Македонија
Промени во железничкиот возен ред

Воведувањето на забраната за движење на граѓаните во ноќните часови, што ќе трае од 21 до 6 часот, предизивка промени во желечникиот возен ред.
Возови кои ќе сообраќаат:
релација Велес – Скопје – Табановце – Скопје – Велес:
1. воз бр. 600 со поаѓање по возен ред од Скопје, и
2. воз бр. 601 со поаѓање по возен ред од Табановце.
релација Велес – Скопје – Велес:
1. воз бр. 2080/2081/2082 – по возен ред,
релација Скопје – Гевгелија – Скопје:
1. воз бр. 611 со поаѓање од Скопје во 6:57 часот (со задоцнување +34 мин.), и
2. воз бр. 632 со поаѓање од Гевгелија по возен ред.
релација Скопје – Табановце – Скопје:
1. воз бр. 2022 со поаѓање од ст. Скопје по возен ред, и
2. воз бр. 2023 со поаѓање од Табановце по возен ред.
релација Скопје – Кочани – Скопје:
1. воз бр. 651 по возен ред, ќе сообраќа до Велес/642.
релација Скопје – Битола – Скопје:
1. воз бр. 642 од Велес со поаѓање во 16:50 часот (со задоцнување +86 мин.),
2. воз бр. 645 со поаѓање од Скопје во 19:15 часот (предвреме), ќе сообраќа до Велес, и
3. воз бр. 640 од Велес со поаѓање во 6:45 часот (со задоцнување +60 мин.),
релација Скопје – Кичево – Скопје
1. воз бр. 660 со поаѓање од ст. Скопје по возен ред,
2. воз бр. 661 со поаѓање од ст. Кичево во 6:30 часот (со задоцнување +60 мин.).
Возови кои нема да сообраќаат:
релација Велес – Скопје – Табановце: изостанува воз бр. 600,
релација Скопје – Велес – Скопје: изостанува воз бр. 2083,
релација Скопје – Табановце – Скопје: изостануваат воз бр. 2020, 2024 и 2025,
релација Табановце – Скопје – Гевгелија: изостанува воз бр. 611 на релација Табановце – Скопје,
релација Скопје – Гевгелија – Скопје: изостануваат воз бр. 631 и 630,
релација Скопје – Битола – Скопје: изостануваат воз бр. 641, 643 и воз бр. 644, воз бр. 640 и воз бр. 642 изостануваат на релација Битола – Велес, воз бр. 645 изостанува на релација Велес – Битола,
релација Скопје – Кочани – Скопје: изостанува воз бр. 650, воз бр. 651 изостанува на релација Велес – Кочани,
Во согласност со новите мерки кои стапија во сила, Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-СКОПЈЕ го планираат возниот персонал и возните средства согласно овој план, додека преку соопштение на патничките благајни и службата за информации ке ги извести корисниците на превоз за новонастанатите измени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДУИ: „Влен“ покажа елементарно непознавање на законодавната процедура, додека ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да се потсмеваат со нив

„Процесот на вработувања во државните институции се одвива селективно и дискриминаторски, при што Албанците остануваат целосно непретставени. Секојдневно, нивното исклучување станува редовна пракса на оваа Влада“, велат од ДУИ.
„Наместо да се зајакне правичната застапеност, Владата предлага замена на постојниот законски механизам (балансерот) со нефункционална комисија која еднаш годишно ќе подготвува „анализи“. Таквиот модел не гарантира ниту застапеност, ниту фер примена на законот, ниту основна еднаквост.
Дури и овој навредлив предлог-закон не се испраќа во Собранието, што укажува на понижувањето и недостаток на капацитет од страна на остатоците на ВЛЕН.
„Влен“ досега покажа елементарно непознавање на законодавната процедура, додека ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да се потсмеваат со нив ангажирајќи ја Каракамишева да изготви навредлив закон, кој потоа и самите не се осмелуваат да го достават до Собранието.
ДУИ бара од надлежните институции и од меѓународниот фактор внимателно да ја следат оваа ситуација и да реагираат на назадувањето на правичната застапеност на Албанците во јавните институции“, се наведува во соопштението на ДУИ.
Македонија
Муцунски од Мала Преспа: Преку конкретни проекти ќе продолжиме да ја јакнеме врската со дијаспората

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и министерот за култура, Зоран Љутков, вчера ја посетија Мала Преспа и општина Пустец – домот на македонското малцинство во Албанија. Во рамки на посетата, министрите остварија топли и конструктивни средби со локалното население и присуствуваа на свеченото отворање на фестивалот „Македонско културно лето“, каде настап имаше Велешкиот театар.
„Мала Преспа и Пустец се жив доказ дека етничката и културната разноликост не разделува, туку обединува. Благодарение на официјалниот статус на македонскиот јазик, двојазичното образование, активната дипломатска и прекугранична поддршка од нашата Влада – заедно со посветеноста и ангажманот на локалното население – македонската заедница во Албанија успева да ја зачува својата уникатност, да ја негува врската со матичната земја и да гради мостови на пријателство меѓу двете држави“, истакна министерот Муцунски во својата објава на социјалните мрежи.
На средбите со Македонците од Албанија, министерот ги сослуша нивните предизвици и се обврза дека поддршката од државата нема да остане само на декларативно ниво.
„Преку конкретни проекти и активности, ќе продолжиме да ги јакнеме врските на дијаспората со татковината. Само така ќе ја чуваме и пренесуваме македонската историја, култура и традиција во овој значаен дел од Балканот“, порача Муцунски.
Министерот упати искрена благодарност за поканата и срдечниот пречек и истакна дека секогаш со задоволство ќе се враќа во Пустец – помеѓу Македонците во Албанија.
Македонија
Герасимовски: Во мојот мандат Центар доби целосна поддршка за урбаната велосипедска култура

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на средбата со жителите од строгиот центар разговараше за најгорливите урбани предизвици: сообраќајниот метеж, загадениот воздух и потребата од алтернативен превоз.
„Она што секојдневно го отежнува животот во Центар е хаосот во сообраќајот. Затоа вложуваме во решенија за почист воздух и подобар квалитет на живеење“, истакна Герасимовски.
Тој потсети дека Центар е првата општина што воведе субвенции за алтернативен превоз, велосипеди, електрични велосипеди и тротинети, мерка што се надградува од година во година:
„Во мојот мандат воведовме и субвенции за дополнителна опрема, за што интересот постојано расте. Само годинава, од предвидените 600.000 денари за велосипеди, веќе се субвенционирани 197 граѓани”, рече Герасимовски, посочувајки дека во последните три години се дадени субвенции за над 500 велосипеди.
„Жителите на Центар заслужуваат модерен и одржлив град. Затоа продолжуваме со инвестиции во алтернативен превоз, почиста животна средина и поздрав начин на урбано живеење“, порача Герасимовски.