Македонија
Пендаровски – Османи: Заедничката иднина во евро-атлантските структури е влог во натамошна стабилизација на регионот на Западен Балкан
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/Foto-1.jpg)
Претседателот Стево Пендаровски, денеска, во Приштина, во рамките на работната посета на Република Косово оствари средба со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу.
На средбата беше изразено задоволство од нивото на билатералните односи меѓу двете држави, кои се пријателски, динамични и засновани на меѓусебно почитување и разбирање.
Во фокусот на разговорите беа актуелни теми од билатералните односи, европската перспектива на двете држави, случувањата во однос на дијалогот Белград – Приштина, како и предизвиците на регионален и мултилатерален план и безбедносната состојба во регионот и пошироко.
Пендаровски го реафирмира ставот за поддршка на евро-атлантските аспирации на Косово, како и активното пристапување на Косово кон постојните регионални иницијативи и форуми, при што нагласи дека нашата држава е подготвена да ги сподели своите искуства во однос на реформските процеси како на патот кон Европската Унија така и во однос на членството во НАТО.
Во тој контекст соговорниците констатираа дека двете држави имаат значајно место со својата активна улога во заедничките напори за постигнување трајна стабилност, добрососедство и економски просперитет на овој дел од Европа и дека заедничката иднина во евро-атлантските структури е влог во натамошна стабилизација и просперитет на регионот на Западен Балкан.
Двајцата претседатели се заложија за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, особено во економијата, и ги нагласија заложбите за активен придонес кон инфраструктурно развиен и економски просперитетен регион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.