Македонија
Осум починати и 134 новозаразени со Ковид-19 во земјата

Во последните 24 часа се направени 1.173 тестирања, а регистрирани се 134 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 97, Куманово – 5, Прилеп – 1, Тетово – 11, Струга – 3, Велес – 1, Битола – 1, Кавадарци – 1, Крушево – 2, Валандово – 1, Кратово – 1, Кичево – 2, Ресен – 7, Неготино – 1.
Починати се 8 лица, пет од Скопје, еден пациент од Куманово и двајца пациенти од Тетово.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје, пациент (68 г.) хоспитализиран на 6 јуни, пациентка (65 г.) хоспитализирана на 13 јуни и пациентка (76 г.) хоспитализирана на 7 јуни.
Во ГОБ „8 Септември“ починаа две лица од Скопје, пациент (77 г.) примен на 6 јуни и пациентка (77 г.) хоспитализирана во болницата на 10 јуни. На Клиниката за урологија почина пациент од Куманово (68 г.).
Во КБ Тетово починати се две лица на 13 јуни, пациент (67 г.) и пациентка при прием (71 г.). Позитивни резултати на Ковид-19 на двајцата пациенти се потврдени постмортем.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 34 оздравени пациенти од: Скопје – 6, Куманово – 23, Прилеп – 2, Тетово – 1, Велес – 2.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.289, бројката на оздравени пациенти е 1.757, на починати е 201, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.331.
Од вчера регистрираните, два теста се контролни, а по завршени епидемиолошки анкети во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 1.995, активни 1.323
• Куманово 651, активни 207
• Дебар 61, активни 10
• Штип 244, активни 202
• Прилеп 230, активни 18
• Тетово 440, активни 261
• Струга 138, активни 60
• Велес 154, активни 29
• Битола 35, активни 8
• Охрид 73, активни 55
• Кавадарци 8, активни 3
• Гостивар 69, активни 44
• Гевгелија 8, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 9, активни 6
• Крива Паланка 10, активни 4
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 5, активни 2
• Кочани 55, активни 24
• Пробиштип 11, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 5, активни 4
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 2
• Свети Николе 10, активни 9
• Кичево 5, активни 3
• Ресен 32, активни 31
• Неготино 18, активни 9 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1173 тест се преку: ИЈЗ –456, ЦЈЗ Скопје-35, Авицена –97, Биотек –154, Систина со PCR-метода –135, МАНУ -168, Жан Митрев (Филип Втори) -128. Досега во земјата се направени вкупно 45.054 тестирање на Ковид -19.
Од направените тестирања во изминатото деноноќие 95 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, не се регистрирани позитивни резултати на Ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5, вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 25 нови, а вкупно хоспитализирани 120 пациенти. На респираторна машина се 12, a со потешка клиничка слика се 23 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 302
• Аеродром – 118
• Бутел – 110
• Гази Баба – 104
• Центар – 105
• Карпош – 94
• Сарај – 96
• Кисела Вода – 64
• Ѓорче Петров – 53
• Студеничани – 52
• Шуто Оризари – 40
• Арачиново – 33
• Илинден – 27
• Петровец – 9
• Чучер Сандево – 7
• Сопиште – 8
• Зелениково-1
• Странец – 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски-Спајиќ: во фокусот посветеноста на европската интеграција на Западен Балкан

Во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Двајцата се дел од овогодинешната група добитници на признанието „Млад глобален лидер“ (YGL) на Светскиот економски форум – мрежа која веќе две децении обединува исклучителни личности под 40 години кои предводат позитивни промени ширум светот.
Програмата за млади глобални лидери е симбол на колективна акција и визија, поттикнувајќи нови форми на лидерство во ера на глобални трансформации. Тоа што двајца политичари од Западен Балкан се дел од оваа заедница е потврда за промените што оваа генерација ги носи во регионот, информираат од МНР.
На средбата се разговараше за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, како и за потврдување на заедничката посветеност на европската интеграција на Западен Балкан – како дел од визијата за обединета, просперитетна и силна Европа.
Македонија
МВР: Од 1 јули летен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти МВР.
Забраната се однесува за следните термини:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скопје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:
Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Македонија
Пренасочување на возилата поради сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Од 19:10 часoт има пренасочување на сообраќајот на патниот правец Р1305 Демир Хисар – Кичево поради случена сообраќајна незгода, возилата ќе бидат пренасочени преку с.Единаковци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Според последното известување од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.