Контакт

Македонија

Oд утре полициски час од 20 часот, се затвораат кафулињата, вежбалниците, обложувалниците

Објавено пред

Се затвораат угостителските објекти, вежбалниците и се забранува одржување семинари и курсеви. Ова се дел од новите мерки за спречување на ширење на коронавирусот.

Според премиерот Зоран Заев, има голема олабавеност и непочитување на мерките, а оптовареност на здравствениот систем.

Движење ќе биде дозволено само со посебни дозволи.

„Забрана и посебен режим на движење од 20 часот до 5 часот наредниот ден, почнувајќи од утре, до 20 април годинава. Второ, на граѓаните кои извршиле имунизација им се дозволува враќање до своите живеалишта врз основа на потврда за извршена вакцинација. Целосна забрана за гости во угостителски објекти, кои во склоп на истиот даваат угостителски објекти. Исклучок од ова се угостителските објекти на аеродромот во Скопје, како и угостителските објекти во сместувачките капацитети. Целосна забрана за посетители и гости во сите обложувалници од 7 април до 20 април. Целосна забрана за гости во спортски клубови, сали, вежбалници. Се забранува организирање и учество во семинари, курсеви. Се овозможува движење на земјоделците со дозволи за движење. За време на забраната, сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување, да може да ги изнесуваат милениците од 22 до 23 часот најмногу до 100 метри од местото каде живеат“, рече Заев.

Премиерот кажа дека здравствениот систем е оптоварен, па поради тоа биле потребни нови мерки

„На денешната седница на Владата донесовме одлука за дополнителни мерки за заштита на здравјето. Најновите тенденции презентирани од здравствените власти, покажуваат дека британскиот вид зема сè поголем замав. Овој вид  коронавирус заразува многу полесно и побрзо, а резултира со тешки последици по здравјето. Во пресрет на празниците и топлото време, а согласно потребата да се одморат и здравствените работници, донесовме нови мерки. Бројот на новозаразени граѓани, починати граѓани, расте. Досега здравствените работници се соочуваа со сите предизвици, но сега има преоптоварување. Ова е најголемото оптоварување на здравството од почетокот на пандемијата. Многу држави се соочија со ваква ситуација и порано од нас. Ова е моментот кога треба да пресретнеме нови оптоварувања на здравствениот систем“, рече Заев.

Македонија

МОН: Во ниту еден случај нема да дозволиме кој било ученик да остане без учебник

Објавено пред

Министерството за образование и наука реагира на пре-конференцијата на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ.

Од ова министерство  потенцираат дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ  продолжува со изнесување невистини поврзани со промените во образовниот систем кои многу одамна, како што посочуваат од министерството вклучително и во времето кога оваа политичка партија раководеше со институциите на системот, требаше да се случат.

„Во интерес на објективното информирање на јавноста, би сакале да потсетиме дека согласно транспарентноста на целиот процес на реформи и најавите, од следната учебна година се воведува комбиниран модел на примена на материјалите за учење, што подразбира употреба и на печатени и на дигитални учебници. За учениците од прво до трето одделение и натаму ќе се обезбедуваат печатени учебници, бидејќи тоа е период во кој треба да се развие однос кон на детето кон книгата. Додека за учениците од четврто и погорните одделенија прва опција ќе бидат дигиталните учебници, имајќи предвид дека кај нив веќе се развиени вештините за примена на ИТ технологија и електронски алатки“, напоменуваат од МОН.

Од ресорното министерство нагласуваат дека  доколку по нивна волја, учениците се изјаснат дека сакаат наставата да ја следат од печатен учебник, тоа ќе биде овозможено од училиштето. Доколку, пак, сакаат но немаат можност за користење на дигиталните учебници, училиштата ќе бидат должни да им дадат на времено користење ИТ-уред, за што веќе се прават планови и подготовки секое училиште се опреми библиотека со соодветен број на таблет компјутери.

