Контакт

Македонија

Пановски: За 58.000 дози намалена употребата на „сумамед“ и „панцеф“

Објавено пред

Вкупно 58.000 дози помалку „сумамед“ и „панцеф“ биле издадени на рецепт во декември во споредба со ноември минатата година. Податоците на „Фејсбук“ ги објави микробиологот и професор Никола Пановски, кој изминативе неколку месеци постојано апелира да не се даваат антибиотици непотребно.

„Бројот на реализирани рецепти преку ФЗОМ на ‘азитромицин’ (‘сумамед’) е намален за 48.000, а на ‘цефиксим’ (‘панцеф’) за 10.000 во декември во однос на ноември 2020. Број на реализирани рецепти на ‘азитромицин’: септември – 18.618, препишани на 11.963 осигуреници, октомври – 42414 за 25.570 осигуреници, ноември – 70.115 рецепти за 41.055 осигуреници и декември – 22.575 рецепти за 14.656 осигуреници. Ништо страшно не се случи со практикување медицина базирана на докази, напротив, пациентите се заштитени од непотребно давање антибиотици, од двојни токсични дози ‘азитромицин’. Според пресметките на ФЗОМ, само за декември заштедени се околу 200.000 евра од ‘азитромицин’ и ‘цефиксим’. Најмалку уште толку останале во џебот на граѓаните, кои инаку би ги купиле овие лекови“, стои во објавата на микробиологот Пановски.

Бројот на реализирани рецепти преку ФЗОМ на азитромицин (СУМАМЕД) е намален за 48.000, а на цефиксим (ПАНЦЕФ) за 10.000…

Posted by Nikola Panovski on Friday, February 5, 2021

Тој е благодарен за поддршката во неговите напори да престане непотребната и прекумерна употреба на антибиотици, особено на тимот од Фондот за здравствено осигурување, а благодарен им е и на оние што не го поддржале и не помогнале оти докажал дека и без нив се можни промени.

„Благодарност до м-р Кристина Христова и нејзиниот тим од ФЗОМ, до сите колеги и пријатели за поддршката, до ’Фејсбук’, печатените и електронските медиуми. Задоволен сум зашто ова е доказ дека некои крупни работи може да се постигнат и без помош на МЗ, ЛКМ, МЛД, многубројни специјалистички здруженија, на кои им благодарам што, иако не помогнаа, не одмогнаа“, вели Пановски.

Пановски укажуваше дека на пациентите заболени од Ковид-19 им се даваат премногу лекови и укажа дека комбинацијата од „сумамед“ и „панцеф“ со „моксирал“, како што на некои пациенти им било препишано, не би можел да ја издржи ниту здрав атлет.

На почетокот на ноември тој алармира дека за само 17 дена биле издадени рекордни 60.000 рецепти за „панцеф“ и „сумамед“. Тоа е предиот во кој дневно имаше приближно по 1.000 новозаболени, а во аптеките се издаваа дневно по 3.520 пакувања од овие два антибиотика.

 

Македонија

Ристоска: Не сме задоволни од сите изречени казни во предметот „Таргет-Тврдина “

Објавено пред

Обвинителката Ленче Ристоска рече дека не се задоволни од сите изречени казни во предметот “Таргет-Тврдина”.

Таа посочи дека максималниот притвор што засега може да му се одреди на Сашо Мијалков е 60 денови.

Во однос на изјавата на министерот за внатрешни работи дека обвинител во петокот известил министер во Влада дека Мијалков ќе бега, Ристоска рече дека тоа не била таа, ниту нејзиниот колега Трајче Пеливанов.

„Со предметниот обвинител не сме имале информации во петокот. Ако имавме уште во петокот ќе побаравме мерка притвор. Првите информации ги добивме во саботата вечерта и веднаш побаравме мерка притвор. Не знаеме каде бил Мијалков, се надеваме дека тоа ќе го утврди истрагата”, рече Ристоска.

Обвинителката Ристоска посочи дека се задоволни од пресудата, но не и од сите одмерени казни.

