Контакт

Македонија

Пожарот над скопските села ставен под контрола, догаснувањето продолжува утре

Објавено пред

Делумно е ставен под контрола шумскиот пожар кој избувна утрото околу 10 часот над скопските села Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци.

„Пожарот над с.Буковиќ е локализиран. Активен е делот од пожарот помеѓу селата Ласкарци и Раовиќ. Во текот на ноќта ќе има дежурство од страна на БППЗ на Град Скопје за евентуално проширување на пожарот кон селата. До сега е зафатена површина од околу 100 хектари, а со интервенцијата ќе се продолжи во текот на утрешниот ден“ објави Центарот за управување со кризи на својата Фесбук страница.

Пожарот избувна утрото околу 10 часот на непристапен терен над скопското селото Буковиќ, меѓу селата Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци. Опожарена беше дабова и деградирана шума.

Во гаснењето на пожарот што беше отежнато поради непристапниот терен и ветрот, беа вклучени три противпожарни возила, неколку вработени во ЈП „Национални шуми“, а беше вклучено и месното население.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Ангеловска ќе биде промовирана за „жена-амбасадор на дигитална трговија” на годишното собрание на ОН

Објавено пред

Министерката за финансии Нина Ангеловска е една од седумте жени претприемачи во светот, избрана за „жена-амбасадор на е-трговијата“ од страна на Обединетите нации (ОН). Во рамки на 74-то Генерално Собрание на ОН, кое се одржува од 23 до 26 септември во Њујорк, Ангеловска ќе биде промовирана како една од првите „жени-амбасадори на е-трговија“.

Станува збор за исклучително и уникатно признание кое го доделува телото на ОН за трговија, инвестиции и развој УНКТАД (Конференција на ОН за трговија и развој), во рамки на иницијативата „Е-трговија за сите“.

„Жените-амбасадори на е-трговија“ ќе им се придружат на светските лидери во разгледувањето на досегашните резултати од имплементацијата на Агендата 2030 – Цели за одржлив развој на Обединетите нации и ќе дискутираат за унапредување на оваа агенда.

Од УНКТАД иницијативата – „Е-трговија за сите“, истакнуваат дека „супер седумката“ е избрана со цел да се поттикнат и инспирираат жените во светот да преземат иницијативи и да ги искористат предностите кои ги носи глобалната дигитална економија, која е во постојан развој.

„За забрзување на економскиот раст и намалувањето на сиромаштијата во земјите во развој, потребно е да се искористи позитивното влијание на дигиталната технологија во комбинација со трансформативната моќ на претприемништвото кај жените“, се вели во објавата на УНКТАД.

Покрај министерката Ангеловска, која ова признание го добива како ко-основачка на Grouper.mk, првата дигитална платформа за е-трговија од овој тип во Република Северна Македонија, останатите избрани „амбасадорки на е-трговија“ се: Ксиаофеи Јао од Кина, основачка и извршна директорка на Rogrand, Клаудија де Хередиа од Мексико ко-основачка и оперативна директорка на Kichnik, Хелианти Хилман од Индонезија, основачка и извршна директорка на Javara, Назанин Данешвар од Иран, основачка и извршна директорка на Takhfifan и Кларис Ирибагица од Руанда, основачка и извршна директорка на DM.HeHe.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Синоќа над 30 лица возеле пијани низ скопските улици

Објавено пред

Во текот на изминатата ноќ, полицијата санкционира 33 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол во Скопје.

На 27 од нив им биле одземени возачките дозволи, јави МВР.

Откриени се и 48 останати прекршоци, при што се издадени 26 прекршочни платни налози и 22 мандатни платни налози.
Спроведена била и аакциска контрола за санкционирање на возачи на моторни возила кои ја пречекориле дозволената брзина на движење.

Притоа, сторени се вкупно 28 прекршоци од страна на возачи на моторни возила, за што им се издадени соодветни казни.

Откриени се и 23 останати прекршоци, за кои се издадени 16 прекршочни платни налози и седум мандатни платни налози, соопштија од полицијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Решени се сите проблеми на лозарите

Објавено пред

За прв пат по 11 години, имаме редовна, континуирана и неселективна исплата на субвенциите. Решени се сите проблеми на лозарите, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение откако вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Неготино посочи дека лозарите се во очајна ситуација.

„Над 1 милион евра се исплатени на 6.240 лозари, за дополнителната субвенција од 1 денар за килограм предадено грозје во регистрираните винарски визби. Со оваа се заокружи целосната исплата на субвенции за лозарството за мерките од 2018 година. Без доцнење, без селекција, без тактизирање се реализираа сите обврски спрема земјоделците. Исплатени се и заостанатите долгови кон земјоделците. Така, од 1-ви јуни 2017 година па до сега се исплатени долговите од 2013, 2014 и 2015 година кои минатата власт не ги сервисирала навремено и ги пренаменувала кон непродуктивни трошоци. Се исплатија 77 милиони денари на 2.048 лозари по основ на долгот што винарските визби го имаа кон лозарите во периодот од 2014 до 2016 година“, велат од СДСМ.

