Македонија
Османи во Елисејската палата на средба со советниците на Макрон – Думон и Адам
Во продолжение на работната посета на Франција, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, реализира одвоени средби во Елисејската палата со советниците во кабинетот на претседателот Емануел Макрон – Изабел Думон, надлежна за континентална Европа и Турција, и со советникот за Европа, Александар Адам.
На заедничката средба Османи ја потенцира важноста од имплементација на одлуката на советот на ЕУ од март минатата година како важен услов за задржување на европскиот кредибилитет во регионот, особено кредибилитетот на процесот на проширување. Во оваа насока беше разгледана и стратегијата за Западен Балкан на францускиот претседател Емануел Макрон за која беше констатирано дека претставува интерес на двете земји.
„Ние ги разбираме грижите на ЕУ и ја сфативме потребата за трансформирање на Унијата. Силно го подржуваме проектот за иднината на Европа и даваме силна поддршка за новата методологија за преговарање. Изразивме подготвеност заедно со државите членки на ЕУ, особено Франција, но и со европските институции, да работиме на развивање концепт кој ќе донесе нов квалитет на односите меѓу ЕУ и Западен Балкан. Северна Македонија е подготвена за построг, но пофер надзор и ние на тоа гледаме како предност за нашата трансформација“, истакна Османи.
На маргините на работната посета на Париз, Османи оствари средба и со Марта де Сидрак, претседател на групата за соработка меѓу Франција и земјите од Западен Балкан на францускиот Сенат, а имаше одделен состанок и со заменик-генералниот директор на француската Агенција за развој, Филип Бодуен.
Работната посета на Париз на шефот на дипломатијата, Османи, е дел од неговата дипломатска турнеја во земјите членки на Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Антикорупцискиот тим на СДСМ: Денеска објавуваме нова бомба
„Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова бомба. Каков капитал влегува во земјава и со што е поврзан? Постои ли финансиско-политичка мрежа и со кои земји е преплетена? Која е позадината?“, велат од СДСМ
„Дали затоа оваа влада на Мицкоски ја држи Македонија надвор од ЕУ – изолирана и претворена во црна точка во Европа?“, се вели во најавата на СДСМ од каде додаваат дека прес-конференцијата е закажана за 10:30 часот, во седиштето на партијата, на која ќе се обрати Александар Саша Димитријевиќ, член на ЦО на СДСМ.
Македонија
СДСМ повикува на потпишување на Резолуцијата: „Само така може да бидеме сигурни дека нема да има мигранти за пари во Македонија“
СДСМ повикува на потпишување на Резолуцијата, „ВМРО-ДПМНЕ да го потпише договорот со народот и заедно да ја поднесеме во македонското Собрание“.
„Зошто со денови не одговараат дали ќе ја потпишат? Содржината е објавена и јавно достапна, сега повеќе немаат изговори дека не ја виделе или не ја прочитале.
Ајде, заедно да го потпишеме договорот со народот.
Само така може да бидеме сигурни дека нема да има мигранти за пари во Македонија“, велат од СДСМ.
Македонија
Спасовски 3 месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90 000 евра, ЈО да реагира, бара ВМРО-ДПМНЕ
„Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина од над 5,5 милиони денари или околу 90 000 евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Спасовски ја злоупотребил својата службена положба и овозможил на станицата за технички преглед да се стекне со против правна имотна корист од 90 000 евра додека го чувал во фиока решението за затворање на станицата каде меѓу другите поминал и автобусот на Беса Транс во кој загинаа 45 луѓе во Бугарија.
Зошто Спасовски 3 месеци не го потпишувал решението за затворање на станицата и го чувал во фиока? Дали зад заштитата на Спасовски стои нешто друго?
Зошто Спасовски дури 3 дена по несреќата на Беса Транс го ставил својот потпис на решението?
Колку возила кои ја загрозиле безбедноста во сообраќајот ја поминале контролата на тој технички преглед?
Оливер Спасовски ја загрозил безбедноста на илјадници возачи низ државата. ЈО веднаш да постапи.
СДС наместо да се огради ги штити криминалците во своите редови“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

