Контакт

Избори 2019

Пендаровски: Во мојот кабинет ќе нема место за оние кои се огрешиле од законот

Објавено пред

Сите оние кои се огрешиле од законот нема да можат да работат во кабинетот на Претседателот ниту во Агенцијата за разузнавање, ниту пак во Армијата на Северна Македонија, изјави Стево Пендаровски, новоизбраниот претседател, во врска со информациите дека се отворени постапки од обвинителството за четири лица од кабинетот за учество во неколку немили настани и за лица вработени во Армијата.

„Четворица вработени се во фаза на предистражна постапка, но тоа веќе не е моја работа. Јас како претседател не можам да коментирам ниту судски одлуки, а особено не истраги во рана фаза. Можам да кажам само дека сите кои се огрешиле пред законите нема да можат да работат во институциите под моја надлежност“, рече тој, додавајќи дека во разузнавачките служби во земјава потребно е да се направат значајни реформи, иако досега е постигнат извесен напредок.

Пендаровски рече дека во неговиот кабинет ќе нема место за политички реваншизам.

„Една од моите први задачи ќе биде на сите вработени таму да им кажам да не се плашат бидејќи политички реваншизам нема да има. Се разбира, оние кои работеле во согласност со законите. Тие нема да почувствуваат дека има нов човек во кабинетот“, рече тој.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија3 минути

ТАВ Македонија: Рекорден 32,4% пораст на бројот на патници во првите 4 месеци – опслужени 1,2 милиони лица

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата...

Македонија9 минути

(Видео) Конески: СДС ги избрка младите, ВМРО-ДПМНЕ враќа надеж и перспективи

Членот на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески на прес-конференција изјави дека последните настапи на СДСМ, според него,...

Економија15 минути

Намалување на цените на горивата во Македонија, дизелот поевтинува најмногу

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,78% во...

Регион17 минути

Земјотрес во Црна Гора: „Тресеше силно“

Земјотрес со магнитуда од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во понеделник, 11 мај 2026 година, во 11:59 часот,...

Спорт28 минути

Леон Горецка има нов клуб

Леон Горецка го напушта Баерн по осум години. 31-годишниот играч од средниот ред ја продолжува кариерата во Милан. Договорот на...

Свет34 минути

Нови санкции ја разгоруваат тензијата: Кина ги обвинува САД за еднострани и незаконски мерки

Кина остро реагираше на новите американски санкции против кинески компании, нарекувајќи ги „незаконски и еднострани“. Санкциите беа воведени од американскиот...

Свет46 минути

Финскиот претседател: САД нема да ја напуштат Европа, базите им се стратешки важни

Претседателот на Финска, Александар Стуб, процени дека Соединетите Американски Држави нема целосно да ги повлечат своите војници од Европа, бидејќи...

Забава52 минути

„Светот ме натера да почекам“: Сандра Булок зборува за мајчинството и посвојувањето

Актерката, Сандра Булок, го одбележа Мајчиниот ден со ретка објава на Инстаграм, споделувајќи семејни фотографии со своите посвоени деца, синот...

Македонија1 час

ЛДП: Итно формирање на комисија за штети за замрзнатите овошки во Преспанскиот регион

Либерално-демократската партија (ЛДП) бара итно формирање на Комисија во рамки на Општина Ресен за проценка на штетите од измрзнувањето на...