Македонија
Пријателите се простуваат од Драган Вучиќ: „Му реков дека ми се допаѓа сутлијачот што го рекламира, ми донесе цел пакет“

Македонската сцена се простува од водителот, шоумен, пејач, композитор Драган Вучиќ, по неговата смрт на Инфективната клиника како последница на коронавирусот. Многумина познати личности споделуваат фотографии, но и моменти кои ги поминале заедно со него. Меѓу нив, актери, писатели, пејачи, композитори, соработници, колеги, поддржувачи. Сите со неверување ја примиле веста за смртта на Вучиќ.
„Го сретнав, не знам каде… Му реков: – Тој сутлијачот што го рекламираш во емисијата е навистина убав, редовно го купувам. – Навистина ти се допаѓа? -Да, му одговорив. Следниот ден ме побара и ме праша за адресата, му ја кажав. Дојде и ми донесе цел пакет од сутлијачот.„Повели” ми рече со насмевка. Таков човек беше Драган Вучиќ. Почивај во мир!“, напиша актерот Драган Спасов-Дац.
Го сретнав, не знам каде…Му реков:-Тој сутлиашот што го рекламираш во емисијата е навистина убав, редовно го…
Posted by Dragan Spasov Dac on Понеделник, 04 мај 2020
„Кога еден автор си заминува, дел од него останува и живее вечно… преку неговите песни. Почивај во мир голем човеку и нека ти е светол патот. Ми беше чест да познавам некој толку позитивен и легендарен како тебе. Сочувство до семејството“, напиша пејачката Сара Костадиновска.
Кога еден автор си заминува, дел од него останува и живее вечно…преку неговите песни.Почивај во мир голем човеку и…
Posted by Sarah Kostadinovska on Понеделник, 04 мај 2020
Откако дознав за неговата состојба и дека е хоспитализиран минатиот вторник, без размислување му пишав СМС за поддршка и побрзо закрепнување. Ми врати едноставно во негов стил „Ти си ми едно големо срце“. Е па денес тоа срце е тажно. Загубивме еден голем човек, пред сè татко, дедо, музичар, шоумен, професионалец и дефинитивно еден од најхаризматичните ликови во нашата земја и на естрадата. Ми беше чест што те познавав. Длабоко сочувство до фамилијата и блиските. До следно наше гледање пријателе. Легендите живеат вечно“, пишува Владимир Блажев од групата „ДНК“
Откако дознав за неговата состојба и дека е хоспитализиран минатиот вторник, без размислување му пишав СМС за поддршка и…
Posted by Vladimir Blazev on Понеделник, 04 мај 2020
„Многумина пробуваа да те омаловажат, но тоа го правеа луѓе кои не те познаваа. Беше и ќе останеш медиумски маг, човек пред времето, секој телевизиски производ повеќе од успешен, музичар од којшто многумина научија нешто. Како во музиката, така и во телевизијата беше неприкосновен. Зар треба ова да се случи за да сфатиме што сме имале? Зар е тешко да се почитува некој? Ако за еден уметник зборуваат делата, за тебе ќе се зборува уште долго. Нека ова нè поттикне да бидеме подобри и да го почитуваме она нашето. И ние овде имаме луѓе кои мораме да ги почитуваме додека се меѓу нас“, пишува пејачката Елена Велевска.
Многумина пробуваа да те омаловажат,но тоа го правеа луѓе кои не те познаваа.Беше и ќе останеш медиумски маг, човек…
Posted by Elena Velevska on Понеделник, 04 мај 2020
„Догледање Име. Ми свири ‘Липе цвату’ во моментов и сфаќам дека без твојата тамбура тоа немаше да биде тоа“, објави писателот Драган Таневски.
Догледање Име…Ми свири “Липе цвату” во моментов, и сфаќам дека без твојата тамбура тоа немаше да биде тоа.
Posted by Dragan Tanevski on Понеделник, 04 мај 2020
„Почивај во мир, Драгане. Ти остави силна трага зад себе, за сите. Сочувство до семејството“, напиша пејачот и композитор Александар Митески.
Почивај во мир, Драгане ? Ти остави силна трага зад себе, за сите… Сочувство до семејството…
Posted by Aleksandar Mitevski on Понеделник, 04 мај 2020
„Лесна ти земја пријателе. Баш ми е жал. Сочувство до семејството“, напиша Бранко Огњановски.
Лесна ти земја пријателе. Баш ми е жал. Сочувство до семејството. 🙁
Posted by Branko Ognjanovski on Понеделник, 04 мај 2020
„Почивај во мир Драган. Беше еден и единствен“, напиша пејачката Тамара Тодевска.
Почивај во мир Драган. Беше еден и единствен. ?
Posted by Tamara Todevska on Понеделник, 04 мај 2020
„Почивај во мир чичко Драган“, напиша пејачката Каролина Гочева.
Почивај во мир чичко Драган… ❤️https://youtu.be/Hi97kryOFJc
Posted by Karolina Goceva on Понеделник, 04 мај 2020
Вучиќ беше композитор на бројни хитови како „Свирете ја Зајди Зајди“, „Ангели ме носат“, „Кажи ѕвездо“ а во 2005ж ја компонираше песната „Make My Day“ со која неговиот син, Мартин Вучиќ, ја претставуваше Македонија на Евровизија. Во 90-тите беше пејач на поп-фолк групата „Кода“. Познат е во јавноста и по бројните емисии и квизови како „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вучиќ“ и други.
Последен негов проект е „Гурмански муабети“, емисија која се снимаше низ повеќе земји на Балканот со познати пејачи, актери, артисти.
Драган Вучиќ почина на 65-годишна возраст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Вучиќ ги посети повредените од пожарот во дискотеката од Македонија: Ќе биде добро, лекарите велат да не се грижите

