Македонија
Обезбедени 400 бесконтактни термометри и пунктови за дезинфекција за училиштата
Министерката за образование и наука, Мила Царовска, градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, амбасадорот на Турција, Хасан Мехмет Секизќок, и програмскиот директор на ТИКА, Халим Омер Согут, денеска присуствуваа на предавање донација на пунктови за дезинфекција и бесконтактни термометри во основното училиште „Петар Здравковски – Пенко“.
Донацијата e обезбедена од турската Агенција за соработка и координација ТИКА, а до училиштата во државата ќе бидат дистрибуирани вкупно 400 пунктови за дезинфекција и 400 бесконтактни термометри.

Министерката Царовска, нагласувајќи дека ваквите донации ја покажуваат вистинската општествена одговорност, потсети на важноста од почитувањето на мерките за заштита од Ковид-19 во одвивањето на образовниот процес.
„Навистина ми е драго што во исклучително посебни услови, во време на пандемија, успеавме да најдеме начин успешно да ја почнеме учебната година и дел од учениците наставата да ја посетуваат со физичко присуство под посебни протоколи за што се потребни средства за дезинфекција и термометри на далечина“, изјави Царовска.
Наставата успешно ја следат најголем дел од учениците во државата, посочи министерката. Во училиштата што ги исполнуваат здравствените протоколи се реализира настава со физичко присуство. Повеќето ученици и наставници и денес успешно или со помали тешкотии се приклучија на онлајн-наставата. Според однапред објавените распореди, се емитуваат и часовите на Националната радио-телевизија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Илинден и Кисела Вода
ЕВН извести дека денес без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.25 до 15.30 часот, корисниците од улиците број 10, 513, 517, 529 и 532, како и објектите на фабриката Хавеп и Агрома во село Марино. ( општина Илинден )
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. Томе Арсовски и ул.474.( општина Кисела Вода )
Македонија
Променливо облачно со дожд и снег на планините, од утре стабилизирање на времето
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови од земјата. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, а попладне врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од 2 до 6 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 3 до 9 степени.
Во Скопје се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд во претпладневните часови и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Од петок следува стабилизирање на временската состојба. За време на викендот, а особено во првите денови од следната седмица, утрата ќе бидат ведри и студени, со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нулата.
Македонија
Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово
Апелационен суд Гостивар ја преиначи пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово и на двајцата обвинети им ја зголеми затворската казна од една и пол на по три години. Истовремено е зголемена и паричната казна што треба да ја плати обвинетото правно лице – ЈЗУ Клиничка болница Тетово.
Осудените директори Фљорин Бесими и Артан Етеми се огласени за виновни за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“. Судот оцени дека изречените санкции соодветствуваат на тежината на делото и последиците.
Во пожарот во Модуларната болница во 2021 година загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти кои се лекувале од Ковид-19, и двајца роднини на хоспитализираните.

