Македонија
По втор пат во Прилеп ќе се одржи downhill велосипедска трка

На месноста „Топташ“ кај Прилеп од 22 до 23 април по втор пат ќе се одржи downhill велосипедската трка.
Оваа трка е во организација на подмладокот на клубот за екстремни спортови „Skyriders“ од Прилеп. Downhill е вид на спорт со велосипеди кој кај нас моментално сеуште е во развиток. Тој се одвива на планини, односно велосипедистите не се качуваат нагоре со велосипедите туку се спуштаат само надолу по планините, со екстремни скокови, по доста тешки терени и секции. Оние кои се занимаваат со овој спорт велат дека тој е доста ризичен и дека неможе секој да се занимава со него.
„Се очекува на оваа трка да присуствуваат 60-тина натпреварувачи од Македонија, Србија, Црна Гора и Бугарија. Се надеваме на добро време, добра организација и пред се добра забава. Редовно ја подготвуваме стазата и се надеваме дека за брзо време таа ќе биде и готова, затоа што за разлика од лани имаме и некои нови делови. Минатата година таа беше долга 2 км, а годинава нејзината должина изнесува 2,7 км.“, рече Илија Ангелески, член на клубот за екстремни спортови „Skyriders“ од Прилеп.
Оваа секција за downhill на клубот за екстремни спортови „Skyriders“ од Прилеп брои 10 членови и постои од лани кога ја организираше и првата ваква трка. Годинава разликата е што овој настан добива и меѓународен карактер и тој ќе претставува уште еден екстремен спорт кој полека ќе започне да се развива во Прилеп, покрај болдерингот, параглајдерстовото, планинскиот велосипедизам, планинскиот ултра маратон, мото крос трките и трофито со џипови.
„Денеска поразговаравме со подмладокот на клубот за екстремни спортови „Skyriders“ од Прилеп за еден доста атрактивен и адреналински спорт downhill. Лани прв пат беше организирана ваква трка, годинава таа добива и меѓународна димензија и оваа downhill трка на „Топташ“ ќе се вброи во големиот број на екстремни спортови кои се одвиваат во текот на годината во Прилеп. Нашиот град претставува центар за равој на екстремните спортови и развојот на сите овие нови атрактивни и екстремни дисциплини ќе биде приоритет на општина Прилеп. Исто така со клубот разговаравме заедно за средување на патеката и ние како локална самоуправа ќе помогнеме околу тоа“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Организацијата на оваа трка инаку произлезе како предог на клубот за екстремни спортови „Skyriders“ од Прилеп, на „Денот на идеи“, кој го организира Општина Прилеп./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Македонија
Сообраќајот во прекин во Дебрца поради протест против изградба на депонија

Неколку илјади жители на речиси сите села од општина Дебрца денеска одржуваат протест против изградбата на регионална депонија кај селото Годивје. Тие точно на пладне го блокираа сообраќајот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај селото Ботун.
Жителите упатија предупредување дека никогаш нема да дозволат изградба на депонија во нивната општина, нагласувајќи дека се работи за еколошки чиста и незагадена средина.
Градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески изјави дека ниту тој, ниту Советот на општината немаат право да ја дерогираат одлуката донесена на референдумот одржан во октомври.
„Целта на овој протест е уште еднаш граѓаните да кажат не на решението што го подготвува министерството за жживотна средина за локација за регионална депонија во село Годивје. Ниту јас како градоначалник, ниту Советот на општината немаме право да дерогираме одлука донесена на најдемократски начин на изјаснување како што е референдумо“ рече Ногачески.
За потребите за одлагање и третман на цврстиот отпад на општините од Југозападниот планско регион беше изработена студија финансирана од ЕУ, во која беа посочени четири локации за тоа каде би било најдобро да се гради регионалниот центар за третирање на отпадот.
Македонија
Единствена Македонија: По секоја цена ќе ја спроведеме намерата на народот за стратешки сојуз со Русија

