Македонија
Регистрирани нови 314 случаи на Ковид-19 во земјата, починале осум
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.161 тестирање, а регистрирани се 314 нови случаи на Ковид-19, и тоа во:
Скопје – 179, Кавадарци – 17, Прилеп – 16, Велес – 12, Охрид – 11, Тетово – 10, Битола – 7, Делчево – 6, Гевгелија и Неготино – по 5, Куманово, Гостивар, Струмица, Струга, Радовиш, Демир Хисар и Демир Капија – по 4, Кичево и Крушево – по 3, Штип, Свети Николе и Крива Паланка – по 2, Ресен, Пробиштип, Виница, Валандово, Кратово и Дојран – по 1
Регистрирани се 210 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 108, Кавадарци – 28, Кичево – 8, Куманово – 7, Прилеп, Велес и Неготино – по 6, Тетово и Струмица – по 5, Штип и Крива Паланка – по 4, Битола, Гевгелија и Ресен – по 3, Гостивар, Виница, Кратово и Пехчево – по 2, Охрид, Радовиш, Демир Капија, Свети Николе, Пробиштип и Кочани – по 1.
Пријавени се вкупно 8 починати лица.
Починати се по 2 пациенти од Куманово (73 и 81) и од Охрид (55 и 85) и по еден смртен случај е регистриран од Скопје (80), Велес (54), Струмица (80) и Берово (84).
Сите пациенти се починати во болнички услови.
Направените 2.161 теста се преку: ИЈЗ – 409, ЦЈЗ Скопје – 60, „Авицена“ – 253, „Биотек“ – 217, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 137, „Систина“ – 160, лабораторија „Лаор“ – 119, МАНУ – 90, Судска медицина – 6, ЦЈЗ Битола – 91, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 7, ГАК – 0, „Синлаб“ – 39, „Ремедика“ – 9, лабораторија во болницата во Козле – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 561, УК Пулмологија со алергологија – 3, ГОБ „8 Септември“ – 0, лаборатории од странство – 0.
Досега во земјата се направени вкупно 466.118 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.196, бројката на оздравени пациенти е 83.634, на починати е 2.908, а бројот на активни случаи изнесува 7.654.
Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:


©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

