Македонија
Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме
Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на Инспекторатот, Стојко Пауновски, вели дека дотогаш ќе се снаоѓаат како умеат.
„Го молиме Бога инспекторите да бидат живи и здрави и да ги завршат работните задачи. Сè што ни е дадено како задача максимално се трудиме да го исполниме. Нема место каде што требало да се направи контрола, а не сме ја направиле. Дваесет нови вработувања ќе имаме в година и претежно ќе бидат инспектори“, рече директорот Пауновски.
Тој пред две недели се пожали дека Владата им го одбила планот за нови вработувања и им порачала да преземат вработени во администрација од другите институции, но неговиот став е дека за пазарен инспектор потребно е искуство и обука и преземањето не е решение за недостигот од инспектори.
Директорот Пауновски вели дека бројот на кривични пријави за непочитување на мерките за заштита од коронавирусот почнал да опаѓа, а на терен забележале дека и граѓаните и економските оператори повеќе ги почитуваат мерките во споредба со периодот досега.
Државниот пазарен инспекторат во периодот од 19 до 25 октомври направил 2.523 контроли и 613 вонредни надзори за непочитување на мерките и прекршување на законите. Поднесени се 19 прекршочни и 8 кривични пријави.
„Од кривичните пријави, три се за организираните свадби и веселби во Тетово, Боговиње и во Гостивар. Другите пет кривични пријави, од кои четири се за угостителски објекти во Гостивар, еден во Скопје, се поради непочитување на протоколите за работа на угостителските објекти, особено во делот на бројот на поставени маси, растојанието меѓу масите и носење маски од вработените“, соопшти Магдалена Филиповска-Грашкоска, претседателка на Инспекцискиот совет.
Дополнително, инспекторите во истиот период донеле 66 решенија и 29 прекршочни платни налози за прекршување на законите за забрането пушење, угостителска дејност и заштита на потрошувачите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
Македонија
Министерството за здравство ги кани на соработка нашите лекари кои работат во странство
Министерството за здравство информира дека на веб-страницата на МЗ од денес е активиран електронски модул на кој лекарите кои моментално работат или специјализираат во странство може да изразат интерес за соработка со нашиот здравствен систем.
-Во рамки на нашите заложби за дигитализација во здравството, овој електронски модул претставува директен канал за стручна соработка со дијаспората, со цел полесно мапирање профили и експертизи кои може да придонесат во нашиот здравствен систем. Меѓусебната соработка со овие лекари е предвидено да опфати обуки, едукации, менторство, консултации или проектна поддршка, како и други стручни ангажмани. Во оваа прилика ги повикувам да се пријават нашите лекари кои работат во странски медицински центри, лекари кои се на специјализација или супспецијализација во странство, или лекари кои се ангажирани во странски академски и научно-истражувачки установи, потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.
Пријавувањето се врши исклучиво преку електронскиот модул на веб-страницата на Министерството за здравство, по што Министерството ќе ги контактира лекарите за конкретна соработка што одговара на нивниот профил.
Во електронскиот модул насловен „Лекари од дијаспората“ предвидено е лекарите да пополнат повеќе лични и професионални податоци, детали за клучните области на експертиза, лиценци, сертификати, листа на публикации, како и сегменти на соработка за кои изразуваат интерес.

