Македонија
Протест за „Јавна соба“ – учесниците бараат да се казнат лицата што објавувале експлицитни фотографии

„Јавна соба“ е кривично дело, да се казнат лицата што во телеграм-групата објавувале експлицитни фотографии од девојчиња без нивна дозвола, да се донесат законски измени, а Јавното обвинителство да не молчи. Ова се дел од пораките и барањата на учесниците на протестниот марш за случајот со „Јавна соба“.
„Држава што угнетува е држава што силува. Силувачот си ти“, повикуваат демонстрантите движејќи се од МВР кон Јавното обвинителство.
На протестот присуствува и 28-годишната Ана, девојката што прва проговори за траумите што ги доживеала кога нејзини фотографии се најдоа пред очите на повеќе од 8 илјади членови.
За случајот „Јавна соба“ полицијата приведе четири лица и им ги одзеде мобилните телефони. Неизвесно е за кое кривично дело ќе одговараат тие.
Сличен случај се отвори и минатата година, а тој сè уште е во предистрага во Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре променливо облачно време со температура до 20 степени

Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 17 степени.
В сабота ќе преовладува променливо облачно време со засилен северен ветер, особенопо должина на Повардарието и на повисоките места, каде повремено ќе надминува 70 км/час. Ќе има повремен локален дожд, а на планините снег уште од претпладневните часови, претежно во западните и северните делови. В недела ќе се задржи променливо облачно и свежо време со услови за слаби локални врнежи.
Дневните температури значително ќе опаѓаат и в недела ќе бидат пониски за 8 до 10 степени од досегашните. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните од понеделник ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
И вториот патник вратен од Занзибар заболен со британскиот вид на коронавирусот

Министерството за здравство информира дека според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот од другиот пациент кој пред неколку дена се врати од Занзибар детектирано е присуство на британскиот видна коронавирусот.
Вчера беше објавено дека и кај другиот патник вратен од Занзибар е детектиран британскиот вид на вирусот.
Комисијата за заразни болести предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од сите африкански земји. До овој момент во земјава сè уште не е детектирано присуство на јужноафриканскиот вид на вирусот.
Македонија
Алаѓозовски на средба со претставници на етнички заедници: На пописот неопходно е учество на сите граѓани

Националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски, заедно со Јасмина Ѓоргиева, координаторката на Секторот за дисеминација и односи со јавноста во Државниот завод за статистика (ДЗС), денеска остварија средба со претставници на повеќе етнички заедници во Северна Македонија на која разговараа и се информираа за претстојниот попис.
На средбата, на која присуствуваа претставници на заедницата на Египќаните, Црногорците, Ерменците, Русите, Унгарците и Словенците во нашата земја, се отворија повеќе прашања во врска со процесот на попишувањето, кој во прва фаза веќе започна за дипломатите и нивните семејства во конзуларните претставништва, за граѓаните од дијаспората и лицата коишто се во служба на Армијата на РСМ во државата или странство, лицата кои се наоѓаат во притвор или на издржување казна затвор во затворите, казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови, како и бездомните лица.
„Присутните учесници на денешната средба се согласија дека е од исклучителна важност статистичката операцијата Попис на населението, домаќинствата и становите да биде успешно спроведена, притоа информирајќи се за одделни прашања поврзани конкретно со процедурата на попишувањето, за прашањата кои ќе бидат опфатени со пописот“, соопштија од кабинетот на Алаѓозовски.
На средбата било заклучено дека за успешноста на пописот неопходно е учество на сите граѓани, кои согласно своето лично убедување и надлежност ќе помогнат и ќе учествуваат при градењето општество кое почива врз принципите на меѓусебно почитување и толеранција, внатрешна кохезија, како и создавање политики за подинамичен економски раст и подобар живот за сите граѓани без исклучок.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер