Македонија
Османи: Северна Македонија активен чинител во спроведување на политиките на НАТО
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, и денеска учествуваше на министерскиот состанок на Северно-атлантскиот совет на НАТО, што заради рестриктивните мерки наметнати од пандемијата се одржа преку видеоврска.
„Ние остануваме посветени на темите од клучно значење за алијансата и како најнова членка ќе продолжиме да промовираме атмосфера и политика на регионална стабилност како клучен двигател за безбедноста и просперитетот на сите земји од Западен Балкан“, истакна Османи, во своето прво обраќање пред колегите-министри на земјите членки.
Во своето излагање Османи истакна дека нашиот придонес ќе продолжи преку посветениот ангажман на Република Северна Македонија кон регионалната и глобалната безбедност, со директно учество во воените мисии предводени од алијансата.
„НАТО 2030 – процесот на рефлексија, го гледаме преку визијата за поголема предвидливост на алијансата по 2030, која ќе продолжи да ги спроведува своите клучни задачи и да ги одржува фундаменталните принципи и политики. Алијансата преку овој проект ја гледаме како инструмент кој ќе продолжи да се грижи за нашата безбедност и ќе ни овозможи натамошен просперитет и развој“, потенцираше Османи, истакнувајќи ја значајната улога на алијансата во актуелното безбедносно опкружување и справување со безбедносните предизвици на денешницата.
Агендата на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО опфаќаше повеќе прашања за дискусија од областите на стратешки приоритет на алијансата, вклучително и справувањето со безбедносните предизвици, регионалната стабилност, контролата на вооружувањето, учеството во мисии и операции, а беа разменети и првични согледувања околу презентираниот експертски документ „НАТО 2030“. Исто така, министрите за надворешни работи одобрија и нотираа неколку усогласени документи во врска со темите што беа предмет на дискусија во рамки на НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Здружението на судии загрижено за изјавите за Управниот суд: со нив се врши притисок врз судиите и судиското одлучуваљње
Здружението на судии во врска со реакцијата на Управниот суд на РСМ, ја искажува својата загриженост за изјавите на поединци со кои, како што се истакнува во соопштението, директно или индиректно се врши притисок врз судиите и судиското постапување и одлучување.
Како што велат, припадноста кон одредена политичка партија и можноста за идно владеење односно учество во извршната власт, не смее да се користи за коментирање, заканување или влијание врз судиското одлучување.
Оценуваат дека таквите изјави се штетни пред се за политичките субјекти кои ги пласираат во јавноста, а истовремено може да се разберат и како обид да се поткопа непристрасноста и интегритетот на судиите.
„Во однос на неоснованите обвинувања кои беа упатени на адреса на Претседателот на Управниот суд на РСМ, како Здружение на судии даваме целосна поддршка на колегите од именуваниот суд и напоменуваме дека секој избран судија е независен во своето одлучување и таа независност му е Уставно загарантирана. Па во тој правец и при најмал сомнеж за евентуален обид за притисок или влијание врз неговата работа, без разлика од кого доаѓа, е должен да ги извести надлежните судиски инстанци. Воедно, сите останати општествени чинители, а особено претставниците на политичките партии се должни да ја почитуваат загарантираната судиска независност што е во духот и на демократскиот развој и Европскиот просперитет на земјата“, потенцираат од ова здружение.
Македонија
Одбиена тужбата на „Европскиот фронт“ за избирачкото место во Долнени
Управниот суд ја одби како неоснована тужбата од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од Коалицијата „Твоја Македонија” за избирачкото место 1470 во Долнени на Парламентарните избори 2024.
„Европскиот фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024.
Досега Управниот суд ja одби како неоснована и тужбата за избирачкото место 1194, во Општина Крушево.
Македонија
Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот спор за името меѓу двата соседа, ќе ги загрози амбициите на балканската земја за членство во ЕУ, пишува грчки „Катимерини“
Говорејќи од градот Верија во северна Грција за време на неговата кампања пред изборите за Европскиот парламент во јуни, Мицотакис изјави дека трите меморандуми за разбирање поврзани со договорот од 2018 година нема да бидат ратификувани од Парламентот се додека новото раководство во Скопје продолжи со прекршување на договорот.
„Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен, а меморандумите нема да бидат ратификувани освен ако не се почитува она што го предвидува договорот“, рече тој.