Македонија
(Видео) Оставката на директорот на затворот во Шуто Оризари ќе се разгледува по изборите
Директорот на затворот „Скопје“, Ѓоко Котевски, иако поднесе оставка од функцијата, тој и понатаму ќе биде прв човек со сите права и обврски. За оставката, Владата ќе одлучи по претседателските избори.
Со оглед на тоа што оставката е поднесена во периодот кога се објавени претседателските избори, таа ќе се разгледува по завршувањето на изборите, штом заврши забраната за разрешување и именување во согласност со Изборниот законик.
„Оставката на Котевски ќе биде разгледувана и ќе биде одлучено дури по претседателските избори бидејќи такви се законите во нашата земја. Котевски ќе биде директор на установата“, велат од Владата.
Котевски поднесе оставка по инцидентите во затворот во Шуто Оризари кога беа нападнати поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.
Инцидентите се случија на 21 февруари за време на прошетката во затворот, која трае два часа во денот. Јанакиески и Ристовски во одделни инциденти првин почнале вербална расправија со осуденици за „Диво Насеље“, која потоа преминала во физичка пресметка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

