Македонија
Општина Кисела Вода за децата во градинките обезбеди 2.500 маски за заштита од аерозагадувањето

Општина Кисела Вода на дечињата кои ги посетуваат објектите на двете јавни детски градинки кои се под нејзина надлежност им подели 2.500 маски кои ќе им помогнат за заштита на здравјето од аерозагадувањето.
За таа цел, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ, денеска во ЈДГ „8 Март“ во објектот „Расадник“ на децата им подели маски за заштита од загадениот воздух. Шимиќ на дечињата им објасни како и зошто треба да ги носат истите.
Додека секретарот на Општината, Александар Алексовски, заштитни маски им подели на децата во ЈДГ „Весели цветови“, во објектите „ Мимоза“ и „Синоличка“.
Воедно, локалната самоуправа обезбеди и 500 маски за возрасни лица кои ќе бидат поделени при зголемено загадување на амбиенталниот воздух. Доделувањето на маските е дел од мерките кои Општина Кисела Вода ги презема за заштита на здравјето на своите жители.
Општина Кисела Вода минатата година обезбеди прочистувачи за воздух за сите објекти на двете јавни детски градинки „Весели цветови“ и „8 Март“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
АМСМ: Оштетена e оградата на мостот на Вардар, на патот кај селата Орешани – Таор

На патниот правец Р2131 од с.Орешани – с.Таор, на мостот на река Вардар, дел од заштитната ограда на самиот мост е оштетена поради излетано тешко моторно возило. Екипите на Ј.П. Македонијапат на самото место е поставија соодветна сообраќајна сигнализација (насочници), соопшти АМСМ.
Од таму, на учесниците во сообраќајот им препорачуваат крајно внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Македонија
(Видео) Превртен автомобил кај Тетово, удрил во заштитната ограда на автопатот

Несреќа се случи пред влезот на Групчин, во близина на Тетово. Автомобил удрил во заштитната ограда на автопатот Тетово-Скопје, по што се превртел. Засега не е познато дали има повредени лица.
Вратата од страна на возачот беше отворена, а екипата на „Макфакс“ јавува дека на местото немало друго возило, ниту повредени лица. На терен веќе имаше полиција
Од МВР посочуваат дека веќе го проверуваат настанот. На терен немаше ниту Брза помош, додека околу возилото имаше повеќе лица меѓу кои и минувачи.
Македонија
По 22 години конечно некој во државата за која се боревме, се сети дека постоиме, велат од Здружението „Бранител 2001“

Здружението на воени ветерани “Бранител 2001” изразува благодарност до Градоначалникот на општина Ѓорче Петров и членовите на Советот за денешниот, како што велат, значаен чекор.
„Усвојувањето на Одлука за ослободување на членовите на семејствата на бранителите од конфликтот во 2001 година од месечна партиципација за градинка, како и од паричниот надомест кој се дава за оброк во основните училишта е чекор кои мора да го поздравиме. По 22 години конечно некој во Република Македонија, во државата за која се боревме и ја браневме да се сети дека постоиме и дека ние Бранителите сме луѓе со чест и достоинство“, велат од здружението на воени ветерани.
Апелираат да не се застанува тука и повикуваат останатите општини да го следат примерот на општина Ѓорче Петров и барем на момент да се сетат дека тие постојат и дека дале значаен придонес во градењето на ова парче земја.