„Задоволни сме од предудата пред се затоа што се потврдија сите наводи од Обвинителството. Од дел од казните сме задоволни, за дел не. Прво сакаме да го видиме решението, па ќе одлучиме за жалбите”, додаде Ристоска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Голема акција за чисетње на кејот на Вардар во Ѓорче Петров

Објавено пред

Градот Скопје во соработка со Општината Ѓорче Петров почна голема акција за темелно чистење на кејот на Вардар, на потегот од мостот во Хром до мостот во Сарај во должина од околу 4 километри. На терен работат екипите на ЈП „Комунална хигиена“ и комунални работници од општината.

„Изминатава година интензивно работиме на кејот, она што повеќе децении било запоставувано од претходните градски администрации сега темелно го работиме. Одиме чекор по чекор, со цел кејот да го добие сјајот што го заслужува. Заедно со Општината Ѓорче Петров на овој потег работиме на должина од 4 километри, на целосно и темелно чистење и облагородување на просторот со цел овој јавен простор на граѓаните од Ѓорче Петров и од Сарај да им послужи за рекреација и за разонода. Да не заборавиме дека сè уште сме среде пандемија и секој добро осмислен и обновен јавен простор е добредојден за граѓаните. Ние веќе темелно работиме на чистење на кејот, па ги повикувам и другите градоначалници на општините низ кои поминува реката Вардар да се вклучат со свои ресурси со цел што е можно побрзо да го вратиме сјајот на нашиот кеј“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

На почетокот на акцијата за чистење на кејот на Вардар присуствуваше и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Веднаш по судењето Мијалков оди во затворот во Шутка

Објавено пред

Судот донесе одлука првообвинетиот Сашо Мијалков да издржува ефективен, односно затворски притвор. Тој по судењето ќе биде спроведен во истражниот затвор во Шутка.

Одлуката е донесена поради сомневањата на Обвинителството дека тој може да се даде во бегство, доколку биде во куќен притвор, што е поблага мерка.

„Се уважува предлогот на Јавното обвинителство. Се укинува решението за куќен притвор. Спрема Сашо Мијалков се определува мерка притвор до правосилноста на пресудата, но најдолго 60 дена. Против Мијалков има и обвинителен предлог, па предвидено е по објавување на пресудата да биде изречена ваква мерка”, рече судечкиот совет.

Обвинителката Ленче Ристоска кажа дека тој може да избега и да има легален престој во Прага, каде што има и имот. Според неа, куќниот притвор не е доволна мерка за обезбедување присуство.

„Во конкретниот случај сметаме дека мерката куќен притвор за Мијалков не е доволна за обезбедување  негово присуство, затоа бараме ефективен притвор. Во текот на вчерашниот ден обезбедени се известувања од МВР, согласно кои МВР нема технички можности/опрема за 24 часовен видео и електронски надзор на почитување на мерката притвор, што е еден од сегментите за куќен притвор. Од Обвинителството, потврдени се податоците дека Мијалков има регистрирана адреса и договор за престој во Прага и две возила на негово име, а особено, предлагам да се цени фактот дека тој е човек кој поседува приватни бизниси исто како и неговите членови на семејството. Тоа значи дека тој може да живее во бегство сосема комотно“, рече Ристоска.

Осудениот Мијалков два дена беше недостапен за полицијата, која во неделата го бараше да му врачи решение за куќен притвор поради опасност од бегство издадено од кривичниот суд.

Мерката беше побарана од Обвинителството, откако обвинителката Вилма Русковска доби информации дека тој ќе се даде во бегство.

По него беше распишана меѓународна потерница. Во вторникот Мијалков сам се појави пред Обвинителството, објаснувајќи дека имал висока температура па се изолирал поради сомневање дека е заразен од коронавирус.

Никој не објасни, каде што се изолирал Мијалков. Обвинителката Русковска кажа дека не му верува на објаснувањето кое го даде и неговиот адвокат Петар Василев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Веднаш по судењето Мијалков оди во затворот во Шутка

Судот донесе одлука првообвинетиот Сашо Мијалков да издржува ефективен, односно затворски притвор. Тој по судењето ќе биде спроведен во истражниот...

Македонија57 минути

Лекарска комора: Згрозени сме од постапката на возачот кој удри во доктор и побегна

Лекарската комора најстро го осудува вчерашниот инцидент во кој со тешки повреди се здобил д-р Ѓорѓи Јота, хирург и професор...

Македонија1 час

12 години затвор за Мијалков за масовно и нелегално прислушкување

Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков е осуден на 12 години затвор за масовното нелегално прислушкување од 2008 до 2015 година...

Европа3 часа

Макрон: Со задоволство би ја примил вакцината на „Астразенека“ кога ќе дојдам на ред

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека со задоволство би прифатил да се вакцинира против Kовид-19 со вакцината нa „Оксфорд“ /„Астразенека“...

Свет3 часа

Кина одобри уште две вакцини против коронавирус

Кина одобри употреба на уште две вакцини против коронавирус. За вакцината„Кансино е потребна само една доза и, како што е...

Свет4 часа

Бразил не знае што да прави со мутациите, калифорнискиот вид е најопасен

Бразил се соочува со нова фаза на пандемијата со мутирани варијанти на Ковид-19, три пати позаразни, рече министерот за здравство....

Свет4 часа

Воздушни напади во Сирија по наредба на Бајден

Американската армија изврши воздушни напади во источна Сирија по наредба на претседателот eо Бајден врз објекти за кои Пентагон вели...

Македонија5 часа

Затворени повеќе улици во Скопје поради протест за „Монструм“

Во Скопје ќе важи посебен режим на сообраќај поради протест за пресудите во случајот „Монструм“. Роднини на осудените, во вторникот,...

Свет16 часа

Меркел најави дигитални сертификати за вакцинација во ЕУ

Германската канцеларка, Ангела Меркел, вели дека дигиталните сертификати за вакцинација, кои ќе им овозможат на луѓето да патуваат во Европа...

Македонија18 часа

Потврдени 582 нови случаја на коронавирус во Македонија, починаа 13 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, а регистрирани се 582 нови случаи на...

Македонија19 часа

(Видео) Заев за случајот со Мијалков: Испратена е порака дека системот функционира

Испратена е пораката дека системот функционира. Треба да знаат граѓаните дека сме на добар пат во јакнењето на правниот систем,...

Македонија21 час

Тројца кумановци формирале терористичка група по примерот на Исламската држава

Тројца кумановци се обвинети за тероризам и формирање ќелија по примерот на познатата терористичка организација Исламска држава. Во терористичката група...

Македонија1 ден

Денеска и утре состаноци на мешовитата комисија со Бугарија, ќе се разговара за Гоце Делчев

Учебниците за седмо одделение и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се очекува да бидат ставени „на маса“...

Македонија1 ден

Почната постапката за набавка на 100.000 дози од руската вакцина

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека вчера Владата го овластила да потпише договор за набавка на руската вакцина. „Станува...

Македонија1 ден

Со британскиот вид се заразени 70 проценти од тестираните во „Жан Митрев“

Британскиот вид на коронавирусот е присутен во 70 отсто од случаите, покажале испитувањата на Клиничката болница „Жан Митрев’, кои денеска...

Македонија1 ден

Захариева: Нема да подлегнеме на притисок за Северна Македонија, ЕУ не е Југославија

Бугарија нема да подлегне на притисок за интеграциите на Северна Македонија, изјави за БТВ вицепремиерката и министерка за надворешни работи,...

Европа1 ден

ЕУ е поделена околу сертификатот за вакцинација

Европските лидери денес ќе одржат состанок со цел да се договорат за сертификатите за граѓаните на Европската Унија кои биле...

Регион1 ден

Бугарија ја критикувa „Астразенека“ за доцнењето со вакцините: „Ни ја зедовте надежта“

Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, ја критикуваше „Астразенека“ за неуспехот да ја испочитува договорената испорака на вакцини. Бугарија исто...

Европа2 дена

Истражување: Британскиот сој на вирусот 64 отсто ги зголемува шансите заразените да завршат во болница

Луѓето инфицирани со позаразната варијанта на коронавирусот, која првпат беше откриена во Велика Британија, имаат поголем ризик од хоспитализација, покажа...

Македонија2 дена

13 починати и 725 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на...

Досие