Контакт

Македонија

Пратениците на Алтернатива ќе гласаат за недоверба на Владата зошто Апасиев го тргнал потписот

Објавено пред

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, посочи дека неговите четири пратеници ќе гласаат за недоверба на Владата предводена од СДСМ и ДУИ.

Тој вели дека е надминато недоразбирањето со Скендер Реџепи, кој не сакаше да гласа на седницата за недоверба, зошто на списокот со потписи беа и пратениците од Левица.

Гаши кажа дека ќе влезат во нова Влада само ако таа има јасни определби за евро-атланска интеграција на Македонија.

„Во минатите денови претставниците на Алтернатива имаа грешка која за нас претставуваше проблем. Тој проблем е отстранет. Апасиев го повлече својот потпис од Иницијативата за недоверба на Владата. Алтернатива има 4 пратеници и утре ќе гласаме за недоверба на Владата“, кажа Гаши.

„Зборуваме за првата фаза која утре ќе заврши. Не знаеме како ќе заврши. Ние како партија ќе одлучиме врз кои принципи ќе преговараме со идниот мандатар, а со партиските органи ќе се договориме како ќе гласаме во иднина. Како опозициска партија, ние сме првпат пред овој предизвик, ДУИ да оди во опозиција. Добро е да се случи промена. Но, Алтернатива може да направи колку што можат да направат четири пратеници. Ние сме тука со нашите принципи и политичка волја, да стоиме на нашиот пат“, додаде Гаши.

Тој кажа дека со неговата партија сметаат дека не треба да има избори, туку само избор на нова Влада.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ формира работно тело кое ќе ја следи реализацијата на проектите на градоначалниците

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека е формирано работно тело во рамките на партијата, кое ќе ја следи реализацијата на проектите ветени пред граѓаните, а кои добија апсолутна поддршка на последните избори.

„Во програмите ‘Гарантираме’ опфатени се точно 14.835 проекти од разни сфери и области, решенија за реалните проблеми на народот. Со овие програми се предвидуваат 2.000 улици во целата држава. Градба или реконструкција на 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Инвестиции во 60 објекти на културата, 90 спортски сали за младите. Гасификација за понапредните општини и многу други конкретни дела“, соопшти партијата.

Како што се наведува, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред градоначалниците соопштил дека овие проекти мора да имаат соодветен план и динамика за развој, при што работното тело ќе биде од помош при овозможувањето совети и размена на знаења при нивното имплементирање.

Во работното тело, кое ќе биде раководено од Мицкоски, ќе бидат и Зоран Ставревски и Оливер Шамбевски, додаваат од партијата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, изрази задоволство од првичното за почнување со крупни капитални проекти од градоначалниците и, како што соопшти партијата, потенцирал дека е од исклучителна важност внимателно и доследно да се запазат ветувањата и да се овозможат промените ветени пред граѓаните, со цел обезбедување на новата иднина во која граѓаните веруваат и дадоа поддршка.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, предупредуваат од АМСМ

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози, предупредуваат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Забраната за ТТВ на патниот правец Р1209 Тетово – Попова Шапка е укината.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре без струја дел од Аеродром, а в сабота дел од Илинден

Објавено пред

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија утре ќе останат следните корисници:

– од 8 до 13 часот корисниците на дел од улицата Мите Богоевски (општина Аеродром);

– од 10 до 14.30 часот корисниците на дел од с. Горно Лисиче (општина Аеродром).

А в сабота од 8 до 14 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од населбата Илинден, поточно улиците бр. 32 и бр. 34 и објектите во околината на хотелот „Белви“ (пштина Илинден).

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Омикрон има способност да избегне имунитет од претходна инфекција со коронавирус, предупредуваат научници

Омикрон има значителна способност да избегне имунитет од претходна инфекција со ковид, покажува првата вистинска студија во светот за ефектот...

Европа8 часа

Британија со речиси 54 илјади нови случаи во еден ден, највисока бројка по Европското фудбалско првенство

Велика Британија забележа 53.945 нови случаи на коронавирус – највисока дневна бројка од средината на јули по Европското фудбалско првенство....

Регион8 часа

Бугарските истражители: Познати причините за пожарот во автобусот во кој загинаа 45 луѓе

Познати се причините за пожарот во автобусот што се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Ова го соопштија обвинителот Бисер...

Свет9 часа

Maж облечен како нинџа со меч нападна две полицајки во Франција

Маж облечен како нинџа нападнал со меч и повредил две полицајки во францускиот град Шербур, а досегашните податоци не укажуваат...

Македонија12 часа

333 нови случаи на Ковид-19 и 16 починати за 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на...

Македонија12 часа

Граѓаните утре ќе можат да им оддадат последна почит на загинатите во автобуската несреќа

Министерството за надворешни работи информира дека утре (3 декември), во 9 часот, на скопскиот аеродром се очекува да пристигнат посмртните...

Европа15 часа

Курц се повлекува од политиката: Не сум ниту светец, ниту злосторник

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц се повлекува од политичкиот живот, објавија австриските медиуми. Курц денеска излезе пред новинарите и најави...

Економија16 часа

Цената на кесите да се зголемува постепено, примената на законот да се одложи, бараат стопанските комори

Заштитата на животната средина и одржливо располагање со ресурсите е важен општествен приоритет, но за оваа цел да биде реализирана...

Македонија18 часа

Јовески: Oбвинителите и судиите да работат непристрасно и професионално

Предизвикот на обвинителите и судиите во битката за обезбедување на владеењето на правото и еднаков пристап до правдата е секојдневен....

Европа18 часа

Зголемени тензиите на Западен Балкан, предупредува Столтенберг

Тензиите на Западен Балкан се зголемени , вклучително и во БиХ и Косово, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг....

Македонија19 часа

Сарафов: Идентификувани се сите 45 жртви од автобуската несреќа на автопатот Струма

Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви...

Свет19 часа

Гутереш: Затворањето на африканските граници поради омикрон е неправедно

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, рече дека затворањето на границите поради новиот сој на коронавирус омикрон е многу неправедно,...

Македонија1 ден

(Видео) Во СДСМ и во Алтернативата неделава партиски консултации за преговорите помеѓу Заев и Гаши

Се очекува до крајот на оваа недела да се обезбеди усогласување за влез на Алтернативата во Владата. Партиските тела на...

Македонија1 ден

(Видео) Имаме напредок, рече Гаши по средбата со Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на Алтернативата, Африм Гаши, по четири часа средба, заедно го напуштија Клубот на...

Македонија2 дена

Нови 410 заразени со Ковид-19, починале 11 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.674 тестирања,...

Свет2 дена

СЗО со прва проценка за омикрон – заразените се со благи симптоми

Раните индикации сугерираат дека повеќето случаи на омикрон имаат благи симптоми, изјави претставник на Светската здравствена организација. Зборувајќи во име...

Македонија2 дена

Владата предлага да се продолжи кризната состојба за уште 6 месеци

Владата го утврди текстот на предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со...

Македонија2 дена

Ковачевски ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ – побара поддршка од членството и граѓаните

Заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. Тој кажа дека поднел и програма која се базира...

Македонија2 дена

Филипче: Не се исклучува задолжителна вакцинација доколку не помогнат апелите на матичните лекари

Само со апели од матичните доктори, без дополнителни мерки ќе се стимулира вакцинацијата и спречувањето на ширење на коронавирусот. Ова...

Македонија2 дена

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ. Таа кажа дека Димитар Ковачевски има поддршка во кандидатурата од...

Досие