Контакт

Македонија

Прилеп доби нов ургентен центар

Објавено пред

По 15 години е остварена иницијативата и потребата од отворање на ургентен центар во склоп на прилепската болница, порача техничкиот премиер Оливер Спасовски за време на денешната работна посета на Прилеп, нагласувајќи дека граѓаните од оваа општина добија модерен медицински центар за тријажа, третман на итни пациенти, амбуланта за преглед на пациентите, просторија за реанимација, за згрижување на рани, како и просторија за давање терапија, односно дневна болница со шест кревети.

dobivaj vesti na viber

Ургентниот центар е опремен со ЕКГ и ЕХО-апарати, дефибрилатор, три пациент -монитори, инфузиони пумпи и други апарати неопходни за првата, ургентна интервенција и во него во смени ќе бидат ангажирани 12 доктори и 12 медицински сестри.

Премиерот Спасовски додаде дека во Акушерското одделение е извршено генерално реновирање на подовите, на ѕидовите и вратите, на санитетски јазли и на водоводната инсталација, на осветлувањето и на електрична инсталација и набавени се нови кревети и медицинска опрема, потсетувајќи дека од 2017 година за потребите на повеќе одделенија е набавена опрема од над 50 милиони денари.

„Се разбира, во овие услови на здравствена криза поради пандемијата со Ковид-19, како и воопшто, јас на сите граѓани на општината им посакувам да ги служи здравјето и колку што може помалку да имаат потреба од лекарска помош. Но, мора да бидеме секогаш добро подготвени, да имаме добро опремени јавни здравствени установи, најдобри услови за работа на докторите и на целиот друг медицински персонал, за да бидеме сигурни дека граѓаните ќе ја имаат најдобрата здравствена услуга во нивната, локална средина“, подвлече Спасовски.

Тој потсети дека ветувањата кои Владата ги даде во однос на зголемувањата на платите на медицинските лица се остварија и основната плата на лекарите специјалисти е зголемена за 40 проценти, на медицинските сестри помеѓу 20 и 23 проценти. На општите лекари за 25 проценти, а на здравствените соработници за 15 проценти.

„Здравствената криза од пандемијата со коронавирусот повеќе од кога и да е покажа колку е важно здравствениот систем да биде цврст. Затоа, во овој период континуирано вложуваме и во зајакнување на здравствениот систем. Создадовме ресурси, сериозно надграден здравствен систем во однос на капацитети за сместување, медицинска опрема и знаењата на здравствените работници, за да се справиме и со актуелниот бран на коронавирусот. И во оваа пригода како и на секој јавен настап повторувам, вирусот ќе го победиме со многу дисциплина и безусловно почитување на мерките“, рече Спасовски изразувајќи убедување дека од оваа криза ќе излеземе многу посилни и помудри и ќе разбереме колку се важни граѓанската солидарност, поддршката на институциите и меѓусебното помагање.

При обиколката на новоизградениот дел и реновираното одделение премиерот Спасовски со министерот Филипче и домаќините, градоначалникот Јованоски и директорот Богојески, извршија увид и во опремата која во мај пристигна како помош од турската компанија „Алим орман урунлери“, односно модерни болнички кревети и помошни помагала во вредност од 50.000 евра.

Mинистерот за здравство, Венко Филипче, потенцираше дека со оваа инвестиција болницата во Прилеп станува врвна, европска институција.

„ Да се инвестира и да се направи ургентен центар е навистина значајна работа. Сите пациенти, не само од Прилеп, туку и од целиот регион можат навремено и сосем соодветно да добијат здравствена заштита. Кога на едно место има експертиза на искусните лекари специјалисти кои работат заедно и ги едуцираат младите специјализанти, тука е и рендген-одделението на коешто за кратко време се прави дијагностика, значи дека пациентот за рекордно кратко време добива соодветна здравствена услуга. Се прави тријажа и понатаму се прераспределува на некое од соодветните одделенија во оваа болница. Освен ургентниот центар, којшто ќе биде во функција од овие денови, тука во болницата во Прилеп, целосно е реновирано и гинеколошко-акушерското одделение. Сега родилките од целиот овој регион ќе имаат навистина пријатен престој во реновирани простории, целосно нови автоматизирани кревети, секоја соба со посебен тоалет“, истакна министерот Филипче.

Тој рече дека во една ваква светска здравствена криза, во пандемија, станува јасно колку е важно јавното здравство. Во еден ваков момент на секој граѓанин може да му затреба.

