Македонија
Пет нови случаи на Ковид-19, почина пациент од Виница
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.531 тестирање, а регистрирани се 5 нови случаи на Ковид-19, од кои два во Скопје и по еден во Велес, Кавадарци и Берово.
Регистрирани се 86 оздравени пациенти од Скопје – 31, Куманово и Прилеп по 12, Тетово – 7, Гостивар и Охрид по 6, Битола – 3, Крива Паланка, Демир Хисар и Кратово по 2 и по еден во Велес, Кичево и Виница.
Пријавено е едно починато лице од Виница (76 години) во болнички услови.
Направените 2.531 тест се преку: ИЈЗ-303, ЦЈЗ Скопје-36, ЦЈЗ Битола-35, ЦЈЗ Прилеп-15, ЦЈЗ Тетово–13, ЦЈЗ Куманово–21, Судска медицина-2, ГОБ 8-ми Септември-1, МАНУ-52, Жан Митрев (Филип Втори)-57, Авицена-149, Биотек-143, Систина-75, лабораторија Лаор-154, Синлаб-25, Ремедика-13, Плодност–53, Генеа–6, Никоб лаб-417, ВФВ Медикал-11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 950.
Досега во земјата се направени вкупно 881.870 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.689, бројката на оздравени пациенти е 150.063, на починати е 5.485, а бројот на активни случаи изнесува 141.
Според епидемиолошките анализи, дистрибуцијата по градови во моментов е следна:
Скопје 68669, Активни 60
Куманово 8882, Активни 10
Прилеп 8327, Активни 6
Тетово 7249, Активни 14
Битола 6306, Активни 5
Велес 5474, Активни 4
Гостивар 5181, Активен 1
Кавадарци 5155, Активни 2
Охрид 5019, Активни 11
Штип 4960, Активен 1
Струмица 4120, Активни 6
Струга 2981, Активни 0
Кочани 2792, Активни 0
Кичево 2596, Активни 13
Гевгелија 2195, Активни 0
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1524, Активен 1
Ресен 1234, Активни 0
Крива Паланка 1227, Активни 2
Радовиш 1161, Активни 0
Берово 1031, Активни 2
Делчево 973, Активни 0
Дебар 942, Активен 1
Виница 886, Активни 0
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 667, Активни 0
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активен 1
Македонски Брод 359, Активен 1
Пехчево 268, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Седумгодишно дете и уште три лице се изгубија на патот од Кожле кон Велес
Четири лица планинарејќи го згрешиле патот и залутале на стрмно опасно место за понатамошно нивно движење. Меѓу лицата има едно малолетно седумгодишно дете. Тие залутале на патот од село Кожле кон Велес, месност Манастирски Мост.
Од ЦУК информираат дека тимови се на лице место за да ги извлечат изгубените лица од опасниот стрмен предел меѓу Кожле и Велес.
Македонија
Без име на државава Сиљановска Давкова положи венец на спомен плочата на Св. Кирил и Методиј
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска – Давкова вчера на своето прво меѓународно учество на одбележувањето на ликот и делото на словенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, постави венец, но бидејќи не го признава уставното име Северна Македонија, на венецот нема име на држава, туку пишува „Претеседател Гордана Сиљановска – Давкова“.
Откако стапи на должноста, Давкова избегнува да го каже името на државата, а освен уставното име таа не го изговара ниту името Република Македонија.
Претседателката Сиљановска Давкова ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде положи венец на спомен – плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј, соопштија од кабинетот на претседателката.
Македонија
Смрдеа затвори дел од салите за операции во комплексот клиники „Мајка Тереза“
Претставник на Министерството за здравство бил сослушан во скопското Обивнителство, а по него според неофицијални информации следуваат директорите на хирушките клиники. По собраните искази и докази обвинител ќе процени дали постои основа да поведе постапка и против кого во врска со информациите дека само во три сали во комплексот клиники „Мајка Тереза„ во моментов се извршуваат исклучително итни операции. Останатите сали веќе 7-ми ден се затворени, поради ширеење на непријатна миризба.
Вработените и натаму не знаат кога салите ќе се вратат во функција, а од Министреството за здравство одговор нема.
Пацинетите кои не се третираат како итни слуачи се препраќаат во другите здравствени установи.
Од ВМРО ДПМНЕ денеска на прес конференција обвинија дека не работат ниту лифтовите на клиниката за трауматологија, па велат, пациенти со скршеници, но и оние што одат на контрола или во посета, или треба да одат по скали или да се туркаат со оние лифтови кон операционите сали. И за овие обивнувања се обративме до министерството за здравство но одговор нема.
„Цела недела 4 лифта не работат, ниту двата мали кај влезот, ниту двата кај трауматологија, па пациенти со скршеници, но и оние што одат на контрола или во посета, или треба да одат по скали или да се туркаат со оние лифтови кон операционите сали. Цела недела, од минатата сабота трае проблемот со системот односно цевководот за кислород до операциски сали, цела недела нема испитување што е, што мириса, дали е загадено, дали навистина има јаглерод диоксид“, изјави Наум Стоилковски ВМРО ДПМНЕ.