Македонија
Пендаровски го потпиша кодексот за фер и демократски избори: Уверен сум дека целиот процес ќе биде демократски, ќе водам културна и коректна кампања
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/3.jpeg)
Кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски, во просториите на Државната изборна комисија го потпиша кодексот за фер и демократски избори за претседателските избори 2024 година.
„Уверен сум дека имаме доволно политичка култура, пред сè, ние како кандидати да го одржиме нивото на дебатата и се разбира и мислам дека во целина ќе докажеме како држава уште еднаш дека сме подготвени овој процес да го извлечеме на највисоко можно ниво, односно на просечно европско или светско ниво, бидејќи ова е иницијален чин во државата. Ако не сме подготвени како држава тоа да го направиме на највисоко можно ниво со почитување на сите меѓународни стандарди за изборниот процес, за понатамошните фази во практикување на политиката, не треба ни да разговараме“, порача Пендаровски во кусото обраќање при потпишувањето на кодексот.
Пендаровски изрази уверување дека целиот процес ќе биде демократски, а дека тој лично како и претходно, во кампањата ќе се води исклучиво од начелата на кодексот.
„Уверен сум дека процесот ќе биде демократски. Како што покажав и минатиот пат, од почеток до крај ќе бидам во рамките на она што се нарекува коректна, културна, децентна политичка дебата“, додаде Пендаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.