Македонија
Поранешниот претседател Иванов на Светскиот форум за демократија во Берлин
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/Slika-Berlin-1.jpeg)
Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, учествуваше на Светскиот форум за демократија во Берлин. На настанот, кој се одржа од 18 до 20 февруари, покрај поранешните претседатели на држави и влади, учествуваа и поранешниот генерален секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, и поранешниот државен секретар на САД, Хилари Клинтон, како и истакнати артисти, уметници и активисти, меѓу кои познатата холивудска актерка Шерон Стоун и основачот на Live Aid, Боб Гелдоф.
За време на гала-вечерата во организација на фондацијата Cinema for Peace, претседателот Иванов се сретна и со министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок.
Претседателот Иванов се обрати на панелот „Границата меѓу самоопределувањето и сепаратизмот“, на кој учествуваше и поранешниот премиер на Шкотска, Алекс Салмонд. На панелот претседателот Иванов зборуваше за правото на самоопределување како право на народите да создадат своја независна држава. Тој го претстави македонското искуство при стекнувањето на независноста и сите предизвици, пречки и негирања за остварување на македонското право за самоопределување.
За време на посетата на Берлин, на претседателот Иванов му беше укажана и честа да го отвори Форумот за демократија и мир во организација на Институтот за културна дипломатија во Берлин со свое предавање на темата „Моќта на уметноста и културата во времиња на растечки закани за демократијата во светот“. Во своето воведно предавање тој ги посочи главните предизвици за демократијата денес и причините за демократската рецесија во првите децении на 21 век.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.