Македонија
Почина Мирослав Бошковиќ, поранешен атлетичар и професор во пензија: Македонската атлетика ќе биде осиромашена за еден голем ентузијаст
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/ѕѕ-1.jpg)
На 73-годишна возраст почина Мирослав Бошковиќ (1950-2023), поранешен атлетичар и професор по историја во пензија.
Како атлетски судија, Бошковиќ почна да се занимава уште додека бил атлетичар. Своевремено беше активен атлетичар на Вардар, настапуваше и за репрезентацијата на Македонија, а потоа продолжи како судија. Тој е најголем хроничар, евидентичар на резултатите и на рекордите, а секојдневно пишуваше и ги афирмираше другите атлетичари. Имаше чест да биде и меѓу арбитрите и на Универзијадата во Загреб.
За Бошковиќ изрази сочувство спортскиот новинар Зоран Михајлов кој вели дека со неговото заминување македонската атлетика губи огромен ентузијаст и човечка легенда во спортот.
„Со голема тага ги пишувам овие редови и не можам да поверувам дека веќе го нема меѓу нас Миро. Замина нечујно, впрочем онака како што живееше, скромно и достоинствено. Професорот како поранешен атлетичар имаше со што да се пофали. Но,тој со оглед на тоа што беше најголем хроничар на македонската атлетика и ги имаше сите резултати на дланка, повеќе пишуваше и ги афирмираше другите атлетичари. Миро беше и врвен меѓународен судија, а имаше чест да биде меѓу арбитрите и на Универзијадата во Загреб. Со неговото заминување од животната сцена македонската атлетика ќе биде осиромашена за еден голем ентузијаст и пред се чесен и доблестен човек. Овие мигови се најтешки за неговото семејство, но ако ова може да биде некаква утеха за нив, можам да кажам дека треба да им бидат горди што живееја со една таква човечка величина. Бог да го прости, сочувство до најблиските“, напиша Михајлов.
Бошковиќ е роден во Велес. Бил учесник во АК Вардар и во репрезентацијата на Македонија, освоил трето место екипно со Вардар на првенство на Југославија во крос во 1971 година, во Аранѓеловац и бил член на повеќе комисии во Атлетска федерација на Македонија.
Денеска голем број пријатели, колеги, планинари и атлетичари го испратија Бошковиќ кон вечниот дом во капелата на градските гробишта во Бутел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.