Македонија
Пратеничката Стојчевска: Не знаев дека мојот син аплицирал за работа во ЕЛЕМ
Пратеничката од СДСМ, Мира Стојчевска, чиј син Виктор Стојчевски од вчера е вработен во ЕЛЕМ, не гледа ништо спорно во тоа тој да работи во државна компанија. Стојчевска за „Макфакс“ вели дека нејзиниот син уредно се пријавил на огласот за потоа да ја добие позицијата.
„ЕЛЕМ имаше распишано јавен оглас. Мојот син првин аплицирал, па потоа ми го соопшти тоа. Јас сум немала апсолутно никакво влијание во одлуката ЕЛЕМ да го вработи мојот син. Тој претходно работеше во приватна фирма, но работел и во Катастарот за недвижности, што исто така е државна институција“, вели пратеничката Стојчевска за „Макфакс“.
Таа ги негира тврдењата дека син ѝ Виктор добил работа во ЕЛЕМ поради нејзината функција или глас за уставните промени, како што тврдеше портпарлот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Нашите деца секако ќе бидат вработени некаде според нивните струки и образование. Имајте предвид дека се дефицитарни градежните инженери. Колку што знам, тој сега е вработен во секторот за инвестиции“, додава Стојчевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори
На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните.
Кампањата за претседателските избори започна веднаш по првиот круг од изборите, додека дваесетдневната кампања за парламентарните избори на 18 април.
На полноќ започнува молкот пред изборите, кој завршува со затворањето на гласачките места на 8 мај во 19 часот.
Македонија
Во мај уште еден продолжен викенд
Денеска се одбележува вториот ден на Велигден според православниот календар и е неработен за сите граѓани на земјава.
Овој месец ни престои уште еден неработен ден, а тоа е 24 мај (петок) кога се одбележува „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители.
За граѓаните од православна вероисповед неработен ќе биде 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден.
На 23 мај (четврток) се одбележува Националниот ден на Власите и ќе биде неработен за припадниците на оваа националност, додека 16 јуни (недела) муслиманите во земјвата ќе го слават Курбан Бајрам, а неработен ќе биде првиот ден на Курбан Бајрам.
Македонија
СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината
СДСМ ги повикува граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај и да гласаат за Стево Пендаровски за претседател и за пратеничките листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.
„На 8 мај се одлучува за иднината. Во овој клучен момент државата се наоѓа на крстопат. На една страна е враќање назад кон изолација, конфликти, меѓуетничка нетрпеливост и внатрешни поделби со ДПМНЕ. А на другата, продолжување напред, кон прогресот и просперитетот на Македонија во ЕУ, со СДСМ и Коалицијата за европска иднина“, дополнуваат од СДСМ.
Според нив, на 8 мај постои само една социјалдемократска опција, само една лева прогресивна опција која се вика СДСМ.
„Граѓаните со моќта на својот глас можат да кажат стоп за враќањето во кошмарното минато на поделби и тензии и да испратат јасна и гласна порака на сите ретроградни сили дека во Македонија живеат прогресивни луѓе, кои сонуваат за подобра европска иднина за себе и своите деца“, завршуваат од СДСМ.