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги посети повредените во пожарот од дискотеката во Северна Македонија кои се на лекување во Клиничкиот центар на Србија.
„Ќе биде добро. Лекарите велат да не се грижите“, му кажа претседателот на еден од повредените, кој лежи во болнички кревет покриен со завои.
– Ви благодарам, тие се одлични лекари – одгови младиот пациент.
„Само држете се, ви посакувам се најдобро, не плачете, ќе бидете добро“, и рече претседателот на девојка додавајќи дека состојбата е донекаде сериозна, но нејзиниот живот не е во опасност.
„Имав можност да ги посетам луѓето кои беа повредени во страшната трагедија во Македонија. Тука лежат 9, во КЦС“, забележа тој на почетокот.
– Степенот на изгореници се движи од 4 проценти до многу повисоко ниво, за да не се исплашат семејствата. Најголем проблем за неколку пациенти се повредите на белите дробови. Но, тука. Невозможно е да се најдат подобри услови некаде во Европа. „Ќе ни дојдат уште 12 пациенти, со што вкупниот број ќе се искачи на 29“, нагласи Вучиќ.
„Уште еднаш изразувам сочувство до братскиот македонски народ“, рече тој.
Слушнавте, потсети претседателот, млад човек на триесет години кој рече „само да можам ова да го преживеам“.
Во Србија синоќа пристигнале 17 повредени, а се очекува да пристигнат уште 12.
Македонија
На протестот во Кочани демолирано кафулето на сопственикот на дискотекта „Пулс”

Ескалира протестот во Кочани на кој се бара правда за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“.
Во еден момент, дел од групата упадна и во кафулето „Класик“ кое е во истата сопственост на нелегалната дискотека и го демолира.
Претходно, пред општинската зграда, голем број граѓани на Кочани се собраа и побараа правда за жртвите. Го повикуваа градоначалникот, Љупчо Папазов, кој поднесе оставка да излезе од зградата, а дел од присутните маваа со камења. Собраните извикуваа „Убијци“ и „Секој еден може да биде следен!“.
Во СВР Скопје и СВР Тетово, за случајот, се приведени 5, а во Штип 13 лица, меѓу нив и три лица од Државниот пазарен инспекторат, едно лице од Инспекторатот за труд, сопственикот на објектот, членови на обезбедувањето, сопственикот на агенцијата за обезбедување, продавачот на карти и други лица вработени во објектот. Одреден е краткотраен притвор за 11 лица.
Македонија
„Убиството на младината е убиство на иднината“ – граѓаните од Кочани на протест побараа правда за жртвите

Голем број граѓани на Кочани се собраа денес општинската зграда и побараа правда за жртвите од смртоносниот пожар во дискотеката „Пулс“.
Граѓаните извикуваа „Убијци“ и носеа транспаренти со натписи: „Луѓето што имаа задача да не’ чуваат не’ убија“, „Убиството на младината е убиство на иднината“, „Бараме одговорност“.
На протестот, граѓаните носеа и фотографии од своите роднини и пријатели кои ги загубија животите на концертот на групата ДНК.
Тие се собраа пред зградата на Општина Кочани, извикувајќи „Секој еден може да биде следен!“.
Во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, животот го загубија 59 млади луѓе, а 162 се повредени, од кои десетици се испратени на лекување во странство со тешки изгореници. Досега се уапсени 11 лица.
Претходно денес беше објавено дека починал и возачот на брзата помош од Кочани, Иле Гоцевски, кој ги превезувал повредените. По трагедијата и трауматичниот работен ден, дошол дома и заспал, и повеќе не се разбудил.