Македонија
Распитот на Заев во ОЈО за изборни нерегуларности е одложен
Распитот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев во Основното јавно обвинителство е одложен, поради активности во Собранието и седницата на Комисијата за изборите и именувањата.
По извршениот увид во доказите, одбраната на Заев требаше во понеделникот да се произнесе за индициите во случајот за изборните нерегуларности, за кои се товари лидерот на СДСМ.
Заев заедно со уште едно лице од партијата и правното лице СДСМ, се сомничат за употреба на недозволиви средства во кампањата и лажирање на финансиските извештаи. Засега не е познато кога ќе се одржи распитот./ крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