„Министерството за образование и наука во ниту еден случај нема да дозволи кој било ученик да остане без учебник независно дали е тоа електронски или печатен. Образованието е загарантирано право на секој ученик и ние тоа го обезбедуваме и го надградуваме“, потенцираат од министерството за образование.

Од таму упатија апел до политичките партии наместо непотребно трошење време и ресурси за одржување прес-конференции и изнесување лаги и манипулации, тие да престанат да ја мешаат политиката во образованието заради остварување на дневнополитички агенди и поени, или да дадат поддршка на промените кои ќе се случат и да учествуваат во нивната имплементација и постигнување на ефектите кои ќе значат фаќање чекор со современиот образовен свет, сугерираат од МОН.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи на средби со косовскиот политички врв

Објавено пред

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, утре (23 април) ќе оствари официјална посета на Косово.

Покрај средбата со својот домаќин, министерката за надворешни работи, Доника Грвала Шварц, министерот ќе оствари средби и со косовската претседателка Вјоса Османи, претседателот на парламентот Глаук Коњуфца, како и премиерот, Албин Курти.

Како што информираат од ресорното министерство, за време на посетата ќе бидат разменети мислења за прашања значајни за продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји, идните проекти и приоритети, кои ќе бидат тема и за идната заедничка владина седница, перспективите на натамошната соработка во области од заемен интерес, посебно во областа на економијата и трговската размена.

Воедно, се очекува да бидат разменети мислења во врска со актуелните состојби во регионот и безбедносните прашања.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од мај стартува електронскиот упис на првачиња

Објавено пред

Од први мај се воведува нова услуга за електронски упис на првачиња.

Преку порталот uslugi.gov.mk родителите/старателите ќе можат да пополнат апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните скенирани документи. Откако апликацијата ќе биде прифатена, се одредува термин во кој ученикот ќе треба да дојде на разговор со педагогот во училиштето.

Новата дигитална услуга денес ја промовираше министерката за образование и наука, Мила Царовска, заедно со претставникот на британската амбасада во Скопје, Ричард Малион, извршната директорка на ЦУП Неда Малеска -Сачмароска и со Стефан Богоев градоначалникот на општина Карпош при посетата на ОУ „Вера Циривири Трена“.

„Оваа година благодарение на Центарот за управување со промени (ЦУП) и британската амбасада голем дел од услугите кои ги нуди МОН се дигитализираа, а посебно сум горда на оваа услуга која го олеснува пристапот на родителите кон упис на нивните деца и наши ученици во образовниот систем. Тоа ќе го направат со прикачување на сите потребни документи и откако тој административен процес ќе се заврши имаат само една посета во училиштето на средба со педагогот и проценка и понатамошно започнување на процесот на образование на еден ученик“, рече Царовска.

Од ресорното министерство нагласуваат дека услугата за електронски упис на првачиња е големо олеснување и за администраторите во училиштата, бидејќи наместо нив, податоците за секој запишан ученик се внесуваат автоматски во ЕСАРУ системот, каде се води евиденција за сите училишта во државата.

За користење на алатката од страна на училиштата, предвидени се соодветни обуки кои започнуваат уште утре.

Царовска воедно најави дека во следниот период ќе се дигитализираат и низа други услуги поврзани со основното и средното образование, но и во делот на науката.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Приведено лицето што утрово пред кривичниот суд ѝ избега на затворската полиција

Единицата за прв одговор и интервенција при МВР кај Камениот мост во Скопје го привела 30-годишниот А.З. од Скопје, кој...

Македонија2 часа

Нов состанок на македонските и бугарските историчари, на дневен ред царот Самоил

Заедничката македонско-бугарска историска комисија одржува онлајн сесија денес и утре, јавуваат бугарските медиуми. Ова е втор состанок оваа година и...

Македонија4 часа

Тројца обвинители од поранешното СЈО во тимот на Русковска

Пет кандидати од кои тројца обвинители од поранешното специјално јавно обвинителство се избрани за нови јавни обвинители во Обвинителството за...

