Македонија
Полицијата двапати го барала Чавков на неговата адреса, но тој бил во друг стан

Откако ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, бил пуштен во куќен притвор, на 27 март, истата вечер полицајци од Полициската станица Центар направиле две контроли, во 18 часот и 20:30 минути, и не го нашле на адресата. „Никој не им отворил врата“, рече претседателот на кривичниот суд, Иван Џолев, на брифинг со новинарите. Џолев рече дека Чавков самоволно одлучил куќниот притвор да го издржува на друга адреса. Тоа го имале предвид судиите од кривичниот совет кога ја донеле одлуката домашниот притвор да му биде заменет со притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.