„Ние почнавме огромни инвестиции во јавното здравство изминатите три години, во изминатите 2 години вработени се 20 лекари во болницата. Само изминатата година пратени се од болницата во Прилеп 15 лекари на специјализација. Направивме инвестиција во платите какви што никогаш во историјата во нашата земја и во системот во здравството немало. Платите на лекарите специјалисти сега изнесуваат помеѓу 85 и 160 илјади денари. Верувам дека ги одвративме младите лекари од желбата да ја напуштат нашата земја. Сакам на крајот да им честитам на сите вработени во болницата, на директорот, на колегите лекари, на медицинските сестри и помошно-техничкиот персонал во несебичната и пожртвувана борба со вирусот Ковид-19, третирајќи ги најтешките пациенти и така стоејќи напред во борбата против овој непријател на крај ќе бидеме победници“, посочи Филипче.

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, изразувајќи задоволство од зголемувањето на здравствениот капацитет во Прилеп и подобрувањето на здравствената заштита на населението на општината, упати апел до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19.

Градоначалникот Јованоски посебно се обрати кон младата популација да ги почитува препораките и да не подлегнува на, како што истакна, повици на социјалните мрежи за дружења во поголеми групи, истовремено нагласувајќи дека припадниците на Министерството за внатрешни работи треба да ги зајакнат контролите и заеднички да се организираат во заштита на населението од ширење на вирусот Ковид-19.

Директорот на Општата болница, Драги Богојески, ги поздрави присутните посебно укажувајќи дека трудот кој последните три години е вложен заедно со Владата и локалната самоуправа, може да се види преку Општата болница „Борка Талески“, која претставува модерен здравствен центар кој пружа комплетна здравствена заштита извршија обиколка на новоизградениот ургентен центар и реновираното акушерско одделение во рамки на болницата од каков било вид, за над 100.000 граѓани од оваа општина.

Посетата на Прилеп, премиерот Спасовски, заедно со домаќините од општината и со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, ја завршија со посета на најнаселената населба „Точила“, каде што извршија увид врз завршената реконструкцијата на локалниот пат, главната сообраќајница со вкупна асфалтна површина од 10.000 метри квадратни во оваа населба, со што се заокружи изградбата на целокупната придружна инфраструктура во населбата „Точила“.

Македонија

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Објавено пред

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

dobivaj vesti na viber

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.

-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.

Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева,  директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Објавено пред

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека досега повеќе од 150 македонски државјани, ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, околу можностите за евакуација.

dobivaj vesti na viber

Со сите нив се одржува постојан контакт и доколку се пријават за евакуација ќе се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција за нивно безбедно враќање, наведуваат од МНР.

– Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи, велат од Министерството.

Поради ситуацијата на Блискиот Исток, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија од вчера функционира кризен штаб кој е на 24 часовно располагање на граѓаните за сите информации.

За дополнителни информации и помош, на располагање се:

СОС дежурен телефон (МНРНТ):

075/273-732

Амбасада на Република Северна Македонија во Доха

Тел: +974 50 173 111

Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби

Тел: +971 56 441 7532

Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив

Тел: +972 54 500 8566

Тел: +972 54 967 0546.

Прикажи повеќе...

Македонија

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Објавено пред

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше на можност за самоубиство од страна на малолетен корисник.

dobivaj vesti na viber

Полицијата веднаш ги презеде сите неопходни мерки за утврдување на идентитетот и локацијата на лицето, кое за кратко време беше пронајдено. Малолетникот е во добра состојба, а родителите се известени и запознаени со понатамошните чекори за негово ментално здравје.

Овој настан уште еднаш ја нагласува важноста од внимателно следење на однесувањето на младите во дигиталниот простор. Родителите треба редовно да комуницираат со своите деца, да се интересираат за нивните активности на социјалните мрежи и да реагираат веднаш при забележување загрижувачки објави или несвојствено однесување – апелираат од Секторот за компјутерски криминал.

Апел е упатен и до пријателите, соучениците и сите корисници на социјалните мрежи: доколку забележат објави што упатуваат на самоповредување, безнадежност или најави за самоубиство, веднаш да ги искористат механизмите за пријавување на платформата или да известат родител, наставник или најблиска полициска станица.

-Навремената реакција може да спаси човечки живот. Секторот за компјутерски криминал ќе продолжи со засилени активности за рано откривање и превенција на ризични појави во дигиталниот простор, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минути

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија1 час

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија2 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет2 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет3 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет4 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет5 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет6 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет9 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија11 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет12 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет14 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет18 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет22 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет22 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет23 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет23 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет24 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет24 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија1 ден

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...