Топ4 часа

Уапсен 59-годишен маж кој им испраќал еротски фотографии на малолетнички на „Фејсбук“

Полицијата приведе 59-годишен маж од село Ораовица, Радовишко, со престојувалиште во село Ерџелија, Светиниколско, кој е обвинет дека им испраќал еротски...

Македонија5 часа

Браќа од Сарај заболени од Ковид-19 фатени со лажни ПЦР-тестотви на скопскиот аеродром

Скопското oсновно јавно обвинителство поднесе предлог за парични казни против двајца браќа од Сарај, на возраст од 24 и 26...

Европа5 часа

ЕУ подготвува тужба против „Астразенека“

Европската комисија се подготвува да преземе правни активности против „Астразенека“, објави „Политико“, повикувајќи се на пет неименувани европски дипломати. Вчера...

Топ5 часа

Обвинение за српски државјанин за сообраќајката кај Ростуше во која загинаа две лица

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение за српски државјанин кој предизвика сообраќајна несреќа со камион кај Ростуше во која загинаа...

Свет5 часа

Во Индија откриен троен мутиран вид на Ковид-19

Индија откри нов троен вид на ковид во време кога се бори да го спречи најлошиот бран на коронавирус од...

Свет6 часа

Вакцинирани лица во старски дом во Америка масовно се заразиле со нов вид на вирусот

Случаи на Ковид-19 „експлодирале“ во март во пензионерски дом во САД каде што голем дел од корисниците биле вакцинирани, откако...

Македонија22 часа

Рашковски, од куќен притвор, ќе оди во затворот во Шуто Оризари, одлучи Кривичниот совет

Кривичниот совет ја преиначи одлуката и, наместо куќен притвор, на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, и на сопственикот на...

Македонија23 часа

Нови 627 случаи на Ковид-19, починати се 47 лицa

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа, од направени...

Македонија1 ден

Инспекторите утврдија дека немало прекршувања за гласањето во скафандери

Не се констатирани неправилности и протоколите се обезбедни од страна на Собранието, извести Државниот инспекторат за труд по направениот вонреден...

Македонија1 ден

Владата за комплексот спроти „Холидеј ин“: Ќе се гради ако е во согласност со Законот за градење

Одобрението за градба се издава доколку се исполнети сите услови пропишани во Законот за градење, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски, прашан...

Македонија1 ден

Шилегов: Го остваруваме 40 години стариот сон на скопјани за трамвај, обезбедувајќи систем подобар од трамвајот

Со денешното потпишување на договорот за заем меѓу Град Скопје, Министерството за финансии и Европската банка за обнова и развој...

Топ1 ден

(Видео) 12-годишно девојче тепа врснички во Велес, во полиција повикан и родителот

Малолетничка од Велес нападна врсничка, а настанот беше снимен со мобилен телефон и објавен на социјалните мрежи. Видеото на кое...

Македонија1 ден

Филипче: Иако бројките на заразени се намалуваат, периодов мора да бидеме претпазливи

Мерките даваат резултати, оцени министерот за здравство, Венко Филипче, по редовната утринска координација со директорите на клиниките. На состанокот се...

Македонија1 ден

Обвинeние за Вера Иванова, за аферата со дијализа

До кривичниот суд во Скопје поднесено е обвинение против Вера Иванова поради сторени кривични дела перење пари и злоупотреба на...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Богдановиќ седел во кафеана додека сите се под клуч, тој демантира

Саша Богдановиќ вчера беше во кафеана, го служеа келнери, додека сите останати се под клуч и полициски час, обвини денеска...

Регион1 ден

Рама: Мини шенгенoт е можност за отстранување на границите меѓу Албанија и Косово

Албанскиот премиер Еди Рама го гледа мини шенгенoт како можност за, како што рече, отстранување на границите меѓу Албанија и...

Топ1 ден

Детали за убиството во Струга: Ја избол сопругата до смрт додека биле на гости кај пријатели

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга синоќа изврши увид во стан во Струга каде што маж си ја...

Досие