Владејачката партија додава дека лозарите кои имаат развоен потенцијал веќе добиваат поголеми субвенции за 20 проценти за одржување на нивните лозови насади.

„Ако ја вкакулираме и поефтината нафта која земјоделците ја добија со зелените картички, ги намалуваме трошоците за производството, а се зголемува профитот при продажбата на грозјето“, нагласува СДСМ.

Главен приоритет во земјоделството на Владата предводена од СДСМ и остануваат интересите на земјоделците и унапредување на земјоделството како клучна стопанска гранка, заклучи СДСМ во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион11 минута

Могерини на работна вечера со лидерите од Западен Балкан во Њујорк

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини денеска ќе се состане во Њујорк со лидерите од...

Топ27 минути

Возач почина за време на пробна автомобилска трка, му се слошило и излетал од патеката

Педесет и осумгодишен скопјанец почина за време на одржување на пробни автомобилски трки на патеката на поранешен воен полигон до...

Европа2 часа

Полска ќе евакуира 42.000 граѓани поради бомба тешка 5,5 тони

Властите во северозападниот дел на Полска планираат евакуација на околу 42.000 луѓе откако е пронајдена огромна сеизмичка британска бомба од...

Регион3 часа

(Видео) Најмалку 105 повредени лица во земјотресите во Албанија

Најмалку 105 лица се повредени во земјотресите што ја погодија вчера Албанија, информираа властите синоќа околу полноќ. Во потресот, оштетени...

Македонија3 часа

Денеска сончево време, од понеделник дожд

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од -1 до...

Култура12 часа

Доделени наградите на завршната вечер на фестивалот „Браќа Манаки“

Осум дена, пет локации, 128 филмски наслови создавани низ целата планета од филмски уметници од над 50 земји во светот,...

Македонија18 часа

Јовановски и Јанева повикани на распит во Обвинителството

Осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и Катица Јанева се повикани на распит во Обвинителството. Првоосомничениот Бојан Јовановски е повикан...

Топ19 часа

Нападнат вработен на Kомплексот клиники „Мајка Тереза“

Вчера во полициската станица бил пријавен физички напад што се случил на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот го пријавил 61-годишен...

Топ19 часа

Фатени двајца крадци кои ограбиле пет маркети во Охрид

МВР соопшти дека поднеле кривични пријави против две лица кои се сомничат за пет кражби во Охрид. Едниот е на...

Топ22 часа

(Видео) Во координирана полициска акција во 24 градови пронајдени и одземени поголеми количества дрога и оружје

По претходно изготвен план за преземање на конкретни мерки и активности, со наредби од судија на претходна постапка, вчера од...

Свет1 ден

Зариф: САД се очајни, со санкциите сакаат да ги спречат Иранците да добиваат лекови

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф ги обвини САД дека со новите санкции против иранската централна банка сакаат...

Свет1 ден

„Фејсбук“ укина илјадници апликации

Компанијата „Фејсбук“ објави дека укинала десетици илјади апликации, кои биле потенцијална опасност за приватноста на корисниците, а тоа го покажала...

Топ1 ден

Кривична пријава против Јосифовски поради хакирање на Централниот регистар

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против поранешниот пратеник од Нова содицијалдемократска партија, Љубомир Јосифовски, поради...

Топ1 ден

Автомобил удри во жена во Маџари

Тешко повредена 41-годишна жена од Скопје, откако во неа удрил автомобил „Фолксваген пасат“ на ул.„Перо Наков“. Б.Ѓ. се здобила со...

Свет1 ден

Трамп одобри распоредување на воени трупи во Саудиска Арабија и ОАЕ

Американскиот претседател Доналд Трамп одобри распоредување американските сили во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, после нападот врз саудиската нафтена...

Македонија2 дена

Советот за реформи во правосудството: Избор на шеф на обвинителство предложен од партија отвора врата за политизација

Избор на шеф на кое било јавно обвинителство на предлог на политичките партии, вклучувајќи ја опозицијата, е решение кое отвора...

Интервју/Дебата2 дена

(Видео) Поповска од ДОМ: Оптимист сум дека на следните избори ќе гласаме во една изборна единица

Пратеничката од партијата ДОМ, Лилјана Поповска, во интервју за „Макфакс“ изјави дека очекува да помине иницијативата за една изборна единица...

Свет2 дена

Над 30 светски лидери потпишаа иницијатива за борба против климатските промени

Над 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги...

Топ2 дена

Воз на релација Гевгелија – Скопје прегази 23-годишен мигрант

Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци кога во него удрил воз што...

Македонија2 дена

Почна уривањето на дивоградбите во Охрид

Општина Охрид ја почна најавената акција за уривање дивоизградени објекти на подрачјето на општината во согласност со законските процедури и...

Досие