Македонија
Откако зборуваше на албански јазик за Камчев и за уставните измени, Лога на македонските медиуми им рече дека не сака да коментира надвор од темата
Министерот за правда, Кренар Лога, на албански јазик зборуваше за Орце Камчев и за уставните измени, па на медумите што поставуваа прашања на македонски јазик им кажа дека не сака да зборува надвор од темата на настанот.
Настанот се однесуваше на отворањето на канцеларијата за бесплатна правна помош во општина Боговиње.
Претходно, Лога, околу седум минути одговараше на разни прашања поставени од медиумите на албански јазик, а на македонски јазик одговор даде само на прашањето дали се размислува за нови законски измени затоа што Законот за матичната евиденција е оспорен пред Уставниот суд. Изрази очекувања дека Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата на Левицата и законот ќе биде во сила понатаму.
Веднаш потоа беше прашан за дигитализацијата на матичните книги, но одби да одговори коментирајќи дека не сакал да го злоупотребува настанот за други прашања.
По инсистирањето на новинарот да каже што може да се преземе со цел поголема заштита при пренесување на податоците во дигитална форма, министерот само ги упати да се обратат до директорот на Управата за матичните книги бидејки тој немал такви информации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир, Бутел и Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од дел од улицата Бајрам Шабани и дел од улицата Чаирска, општина Чаир;
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од објектите околу Фитофарм-Визбегово, општина Бутел;
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците позади бензинската ОКТА во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари.
Македонија
Делови од Карпош и Шуто Оризари денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Демирхисарска бр 13 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демирхисарска, од 17:30 часот до завршување на дефектот, општина Шуто Оризари.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Копенхагенска и Стокхломска, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото постудено и магливо, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.

