Македонија
Повикувам Владата и сите во неа, без разлика на партиската припадност, да работат во интерес на граѓаните: Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/Screenshot-2024-01-29-104857.jpg)
Досегашниот премиер Димитар Ковачевски му ја предаде функцијата на Талат Џафери, претседателот на преодната Влада.
„Денес, го реализиравме примопредавањето на функцијата претседател на Владата на РСМ во согласност со законските обврски за организирање техничка влада, чија основна задача е да организира и спроведе слободни, демократски и фер претседателски и парламентарни избори. Сите почнати политики треба целосно и континуирано да се реализираат. Очекувам посветеност во работата, концентрација на сите во Владата и во оваа насока сметам дека работата ќе биде на највисоко ниво“, порача Ковачевски.
Апелира до сите политички субјекти што од денеска ќе бидат во Владата да го имаат целиот актуелен контекст.
„Повикувам Владата и сите во неа, без разлика на партиската припадност, да работат во интерес на граѓаните, на економијата, на безбедноста и на стабилноста.
Владата успеа да воспостави систем што функционира во време на криза, политиките се поставени, мерките се јасни, очекувам сите да покажат јасна политичка волја за да се поддржат и одржжат и економската и политичката стабилност и да се спроведат мирни, фер и демократски избори како што ѝ прилега на држава членка на НАТО и држава со почнати преговори со ЕУ“, истакна Ковачевски.
Според него, изминатите две години не биле воопшто лесни.
„Тие беа години на исклучително голема европска, па и светска економска и енергетска криза, но и покрај тоа, направивме многу и никого не го оставивме сам“, рече Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.