Македонија
Османи за можното одвојување на Македонија од Албанија на патот кон ЕУ: Треба да прашате во ВМРО-ДПМНЕ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/osmani.jpg)
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, смета дека Франција е недвосмислена во поддршката на Македонија и Албанија кон нивниот евроинтегративен пат.
На прашањето дали е можно да дојде до одвојување на тој пат, по изјавата на претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој во Тирана прецизира дека неговата земја ќе ја поддржи Албанија во процесот на европска интеграција, Османи со одговор:
„Дали ќе има одвојување – веќе треба да ги прашате од нашата опозициска партија во моментот. Топката е кај нас и уставните измени се моментот што ќе одлучува дали ќе има одвојување или продолжување на преговорите со ЕУ, заедно со Албанија. Тоа е прашање засега за опозицијата, а за кратко време ќе биде и за сите нас“, рече Османи.
„Мислам дека не треба да извлечеме некаква порака од изјавата на Макрон бидејќи тој беше и во билатерална посета на Албанија и оттука пораките беа наменети за Албанија, а не за регионот“, рече министерот.
Потенцира дека е оптимист за уставните измени.
„Јас сум оптимист дека ќе има уставни измени и дека нема да дојде до одвојување“, истакна Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.