Македонија
Османи – Петжичек: Патот до ЕУ треба да биде преку прогрес, а билатералните спорови да не бидат пречка
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, имаше телефонски разговор со неговиот хомолог од Република Чешка, министерот Томаш Петжичек.
Главниот акцент во разговорите на Османи и Петжичек беа следните чекори на европскиот пат на нашата земја, вклучувајќи го усвојувањето на Преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ, на состанокот стана збор и за севкупните постигнувања на земјата во изминатиот период, како на домашен план, така и на планот на унапредување на регионалните, а пред сè на добрососедските односи.
„Поддршката на Чешка е гласна и принципиелна. Се согласивме дека патот до ЕУ треба да биде преку прогрес, а билатералните спорови не треба да бидат пречка, туку причина плус за европската интеграцијата“, истакна Османи.
Министрите Османи и Петжичек се осврнаа и на билатералната соработка, а беше нагласена и потребата за поголема динамика во меѓусебните економски и трговски односи.
Денешната средба меѓу Османи и Петжичек доаѓа два месеца по нивната средба во Прага, во рамките на дипломатската турнеја на министерот Османи низ земјите членки на Европската Унија и неговите напори преку континуиран политички дијалог и соработка да го афирмира прогресот на земјата и потребата од ефектуирање на мартовската одлука за старт на преговорите со ЕУ.
.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

