Македонија
Пуштен во употреба модуларниот кoвид-центар во гостиварската болница

Во гостиварската болница денеска е пуштен во употреба модуларниот ковид-центар.
По тој повод, министерот за здравство, Венко Филипче, истакна дека ова е модел којшто се имплементира во сите градови во државата.
„Користиме болнички капацитет кој има 35 кревети, а целосно е опремен со медицинска опрема. Треба да пристигне и најсовремениот рентген апарат и ЕХО апаратот со сите потребни сонди за преглед, со што ќе го направи овој центар сосем соодветен за третман на сите КОВИД пациенти, а во некои други услови да продолжи да служи како тријажен или ургентен центар“, потенцираше Филипче.

Министерот Филипче во Гостивар
Како што рече, во изминатиот период, направени се значајни инвестиции во оваа јавно-здравствена установа која опслужува 200 илјади жители, кои гравитираат не само од општината Гостивар, туку и од Маврово-Ростуше, Дебар, Врапчиште итн.
„Болницата е позната по својата експертиза. Целосно се реновирани операционите сали, хируршкото одделение, а следува и реновирање на интерното одделение. Со директорот разговаравме и за некои следни планови. Оваа година после многу години за првпат болницата во Гостивар ќе добие магнетна резонанца. И тоа значи дека сите овие жители кои имаат потреба од таа услуга повеќе нема да патуваат во Скопје, туку тука ќе ги прават тие снимки. Во моментов состојбата со пандемијата во Гостивар е стабилна, меѓутоа граѓаните мора да продолжат со почитување на мерките за заштита“, истакна Филипче.

Модуларен кoвид-центар во гостиварската болница

Модуларен кoвид-центар во гостиварската болница
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мартин Пановски: На парцелата од 12.000 квадратни метри, дури 6.520 квадрати ќе бидат зеленило

Архитектот на еден од објектите кои ќе се градат на паркингот спроти „Холидеј ин“, Мартин Пановски, во вечерашното гостување на „Топ тема“ изјави дека во двете згради кои ќе се градат има станови колку во трите кули во градски ѕид и ништо повеќе. Тој вели дека макетите и рендерите кои се споделуваат во јавноста се целосно неточни и апсурдни.
„Неразбирливо е како е можно некој кој е архитект да исцрта и пласира во јавноста вакви скици и макети. Ова се 3Д прикази правени од наши колеги кои, за жал, или не знаат да читаат план или намерно излажале, за да направат паника во јавноста. По сите архитектонски параметри, на оваа макета имате 500.000 м2. За појаснување, на дадената локација се дозволени 200.000 м2, а ќе се користат 89.000 м2“, рече Пановски.
Пановски во емисијата за првпат презентираше фотографија од реалниот проект кој е различен од сите фотографии и графики кои се споделуваат на социјалните мрежи деновиве.
Според проектот презентиран од Пановски, не станува збор за блок згради или шеесеткатници туку за објекти со тројно намалена катност и многу вертикално зеленило.
Пановски тврди дека на парцелата 1.1 од 12.000 м2 дури 6.520 м2 ќе бидат зеленило. Проектот предвидува 969 паркинг-места на три новоа и целосно сообраќајно решение за движење на пешаците и возилата.
Жалам што сите коментираат и зборуваат дека проектот не чини, а никој не го видел, заклучува Пановски.
(ПР текст)
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Meѓу владините хонорарци се синот на Самка, сестра на пратеничка од СДСМ, претседателот на СДММ

Во Македонија додека граѓаните преживуваат од ден за ден, власта своите партиски војници дебело ги наградува со хонорари, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако Владата попладнево ја објави листата со детали за сите лица кои се хонорарно ангажирани за нејзините потреби.
„Меѓу хонорарците кои земале народни пари во енормни суми се бројни членови и симпатизери на СДСМ, Петрит Сарачини, Марко Михаилоски – претседател на СДММ, Јана Велковска – сестра на Фаница Николовска пратеничка од Тетово, Дамир Ибраимоски – син на Самка Ибраимоски. На листата може да се види и името на Ванчо Узунов. кој бил поранешен потпретседател на СДСМ“, стои во партиската реакција.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека за хонорари од 2019 до 2020 година, власта исплатила над еден милион евра.
Според опозициската партија, под закрила на Владата биле 58 хонорарци, од кои денес се објавени 55.
„Токму овие хонорарци за еден напишан статус или, пак, погрешно наместено знаме земале по 30, 40, 50 илјади денари. Од имињата на објавените списоци, јасна е намерата зошто власта калкулираше со денови кога да ги објави“, велат од ВМРО-ДПМНЕ нагласувајќи дека додека државата осиромашува и згаснале над 4.000 компании, партиски војници на власта земале хонорари до 1.000 евра.
Македонија
Филипче: Пристигнуваат 2.000 кинески вакцини, донација од Емиратите

Две илјади кинески вакцини од прозиводителот „Синофарм“ пристигнаа на аеродомот во Софија и до вечер ќе пристигнат во нашата земја, најави на социјалните мрежи министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој во објавата на „Фејсбук“ посочи дека се работи за донација од Обединетите Арапски Емирати.
2000 кинески вакцини од производителот Синофарм пристигнаа на аеродомот во Софија и до вечер ќе пристигнат во нашата…
Posted by Венко Филипче on Понеделник, 12 април 2021
„Голема благодарност за заложбата на амбасадорот Абдулкадир Мемеди и на министерот за надворешни работи Бујар Османи што за краток временски период се обезбеди оваа донација“, нагласува Филипче додавајќи дека симболот на оваа здравствена криза е солидарноста.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш