Контакт

Македонија

Патничка јавно и’ се заблагодари на Македонка која и’ го спасила животот на пат кон Грција: „Застана со автомобилот и ми пружи прва помош“

Објавено пред

„Сакам јавно да се заблагодарам на една исклучителна личност која ми го спаси животот во моментот кога ми требаше итна помош“ – ја започна својата објава Александра од Србија,  на популарната Фејсбук група „Грчка инфо“.

dobivaj vesti na viber

Имено, како што истакнала, додека патувала за Грција на одмор, наеднаш и се слошило и се онесвестила покрај патот.

„За жал, многу минувачи не застанаа да помогнат, но една храбра и милосрдна жена, Ана Петровски од Скопје, не се двоумеше“.

Ана била единствената која го запрела својот автомобил и дошла да помогне.

„Таа ми пружи прва помош и ме врати во живот, додека моите деца плачеа, а мојот сопруг очајнички се обидуваше да запре други возила“, раскажува.

Како што понатаму истакнува, нејзината несебична и професионална реакција била пресудна во тој тежок миг.

„Ана, ти благодарам од се срце што покажа дека се уште има добри луѓе на светот. Вашата скромност и несебичност се навистина трогателни. На крајот само не поздрави и ни посака Божја заштита, а потоа дискретно си замина. Вашите дела се бесценети и вечно ќе ви бидеме благодарни. Ви благодариме што сте наш ангел чувар“, напиша жената.

Александра, од благодарност и почит кон Ана, која од скромност одбила да размени контакти за да не се чувствуваат должни, решила да отвори „Фејсбук“ профил и да ја сподели приказната, со цел јавно да и’ се заблагодари преку социјалните мрежи.

Македонија

Трендафилов: Тешко е да преживеете со 370 евра кога минималната кошничка е над 1.000 евра, раст на минималната плата да има и годинава

Објавено пред

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) очекува да го разгледа предлог-буџетот на следната година во делот за раст на платите, но очекува раст на платите да има и во следните два месеца на вработените во секторите чии плати годинава не беа покачени. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилот вели дека го охрабрила сменетата реторика на Владата.

dobivaj vesti na viber

„Тоа што мене лично ме охрабрува, а и ССМ како организација на работниците, е тоа што од реториката нема, нема, нема, нема, полека почнуваат да се изнаоѓаат средства за раст на платите на вработените во тие сектори кои не добија оваа година. На последната седница на Економско-социјалниот совет добивме ветување од претседателот на Владата и од министерот за економија и труд дека по поминувањето на првичниот филтер во Владата и сработеното во собраниската комисија, кога ќе го вратат буџетот со забелешки и предлози по амандманите од страна на пратениците, ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет на која ќе ги гледаме ставките во буџетот кои се однесуваат на растот на платите кои се потребни да се случат и оваа меѓутоа и наредната година“, вели Трендафилов.

Покрај проекциите во буџетот за следната година,во следните два месеци Трендафилов смета дека треба да се покачи и минималната плата, а покачување да има и следната година.

„Се разбира дека и растот на минималната плата кој треба да се случи побрзо треба да биде предвиден и во новиот буџет меѓутоа ќе треба  да се предвидат средства веројатно и оваа година доколку се случи тоа што е можно поскоро имајќи предвид дека животот на работниците и животот на граѓаните станува се поскап. Тешко е да преживеете со 370 евра денеска кога минималната синдикална кошничка веќе изнесува повеќе од 1000 евра“, рече претседателот на ССМ, Трендафилов.

ССМ уште во мај побара еден од приоритетите на новата Влада да биде покачување на минималната плата на 450 евра. Минималната плата за оваа година според последните пресметки на Државниот завод за статистика изнесува 22.567 денари или 366 евра.

Прикажи повеќе...

Македонија

Град Скопје: Лицето Орце Ѓорѓиевски треба посериозно да се посвети на својата работа, а помалку да се грижи за работата на другите градоначалници

Објавено пред

По изјавите на лицето Орце Ѓорѓиевски, во кои вчера коментира за некакви автобуси од Белград, не ни е јасно дали некој го мести да дејствува недоветно или самиот си верува во лагите што ги кажува и со кои редовно се бламира пред јавноста, реагираат од Град Скопје во своето соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Имено, од информации пласирани во јавноста, автобусите „соларис“, за кои раководството на Град Белград најавило дека ќе ги донира во Македонија, се наменети за сите градови во земјата. Ако ја следиме логиката на Орце Ѓорѓиевски, тогаш сите градоначалници во земјата, според него, се неспособни да си ја вршат работата, а особено градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, каде што се обавува јавен превоз.

Глупоста во изјавата на Ѓорѓиевски дотолку повеќе излегува на виделина ако предвид земеме дека Владата до овој момент не е способна со сопствени средства да набави автобуси за општините и за Скопје иако ние понудивме средствата за набавката да ги префрлиме на сметката на Владата, а тие да ја спроведат набавката.

Дополнително, со оваа изјава на Ѓорѓиевски се потврдува информацијата пласирана во јавноста во изминатите денови од лице блиско до руските структури во земјата и истовремено блиско до ВМРО-ДПМНЕ, на кое пред две години му беше оневозможено да врши дејност во Скопје поради сомнеж за финансиски малверзации, кое изјави дека планира со 100 автобуси да почне повторно со вршење на оваа дејност“, дополнуваат од оваа институција.

Прашуваат дали со оваа донација од Белград се подготвува ова лице, „блиско до ВМРО-ДПМНЕ и руските безбедносни служби“, повторно да влезе во дејноста со јавен превоз и со помош на ВМРО-ДПМНЕ да го приватизира ЈСП. Дали оваа најавена бизнис-зделка е причината зошто Советот на Град Скопје, раководен од ВМРО-ДПМНЕ, системски го уништува ЈСП „Скопје“, не дозволува набавка на нови автобуси и зошто не се исплаќа владиниот долг од 8 милиони евра кон ЈСП за превозот на студентите?

Лицето Орце Ѓорѓиевски, според Град Скопје, треба посериозно да се посвети на својата работа, а помалку да се грижи за работата на другите градоначалници. Ова лице како претседател на ЗЕЛС, како што истакнуваат, целосно ја киднапира и политизира институцијата поради што, првпат по 50 години постоење, градоначалници ја напуштаат оваа сега партизирана организација.

Како што нагласуваат од Град Скопје, Ѓорѓиевски треба да одговори, не со празни флоскули, туку со докази и бројки, колку од проектите од неговата предизборна програма реализирал и дали е вистина дека реализацијата е под 15 % од ветените проекти.

Прикажи повеќе...

Македонија

Министерот Муртезани ја презентираше реформската агенда пред новинарите

Објавено пред

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, утрово одржа тематски работен појадок со новинари, на кој ја презентираше Реформската агенда на Северна Македонија, која вчера беше и официјално одобрена од страна на Европската комисија.

dobivaj vesti na viber

Овој настан беше можност за информирање на медиумите за клучните аспекти на Агендата, која се фокусира на спроведувањето на суштински социо-економски и фундаментални реформи во периодот 2024-2027 година, во согласност со Планот за раст на Европската комисија за Западен Балкан.

Муртезани ги претстави главните елементи на Реформската агенда, вклучувајќи ја правната основа, структурата на реформите и индикаторите за нивно следење. Посебен акцент беше ставен на чекорите и условите за плаќање според Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, кој предвидува исплати врз основа на задоволително исполнување на реформските чекори. Преку оваа Агенда, земјата ќе добие пристап до финансиската помош на Европската Унија, со што се овозможува значително економско интегрирање и усогласување со европските стандарди.

Муртезани истакна дека соработката со Европската комисија продолжува преку постојано следење на напредокот и исполнувањето на договорените реформи, со посебен фокус на владеењето на правото, борбата против корупцијата, развојот на пазарната економија и зајакнувањето на институциите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Трендафилов: Тешко е да преживеете со 370 евра кога минималната кошничка е над 1.000 евра, раст на минималната плата да има и годинава

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) очекува да го разгледа предлог-буџетот на следната година во делот за раст на платите,...

Македонија36 минути

„Ако нешто не е во ред и гледаш дека е така, а молчиш, со молкот стануваш соучесник“, напиша Шилегов

Поранешниот скопски градоначалник, Петре Шилегов повторно се огласи преку социјалната мрежа Фејсбук. „1.000 зошто, едно затоа: За да нема нејаснотии,...

Македонија37 минути

Трговците се алчни, во септември ги покачија цените за во октомври да ги намалат и да останат со истиот профит по замрзнувањето на маржите, вели Трендафилов

Вклучување на Сојузот на синдикати при креирање на мерките кои Владата ги носи за да им олесни на граѓаните и...

Македонија2 часа

Шилегов: СДСМ е заробена партија со двајца октроирани „лидери“, тоа се тезгароши

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, на социјалните мрежи упати остри критики за поранешниот и актуелниот лидер на СДСМ,...

Регион4 часа

В недела граѓаните на Бугарија одат на седмите предвремени избори во последните 4 години

Бугарските граѓани во недела одат на седмите предвремени избори во последните четири години, додека поделените политички партии во земјата се...

Македонија4 часа

Потпретседателката Камала Харис испрати писмо до македонската заедница во САД

Пред неколку недели, Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) испрати прашалник до кампањите на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп и до...

Европа5 часа

Мишел: Ние треба да одлучиме кој ќе влезе во ЕУ, а не шверцерите на мигранти

Изразеното единство во реакциите на пандемијата на Ковид и рускиот напад врз Украина се најголемите достигнувања на ЕУ во последните...

Свет5 часа

Шефот на ОН се ракува со Путин, па повика на мир во Газа, Либан, Украина и во Судан

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш им порача на лидерите на БРИКС, вклучувајќи го и рускиот претседател Владимир Путин, дека...

Свет6 часа

(Видео) Израелската војска уби командант на Хамас, кој учествувал во нападот на 7 октомври 2023 година, а работел и за Агенцијата за помош на ОН

Војската на Израел синоќа соопшти дека убила командант на Хамас, кој учествувал во напад на јужен Израел на 7 октомври...

Регион6 часа

(Видео) 15-годишен тинејџер со нож уби полицаец во БиХ, испратил чудни пораки пред нападот

15-годишен тинејџер синоќа ја нападнал полициската станица во Босанска Крупа, каде убил еден полицаец, а друг тешко ранил. Нивниот идентитет...

Македонија22 часа

(Видео) Кое племе е ова, од каде дојдоа: Јакимовски најави дека ќе јa напушти ЗЕЛС ако продолжи теророт од власта

Градоначалникот на општина Карпош на денешната прес-конференција најави дека Oпштина Карпош може да ја напушти ЗЕЛС поради големи притисоци од...

Македонија23 часа

Фон дер Лајен го потсети Мицкоски: Треба да поминат уставните промени, кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи, а проширувањето ќе остане приоритет за ЕК во следните пет години

Добро е да се слушне дека сте толку посветени на вашиот пристапен пат кон ЕУ. Северна Македонија постигна многу и...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски: Целта е регионот и ние бидеме дел од европското семејство и ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен истакна дека е потребна...

Македонија1 ден

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро го осудува вандалскиот чин на дрско опожарување на возилото на колегата Благој Серсемов,...

Македонија1 ден

(Видео) Дали Министерството за правда дало позитивно мислење за помилување на криминалците и наркобосовите, прашува Кузеска

„Наместо веднаш да ја повлече скандалозната одлука за помилување на осудени криминалци и нарко босови, Силјановска Давкова без трепнување се...

Македонија1 ден

Таравари ја прими вакцината против грип и повика граѓаните да се заштитат: Спречува компликации, особено кај повозрасните што имаат и други болести

Министерот за здравство, Арбен Таравари, и директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, утрово се вакциинираа против грип и...

Македонија1 ден

Маж падна во бездна со мотор кај Црно Езеро на Шар Планина, полицијата успеа да го извлече

Вчера, во 17.31 часот, примена е пријава за повредено лице по пад во бездна со мотор. Локација била на тешко...

Македонија1 ден

Од денес стапуваат во сила новите цени на услугите во Агенцијата за катастар на недвижностите, намалени и до 75 отсто

Од денес стапуваат на сила новите намалени цени за голем дел од услугите на Агенцијата за катастар на недвижности. Минатата...

Европа1 ден

Познат идентитетот на загинатите во терористичкиот напад во Анкара

Откриен е идентитетот на загинатите во вчерашниот терористички напад во Анкара, јавува Анадолија. Во терористичкиот напад загинаа Џенгиз Чоскун, кој...

Регион1 ден

Вулин: Вучиќ и Путин се пријатели

Потпретседателот на српската влада Александар Вулин престојува во Казан, каде се одржува самитот на БРИКС во организација на Владимир Путин....