Контакт

Македонија

(Видео) Финансиската полиција врши претрес во домот на Стевче Јакимовски

Објавено пред

Полицијата попладнево врши претрес во домот на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски во Жданец.

Претресот се врши по налог на финансиската полиција, која се сомнева дека Јакимовски направил злоутреби во однос на три тендери, од кои два за општинските бараки, а еден за плоштад во Жданец.

Јакимовски тврди дека овие обвинувања не можат да бидат насочени кон него, бидејќи работите за кои го сомничат ги вршат општинските служби.

Во домот на Јакимовски присутен е и неговиот адвокат, Виктор Цветковски.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Николоски: Со датум за преговори не може да се местат тендери, на Владата како да ѝ одговара статус-кво

Објавено пред

Во Луксембург се потврди она што сите го знаеме, а тоа е дека Македонија со Заев, Димитров, Османи и Шеќеринска за жал и овој јуни не доби датум за почеток на преговори за членство во Европската Унија, изјави на прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој истакна дека ваквиот исход пред се се должи на лошото работење на владините функционери во некои од клучните области.

„Како сакате да ве видат во исто друштво со уништено здравство во кое што однапред се знае кој и како ќе ги добива тендерите, кога дрога по улиците има како никогаш порано, а економијата се сведува на онаа народната, јас, брат ми и по некој друг братучед“, запраша Николоски.

Потпретседателот порача дека неговата партија сака Македонија да оди напред и токму затоа наместо да ја користат ситуацијата за дневно-политички поени јавно понудиле да се формираат работни групи помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Владата кои ќе работат на реформите што Европската Унија ги бара.

„За жал, до овој момент на понудата која што пред две недели ја изнесе претседателот на партијата, се уште немаме одговор. Претпоставувам нема, затоа што ги јаде ароганцијата и самобендисаноста, затоа што не знаат и не сакаат, а од други помош не примаат“, кажа Николоски.

Во овој контекст тој јавно запраша дали можеби на СДСМ и Заев им одговора да нема датум за почеток на преговори.

„Дали не сакаат да бидат контролирани од Европската Унија? Затоа што кога ќе почнат преговорите, тендерите ќе не можат така лесно да се местат и бизнисот да цвета“, порача Николоски додавајќи дека не смее да се губи повеќе време и веднаш мора да се направи план за реформи и работа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сугарески: Ќе се гради експресен пат Битола – Меџитлија

Објавено пред

Развојот на Пелагонискиот Регион е многу значаен за целата држава и поради тоа во овој момент инвестираме над 18 милиони евра во рехабилитација на патиштата. Периодов нашиот фокус е ставен на подготовки за изградба на експресен пат од Битола до Меџитлија и изградба на автопат од Прилеп до Битола, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, при денешниот увид во рехабилитацијата на регионалниот пат Битола – Демир Хисар.

Како што потенцира министерот Сугарески, градежните активности во целата држава се одвиваат со засилен интензитет и се очекува силен скок на реализација на капиталните инвестиции во вториот и третиот квартал.

„Капиталните инвестиции се врвен приоритет. Во ресорот транспорт тие се реализираат со добра динамика. Имаме над 30 отсто реализација во патиштата, над 36 отсто во гасоводот, во делот на комуналната сфера исто така има силен интензитет на реализација, така што реално очекувам во вториот и во третиот квартал да имаме голем скок на капиталните инвестиции“, изјави Сугарески.

Во однос на изградбата на експресен пат Битола – Меџитлија, министерот нагласи дека во тек е изработка на проектната документација која се очекува да биде готова в година по што веднаш ќе се почне со изградба. Што се однесува на автопатското решение од Прилеп до Битола, се очекува оваа година ЈП за државни патишта да распише јавен повик за изработка на проектна документација.

Министерот Сугарески истакна и дека изградбата на магистралниот гасовод од Неготино до Битола се одвива со забрзано темпо, со што очекувањата се до крајот на годината овој крак да биде завршен. Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, истакна дека рехабилитацијата на патниот правец Битола – Демир Хисар се одвива со силно темпо и ќе се заврши во август, а инвестицијата е во вредност од 1 милион евра.

„Освен овој пат, оваа есен ќе продолжиме со рехабилитација на преостанатиот пат од Битола до Кичево. Ќе го реконструираме и постојниот пат од Битола до Меџитлија, а приближно овој период следната година ќе заврши проектирањето за изградба на нов експресен пат. Исто така, ќе се реконструира уште еден многу значаен патен правец за овој регион, регионалниот пат Битола – Тополчани – Прилеп, а во тек е и јавен повик за поставување заштитна ограда на обиколницата на Битола. Генерално, може слободно да кажам дека оваа Влада досега најмногу вложува во Пелагонискиот Регион“, изјави Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта.

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, истакна дека ова е пример како треба да соработуваат локалната и централната власт и потенцира дека развојот на Пелагонија директно зависи од инвестициите што Владата ги реализира во овој регион.

Прикажи повеќе...

Македонија

Општина Аеродром ќе го преиспита договорот со маркетинг-агенцијата за комуникација со граѓаните

Објавено пред

Општина Аеродром ја известува јавноста дека врз основа на јавниот интерес и принципите за рационалност и економичност, ќе го преиспита сукцесивниот договор со приватната маркетинг-агенција.

„Иницијалната потреба за зајакнување на капацитетите за информирање и едукација на граѓаните ќе биде преиспитана исклучиво врз точно одредување на јавниот интерес и критериумите за одговорни јавни комуникации“, се навадува во соопштението од Општината.

Како што велат од таму, тоа значи одговорно трошење на парите на граѓаните, економичност и рационалност, интегритет во јавните комуникации преку отворено, транспарентно, објективно и релевантно комуницирање со граѓаните.

Информираат и дека граѓаните ќе бидат известени за одлуката и за натамошното постапување.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Кашоги е жртва на намерна, претходно испланирана егзекуција – покажа независната истрага на ОН

Саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги е жртва на намерна, претходно испланирана егзекуција, заклучи специјалниот известувач на Обединетите нации, Агнес Каламард, по...

Екологија2 часа

Арктичкиот вечен лед се топи 70 години порано од очекувањата на научниците

Пермафрост или трајно замрзнатата почва во канадскиот дел на Арктикот почнала да се топи 70 години порано од прогнозите на...

Македонија2 часа

Заев: Ниту една земја членка на ЕУ не е против отворањето преговори со Северна Македонија

Ниту една земја членка на Европската Унија не е против отворањето преговори со Северна Македонија, изјави премиерот Зоран Заев на...

Топ2 часа

Откриени злоупотреби со службени возила во општина Велес

Поранешен градоначалник и поранешен претседател на Советот на Општина Велес се обвинети за злоупотреба на службената положба. Според велешкото Обвинителство,...

Свет2 часа

Русија претстави доказ дека терористите се обидуваат да добијат биолошко оружје

Меѓународните терористи се обидуваат да добијат пристап до нуклеарно и биолошко оружје, а и до токсични хемикалии за да ги...

Свет5 часа

Во земјотресот во Јапонија повредени 26 лица

Најмалку 26 лица се повредени, од кои едно критично, кога земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди во вторникот...

Свет6 часа

(Видео) Запленети 16,5 тони кокаин во Филаделфија вреден една милијарда долари

Американските власти открија 16,5 тони кокаин во товарен брод „МСЦ Гајан“ во пристаништето во Филаделфија. Станува збор за една од...

Македонија18 часа

Заев очекува формален почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Задоволни сме од денешниот заклучок на Советот на министри, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се...

Свет19 часа

Трамп на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти. Иронично за објавата на Трамп е дека големите миграциски...

Топ20 часа

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Македонија21 час

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето...

Европа23 часа

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во...

Македонија1 ден

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри,...

Македонија1 ден

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека,...

Свет1 ден

ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните...

Регион1 ден

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Македонија1 ден

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет – Тврдина“, во исказ пред судот рече дека...

Спорт1 ден

Мишел Платини уапсен за доделување на СП во 2022 на Катар!

Поранешниот претседател на УЕФА и легенда на францускиот фудбал, Мишел Платини, е уапсен во Нантер, предградие на Париз, поради одлуката...

Свет1 ден

(Видео) Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреса во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите...

Свет1 ден

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА-лигата на Торонто репторс на плоштадот „Нејтан...

Досие