ресен 2749, Активни 10
Свети Николе 2632, Активни 5
Радовиш 2531, Активни 1
Крива Паланка 2415, Активни 1
Делчево 1985, Активни 2
Берово 1679, Активни 5
Дебар 1677, Активни 3
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1393, Активни 0
Пробиштип 1267, Активни 0
Богданци 1021, Активни 0
Кратово 965, Активни 0
Крушево 929, Активни 1
Демир Хисар 835, Активни 0
Македонски Брод 738, Активни 1
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 1
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0
Македонија
Собранието: Деловникот дозволува можност за затворање на вратите на салата на барање на претседателот

Проѕирна е намерата на опозицијата, која сите овие години ја опструира работата на законодавниот дом и оневозможува донесување на битни закони за граѓаните, и овој пат да создаде лажна претстава во јавноста дека претседателот на Собранието постапува спротивно на Деловникот, велат од собраниската служба. Оттаму додаваат дека токму Деловникот ги демантира нелогичните обвинувања дека претседателот Џафери сторил нешто надвор од своите надлежности.
„ Според членот 95 од Деловникот, Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници. Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, а најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство. Претседателот на Собранието го соопштува бројот на пратениците што гласале „за“, „против“ или „воздржано“, како и бројот на пратениците што се присутни. Претседателот на Собранието може да определи да се утврди бројот на присутните пратеници со броење. Утврдениот број на присутни пратеници се смета за точен сè додека претседателот или еден пратеник, чие барање го поддржуваат најмалку десет пратеници, не побара повторно да се утврди бројот на присутните пратеници.
Според тоа, во текот на вчерашниот ден вратите на салата беа затворени за да можат собраниските служби да го утврдат бројот на присутни пратеници, односно дали има кворум за да се премине на гласање. Со оглед на тоа што во салата со куполи, каде што во овој период се одржуваа пленарните седници нема соодветна опрема, се воспостави пракса координаторот да составува листа од присутни пратеници пријавени за збор“ се наведува во соопштението.
Од собраниската служба објаснуваат дека Деловникот дозволува можност за затворање на вратите на салата, на барање на претседателот на Собранието или на еден пратеник, поддржан од најмалку десет пратеници.
„ Поточно, членот 97 од Деловникот на Собранието на Република Македонија предвидува дека за време на поименичното изјаснување на пратениците вратите на салата во која се одржува седницата на Собранието се затвораат и не се дозволува влегување и излегување на пратениците се додека трае поименичното изјаснување. Гласањето може да се врши и со поименично изјаснување на пратениците. Поименично изјаснување може да се врши заради точно утврдување на резултатот од гласањето, по барање на претседателот на Собранието или на еден пратеник чие барање го поддржуваат најмалку десет пратеници, само ако предлогот за кој се гласа добил до пет гласа повеќе или помалку од потребниот број гласови за негово донесување. Поименичното гласање се врши со изјаснување на секој прозиван пратеник со „за“ или „против“ предлогот или со воздржување од гласањето. Доколку пратеникот кога е повикан да гласа не е присутен во салата, не може дополнително да гласа. За време на поименичното изјаснување на пратениците вратите на салата во која се одржува седницата на Собранието се затвораат и не се дозволува влегување и излегување на пратениците се додека трае поименичното изјаснување.
Исто така, Деловникот, поточно членот 91 предвидува дека за одржување на редот на седницата се грижи претседателот на Собранието. За повреда на редот на седницата, претседателот на Собранието може да го опомене и да му го одземе зборот на пратеникот“ додаваат од службата.
Според тоа, како што појаснуваат, сосема јасно е дека претседателот на Собранието во ниту еден момент не го прекршил Деловникот во текот на вчерашното продолжение на 71.седница, туку тоа го направила опозицијата, со своето недолично однесување, со цел да создаде хаос во законодавниот дом, служејќи се со слични методи како и на 27 април 2017 година.
Од собраниската служба нагласуваат дека Претседателот Талат Џафери нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ на таков начин да ја девалвира парламентарната демократија во земјава. Претседателот на Собранието досега и во иднина ќе продолжи да работи согласно Деловникот, Уставот и законите, во интерес на граѓаните, додаваат од службата.
Македонија
УЈП склучи меморандум за соработка со Даночната Управа на Република Хрватска

Директорите на Управата за јавни приходи на Република Северна Македонија и Даночната управа на Република Хрватска, Сања Лукаревска и Божидар Кутлеша, денеска во Загреб, потпишаа Меморандум за соработка. Делегација беше придружена и од амбасадорот на Р.С.М во Хрватска, Милаим Фетаху.
Директорката на УЈП, Лукаревска истакна дека овој Меморандум е од големо значење за нашата држава.
„Ова е прв Меморандум кој се потпишува со земја членка на Европската Унија а со кој ќе се овозможи размена на најдобри искуства и практики. Со овој документ ќе се зајакне меѓусебната соработка, ќе ги унапредиме односите не само помеѓу двете институции, туку и помеѓу двете држави. Оваа соработка ќе влијае и во намалување на бирокрастките процедури. – истакна директорката на УЈП, Лукареска.
Директорот на Даночната управа на Република Хрватска, Божидар Кутлеша појасни дека со овој Меморандум, уште повеќе се зајакнуваат односите и соработката на двете земји.
„ Од овој Меморандум бенефит ќе имаат и двете институции, но и граѓаните. Со Меморандумот се предвидува соработка во области од делокругот на работењето на двете даночни администрации, ќе се овозможи размена на искуство, трансфер на знаење, подобрување на работењето на двете даночни управи, поттикнување на доброволна усогласеност. – појасни директорот Кутлеша.
Управата за јавни приходи и во следниот период ќе продолжи со потпишување на ваков вид на Меморандуми за соработка, се со цел зголемување на соработката со даночните администрации во регионот и пошироко.