Македонија
Породилното отсуство заглави на процедура
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/06/sobranie1-golema-5-.jpg)
Граѓанската иницијатива за продолжување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци беше прв камен на сопнување за пратеницоте од власта и од опозицијата на новиот парламентарен состав. Спротиставени ставови, реплики на реплики, до процедурални забелешки беа користени за меѓусебните препукувања на денешната комисиска расправа.
Иако навидум за сите беше прифатлива иницијативата, пратениците заглавија околу тоа дали таа е во согласност со законот или не, со оглед на фактот што во неа стои дека наместо измена на законот за работни односи стои измена на закон за породилно боледување ,а таков закон не постои. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во процедурални забелешки бараа да се гласа дали е уредна или не инцијативата. Дури бараа да се гласа со издвоено мислење.
“Ваш пропуст е што сте примиле документ за кој сметате дека не е уреден. Ние бараме оваа иницијатива да се прифати, за нас е во ред. Не дозволуваме да го кршите деловникот, се гласа по точка од дневен ред. Бараме да има издвоено мислење, кој мисли како нас нека ни се приклучи,”рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски.
Пратениците од мнозинството сепак го усвоија заклучокот со кој се констатира дека иницијативата не е уредна, но пратениците ја преземаат обврската да ја преточат во соодветно законско решение, кое ќе влезе во собраниска процедура.
“Иницијативата од формално правен аспект е неуредна, но ние не ја отфрламе. Во име на граѓаните ќе ја преточиме во закон“, заклучи Александар Кирацовски, пратеник на СДСМ и претседател на Комисијата за политички систем.Г.Д.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.