Македонија
Повеќе од 100 претставки за неисплатен К15
Државниот инспекторат за труд треба да изготви детаљна информација за исплатата на регресот за годишен одмор и мерките што се преземени против компаниите што не исплатиле К15. Вакво задолжение добил Инспекторатот на вчерашната владина седница.
„Станува збор за информација која се бара од причина бидејќи се евидентирани појави на неисплата на регрес за годишен одмор од страна на одредени компании. До главната дирекција на Државниот инспекторат за труд, како и до подрачните единици на Инспекторатот, досега се пристигнати повеќе од 100 претставки од страна на вработени во приватниот сектор, а кои се однесуваат вo најголем дел за неисплата на годишниот регрес“, рече Мухамед Хоџа, портпарол на Владата.
Од Владата уште еднаш ги охрабрија вработените во приватниот сектор, кои имаат забелешки или забележани неправилности во врска со исплатата на К15 тоа да го пријават во Државниот инспекторат за труд, кој веќе има засилени контроли во компаниите обврзани да исплатат годишен регрес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

