Македонија
Османи назначен за шеф на преговарачкиот тим со ЕУ

Вицепремиерот Бујар Османи е назначен за шеф на делегацијата и главен преговарач за Европската Унија, соопшти утрово премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со еврокомесарот Јоханес Хан, по повод тематската седница посветена на скрининг-процесот за почеток на преговорите со Европската Унија. За негов заменик е назначен Бојан Маричиќ, посебен советник за евро-атлантски интеграции во канцеларијата на Заев.
„Денеска со Хан ги дефинираме следните чекори на скрининг и подготовка на преговорите кои треба да почнат следната година. Хан ни го претстави начелниот план за скринингот, а ние донесовме заклучоци за почеток на процесот. Владата го назначи Бујар Османи за главен преговарач за ЕУ, за негов заменик ќе биде сегашниот посебен советник за евро-атлански интеграции во мојот кабинет, Бојан Маричиќ. Владата го задолжи и министерот за надворешни работи да подготви информација со предлог на концепт за преговарачката структура и истиот да гo достави за усвојување во Владата“, рече Заев, кој додаде дека сечиј придонес е важен.
Заев најави дека пристапните преговори помеѓу Македонија и ЕУ треба да почнат во јуни следната година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Само претседателот Иванов не го промени името на државата на веб страната

Сите министерства и државни институции на своите веб-страни го сменија името на државата во „Северна Република Македонија“, освен претседателот Ѓорге Иванов, кој се уште е претседател на „Република Македонија“. Комисиите, агенциите, министерствата, Владата, Собранието, во текот на последните два дена вршеа промени на нивните веб-страни, а прв тоа го стори претседателот на Собранието Талат Џафери.
Денеска на полноќ истекува рокот за промената на името на сите дигитални записи, логoа, меморандуми, електронски комуникации, веб-страници, медиуми кои произлегоа од Преспанскиот договор.
Шефот на државата не го ратификуваше Указот на договорот од Преспа, кој беше објавен во Службен весник само со фуснота.
Освен ве-страните, сите институции треба соодветно да ги изменат меморандумите, печатените материјали, папките, индикаторите во рок од 2 недели.
Македонија
МВР: Не е спорно ако сопственикот на „Дурмо турс“ вршел технички преглед преку друга своја фирма

За Министерството за внатрешни работи законски нема ништо спорно во тоа што сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, во исто време е сопственик на станица за технички преглед која ја испитувала исправноста на автобусите. Според МВР, спорно би било доколку станицата за технички преглед врши проверка на сопствените возила, односно ако тие се од иста фирма.
Ваквите одредби оставаат можност две различни фирми, но со ист сопственик, да можат да поседуваат возила преку едната фирма, а да им вршат технички преглед на истите преку друга фирма.
„Согласно одредбите од Законот за возила, правното лице ‘АМЗ Гостивар’ не може да врши технички преглед на сопствените возила, но може да врши технички преглед на возила сопстевност на друго правно лице“, велат од МВР за „Макфакс“.
Во случајов, возилата се регистрирани како сопственост на туристичката агенција „Дурмо турс“, а фирмата „АМЗ Гостивар“, со ист газда, е задолжена за нивниот технички преглед.
Од МВР велат дека вршеле контрола врз станицата за технички преглед „АМЗ Гостивар“, а последниот бил во август минатата година. Тие не прецизираат дали утврдиле прекршување на законот при извршениот увид.
„Станицата за технички преглед на возила ‘АМЗ Гостивар’ – Гостивар е посебен правен субјект што е овластен да врши технички преглед на возила и согласно добиеното овластување, имајќи ги предвид одредбите од законот, за секој извршен преглед на возило издава потврда за техничка исправност на возило“, додаваат од МВР.
Согласно одредбите утврдени во член 81 од Законот за возила, МВР е надлежно да врши надзор и контрола над исполнетоста на условите за работа и над работата на станиците за технички преглед на возила.
„Во нашиот закон не е обработено дали еден газда може да има станица за технички преглед и истовремено да биде превозник. Кај нас во законот стои дека ние при контролите треба да утврдиме дали возилото е регистрирано и дали е извршен технички преглед. При контролите утврдивме дека ‘Дурмо турс’ има такви документи. Станиците за технички преглед се обврска на Министерството за внатрешни работи“, рече тој.
Во меѓувреме, сè уште трае истрагата за причините за катастрофалната автобуска несреќа на автопатот Скопје – Тетово, каде што животот го загубија 14 лица. Засега се знае дека шоферот не бил под дејство на дрога или алкохол, а ќе се испитува дали тој евентуално зборувал на мобилен телефон додека возел.
Македонија
„Специјал“ им подели крофни со рок до утре на учениците во „Димитар Миладинов“

Принцес-крофни со рок на траење до утре им биле поделени денеска како ужинка на учениците во ООУ „Димитар Миладинов“ во скопски Центар. Дел од дечињата ги изеле, но дел од нив само ги пробале, оти вкусот им бил чуден и се пожалиле на родителите.
„Ја пробав крофната на син ми, беше кисела па тоа нè натера да го видиме и рокот. Пишува дека е употреблива до 16.02.2019 година. Вакви игри со здравјето на децата нема повеќе да толерираме“, се пожали родител.
Родителите вечерва се организираат да го пријават случајот во Агенцијата за храна и ветеринарство. Нагласуваат дека ова не е прв случај децата да се пожалат од храната поради што веќе барале да се раскине договорот со „Специјал“, но од училиштето им одговориле дека нема услови за раскинување и избор на нов оператор.
Маја Ангелова, директорка на ООУ „Димитар Миладинов“, вечерва не знаеше за крофните со рок до утре, но најави дека ќе провери каква храна им била послужена на учениците денес.
„Затечена сум од оваа информација. Не знам за што се работи. Јас денес бев на обука и еве во моментов влегувам дома. Ќе проверам уште веднаш за што се работи и кога ќе имам релевантни информации ќе ги споделам“, изјави директорката Ангелова за „Макфакс“.
Таа не кажа дали е пракса училиштето да дели храна со само еден ден рок на траење.
Од „Специјал“ беа недостапни да објаснат како се случило кај децата да завршат крофни еден ден пред истекот на рокот. Вработените кои одговараат на телефонските броеви во пекарниците велат дека надлежни за изјави се управителите, но вечерва не се на работа. Тие објаснија дека вообичаено принцес-крофните што ги прават имаат рок од една недела оти се прават со млеко и јајца.
Оваа пекарница многу често дава принцес-крофни на подарок ако се купи кој било друг нивен производ.
„Специјал“ склучи договор со училиштето „Димитар Миладинов“ непосредно по скандалот со стаорецот што се шеташе по масите во една од пекарниците по што беше извршена контрола во сите нивни локали.
Заблешки за храната од оваа пекарница имаа и други школи од Скопје, а дел од нив успеаја и да ги раскинат договорите и да ангажираат други снабдувачи.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Афера „Банки“3 месеци
(Видео) Афера „Банки“ – Кичевец тврди дека го измамиле банка и локални моќници
- Истражувања2 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето