Македонија
Посетата на Лавров предизвик за Скопје; воздушниот простор e затворен за руски авиони, појаснува Османи
Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, информира дека министерскиот годишен собир на ОБСЕ од 29 ноември до 1 декември во Скопје ќе биде најголем настан во државата, и по димензии и по суштина.
Според најавата на Османи, ќе учествуваат 76 делегации од земји членки и партнери на ОБСЕ. Се очекуваат 1.000 гости во делегациите, додаде првиот човек во дипломатијата појаснувајќи дека не се знае дали ќе пристигне рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пред сè, поради затворениот воздушен простор кај нас и во соседните земји.
„Добив писмо пред 4-5 дена од министерот за надворешни работи, во кое покажува интерес и барање да се обезбеди негово присуство во Скопје. Има одредени предизвици во делот на тоа прашање, првин затоа што воздушниот простор на Северна Македонија и на нашите соседи е затворен за руски авиони, иако по правило треба сите земји учеснички треба да присуствуваат на министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје. Но, тоа сепак ќе зависи од одредени одлуки што ќе треба да се донесат во текот на наредните денови. Се надевам дека сите ќе успееме да бидеме во Скопје“, потенцира Османи за посетата на Лавров на Скопје.
Според него, настанот што ќе следува во државата суштински е најголем настан зашто ОБСЕ првпат, како што рече Османи, е во егзистенцијална криза како организација, која од 1975 е основана со мисија да ги чува мирот и безбедноста и да менаџира конфликти.
Појасни дека е во криза зашто на ниско ниво е довербата на земјите членки по агресијата врз Украина.
„Првпат нема претседавач за 2024, а треба две години однапред да се одреди. Поделени се земјите за ова прашање“, рече Османи и очекува одлуката да се донесе токму во Скопје. Нагласи дека организацијата се соочува и со проблемот дека не е одобрен буџет на ОБСЕ.
МНР, според Османи, една и пол година се подготвува за организација на настанот.
Во логистика за настанот ќе бидат ангажирани над 200 луѓе, 200 војници ќе бидат возачи за спроведување на делегациите. Ќе биде обезбеден и чартер-лет од Брисел за Скопје, а некои делегации ќе дојдат со свои авиони.
Собирот ќе почне со неформална вечера на 29 ноември, а на 30 ноември е формалниот дел со обраќање на министрите.
На прашањето што ќе се случи доколку не дојде Лавров, Османи вели дека Руската Федерација ќе присуствува со свои претставници, но сите треба да бидат за колективниот интерес над државниот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

