Контакт

Македонија

,,Октомври е близу, наскоро ќе добиете датум”, порача Вајгл

Објавено пред

Тројката европратеници Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, доцна вечерва заедно со претседателот на Собранието, Талат Џафери, од законодавниот дом, соопштија дека успешно завршил вториот ден од дијалогот „Жан Моне“ меѓу партиите и дека за одредени прашања ќе продолжат да дискутираат и натаму.

Џафери рече дека основен принцип при овој дијалог е да не се соопштуваат детали за прашањата за кои не се донесени одлуки, но го издвои ограничувањето на времетраењето на дискусиите, начинот и организација на избор на генералниот секретар на Собранието.

Тој го спомена зајакнувањето на надзорната улога на Собранието и начинот на организирањето на надзорните седници. Тема на разговор биле собранискиот деловник, финансиската независност на Собранието, прашањето со собраниските служби и собраниското обезбедување.

Разговарано било и за реституција на имунитетот на пратениците односно можноста да се врати имунитетот.

Иво Вајгл рече дека е презадоволен од она што било постигнато меѓу партиите и дека очекува Северна Македонија да добие датум за преговори со Европската Унија во септември или октомври.

„Ништо не е готово. Ова е само еден од почетоците на приближување. Наскоро ќе добиете датум. Септември – октомври се близу. Само едно лето стои меѓу сега и датумот кој ќе го добиете за почеток на преговорите“, рече Вајгл.

„Имате единствен функционален парламент во регионот“, кажа европратеникот за дијалогот меѓу партиите и дополни дека целиот свет се восхитува и со почит говори за успесите на Северна Македонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Посебен сообраќаен режим поради ридско-брзинскиот натпревар во автомобилизам

Објавено пред

Денеска во периодот од 9 до 16 часот ќе се одржи меѓународен ридско-брзински натпревар во автомобилизам „Награда на град Скопје – Водно 2019“, организиран од страна на АКК Кастум кар реисинг тим Скопје со старт од улицата Тодор Александров, па до Средно Водно во Скопје.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по наведената траса, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Беса“ повторно ќе пречекува иселеници кај платежната рампа Петровец

Објавено пред

Младинскиот форум на Движењето Бeса ја продолжува акцијата за да им посакува добредојде на иселениците, но овој пат кај платежната рампа Петровец, бидејќи, како што велат, МВР по вторпат го игнорира нивното барање за активност во граничен премин, иако, според нив, оваа активност треба да се организира од самата Влада, но тие не само што не организираат туку и се пречка кога тие се обидуваат да направат симболична акција.

„Затоа ние сме принудени на овој начин да ги пречекуваме нашите браќа и сестри и да им посакаме добредојде, бидејќи токму тие се промотори на економијата на земјата, кои придонесуваат во државниот буџет, и покрај фактот што оваа држава се грижи малку за нив.

Ние како Младински форум на Беса симболично им нудиме по една вода и им посакуваме да поминат убави моменти во родното место, со надеж дека нашиот придонес со ова акција ќе биде за во иднина самата држава да се свести и да ги пречекува достоинствено“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дескоска се сретна со новата амбасадорка на САД

Објавено пред

Министерката за правда, Рената Дескоска, се сретна со новоименуваната амбасадорка на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнз.

Министерката Дескоска ѝ посака добредојде и успешен мандат на амбасадорката Брнз и изрази благодарност за досегашната соработка и поддршка која Република Северна Македонија ја добива од Соединетите Американски Држави.

Во поглед на реформската агенда на Министерството за правда, Дескоска ја информираше амбасадорката Брнз за досегашните активности и одблизу ја запозна со донесените закони, но и со клучниот предизвик кој претстои на патот на интеграција на државата во Европската Унија.

Дескоска истакна дека во моментот се наоѓаме во многу сензитивна ситуација со Законот со Јавното обвинителство, кој наредната седмица ќе биде испратен во собраниска процедура, и дека овој закон претставува клучен предизвик во работата на Министерството за правда.

Амбасадорката Брнз ја пренесе поддршката на САД во процесот на градење силни и независни институции базирани на принципот на владеење на правото, заштитата на човековите права и борбата против корупцијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион15 часа

(Видео) Косовскиот премиер Харадинај поднесе оставка

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај поднесе неотповиклива оставка на местото претседател на Владата на Косово, откако беше повикан да даде исказ...

Македонија16 часа

Мицкоски на состанок со Беса: „Ја договоривме заедничката борба против актуелната власт“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами,...

Македонија17 часа

(Видео) За премиерот Заев, Кики и Фрики не постојат

Кики и Фрики за мене не постојат, објавете ги со име за да може да ве тужат, рече премиерот Заев...

Македонија17 часа

Власта предлага СЈО да се интегрира во Обвинителството за гонење организиран криминал и да го води Русковска

Владата ќе достави нов предлог-закон за Јавното обвинителство според кој специјалното јавно обвинителство ќе се интегрира во Обвинителството за гонење...

Македонија18 часа

(Видео) Просветниот инспекторат има 7 дена да одлучи за дисциплинската мерка за инспекторот Илиевски

Дисциплинската комисија му предложи на директорот на Држaвниот просветен инспекторат да одлучи во рок од 7 дена дали ќе го...

Македонија20 часа

Градоначалникот на Струга се откажа од ингеренциите за издавање дозволи за градба

Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, ѝ ги отстапи на Владата ингеренциите во делот на издавање дозволи за градба, легализација...

Македонија21 час

Владата: Откажана лидерската средба, не прифаќаме ултиматуми од Мицкоски

Лидерската средба што беше планирана за денеска, дефинитивно, нема да се одржи. Од Владата велат дека причината за откажување на...

Македонија21 час

Новинарите избркани од зградата на Државниот просветен инспекторат

Половина час по почнувањето на седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на...

Македонија23 часа

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет23 часа

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зашто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Спорт1 ден

Кога Вимблдон зависи од деца

Тие се во сенка, иако стојат на сонце. Тие се незабележливи, иако ги гледате на ТВ екранот како ви претрчуваат....

Македонија1 ден

Николовски по состанокот на СДСМ: Последните настани покажаа одлучна борба против криминалот и корупцијата

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и...

Свет1 ден

Во Мароко изречени смртни казни за убиството на скандинавските туристки, обезглавени во име на Исламска држава

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две...

Свет2 дена

Хаос во поплавените области во Индија, тигри влегуваат во семејни домови

Најмалку 40 села во северниот дел на Бангладеш се поплавени откако синоќа од коритото се излеа една од најголемите реки...

Топ2 дена

Тетовец со „голф“ влетал во десетмина пешаци, еден од нив тешко повреден

На локалниот пат село Горно Орашје – Тетово, во попладневните часови на 17 јули се случил посериозен сообраќаен инцидент во...

Регион2 дена

Дојавата за бомба на аеродромот во Белград е лажна

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека дојавата за бомба во авионот на „Луфтханза“ на аеродромот „Никола Тесла“ во...

Македонија2 дена

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и...

Македонија2 дена

ЗНМ: Случајот со „1ТВ“ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија „1ТВ“, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на...

Свет2 дена

(Видео) Бројот на жртви во пожарот во студиото за анимација во Јапонија се искачи на 23

Бројот на жртви во подметнатиот пожар во познатото јапонско студио за анимација во Кјото порасна на 23, објави Би-би-си. Постои...

Македонија2 дена

Панчевски: Утрово ме избркаа како партал од канцеларија

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, објави на „Фејсбук“ дека утринава бил, како што наведува, избркан како партал од...

Досие