Марионетската власт во Македонија и нивните странски газди мора да се во паника штом започнаа да го плашат народот со војна доколку Македонија не стане членка на геноцидно-фашистичките организации, НАТО и ЕУ, порачаа од Единствена Македонија.
„Престедателот на Европската комисија на ЕУ, Жан Клод Јункер, и екс претседателот на Европскиот совет на ЕУ, Херман Ван Ромпој во одделни инетрвјуа рекоа дека е можна војна и во Македонија доколку не стане членка на ЕУ.
Пред два дена Радмила Шеќеринска на брифинг со новинарите рече дека доколку до јуни не се најде решение за името и влез на Македонија во НАТО, ќе се смени ситуацијата на теренот, алудирајќи на масовното определување на народот за Русија и Евроазиската економска унија.
Претходно на 4 април, на прославата на 69. роденден на НАТО на Плоштадот во Скопје, на дебатата, Шеќеринска, Џес Бејли и другите дискутанти за првпат кажаа дека Македонија освен членство во НАТО има и други алтернативи, но тие биле многу лоши.
Лагите на марионетската власт во Македонија и нивните странски газди повеќе не поминуваат кај народот. Затоа народот масовно на секојдневните теренски средби со Единствена Македонија одлучно кажува „НЕ„ за НАТО и ЕУ и бара сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија“ додаваат од партијата.
Од таму уверуваат дека Единствена Македонија по секоја цена ќе ја спроведе јасно изразената намера на народот за стратешки сојуз со Русија и членство на Македонија во Еврооазиската економска унија.
Македонија
Колариќ: Дали Шилегов има однапред договорена милионска зделка за набавка на автобуси?

Од опозициската партија реагираат дека градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов досега потпишал два меморандуми за пробно користење на автобус на гас и автобус на електричен погон со две странски компании.
„Целта на користењето на овие автобуси според објаснувањата на градоначалникот е дека потребно биле да се испитаат техничките карактеристики на автобусите кои подоцна би се набавиле. Се работи за милионски вредна набавка, а Скопје станува полигон за пробна вожња на автобуси.
Со потпишаните меморандуми се отвора сомнеж дека станува збор за можна коруптивна зделка, и дали директно однапред се преудицира во понатамошна постапка доколку има тендерски процес кој ќе биде добитникот на милионскиот тендер.
Како Шилегов потпишува меморандуми за пробно возење кога не знае дали посочените компании ќе победат на евентуален тендер за нови автобуси на гас и електричен погон, или пак доколку е сигурен дека ќе победат дали можеби станува збор за однапред договорена милионска зделка?
Кои се мотивите и дали станува збор за однапред договорена зделка чија вредност е неколку милиони евра. Дали договарањето во 4 очи беше причината поради која владата го укина советот за јавни набавки.
Практично потпишувањето на вакви меморандуми преставува замајување на јавноста и купување на време во отсуство на големи и значајни проекти за Градот Скопје.
Сосема на крај, добро би било Шилегов да објасни и за еден негов личен скандал. Како возилото марка Ауди кое било оштетено МВР тврди дека е негово, а градоначалникот го нема пријавено во анкетниот лист? Се прашуваме кој лаже МВР или градоначалникот Шилегов?“ прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
- Македонија1 месец
(Видео) Фатиме Фетаи направи пародија со коментарите дека излегувала во дискотека
- Daily news2 месеци
(Фото) Селфи со Путин предизвика внимание во јавноста
- Култура2 месеци
Александар ќе го нема ни на филм
- Investigative story2 месеци
(Видео) Патарини: Една пресметка за пратениците, друга за граѓаните
- Daily news2 месеци
(Видео) Последна битка за планинарскиот дом Матка, црквата го презема со извршители, планинарите го бараат на суд
- Daily news2 месеци
Заев: Можеме да им купиме возила и да им обезбедиме станови на пратениците во Скопје
- Македонија2 месеци
Изјавата на Заев за отворање на грчкиот Устав – провокација за грчките медиуми
- Daily news2 месеци
Учениците в година нема да учат по програмата „Кембриџ“