Контакт

Македонија

Регистрирани 127 нови случаи на коронавирус, починаа 3 лица

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 67, Куманово – 1, Дебар – 1, Штип – 33, Тетово – 10, Струга – 5, Охрид – 6, Кочани – 2, Пробиштип – 2.

dobivaj vesti na viber

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациенти, и тоа во: Скопје – 4, Тетово – 2, Гостивар – 1. Починати се 3 лица.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни, и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни, и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.152, бројката на оздравени пациенти е 1.653, на починати 156, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.343. По завршените епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Куманово е од Скопје. Во согласност со тоа последната дистрибуција по градови е следна:

• Скопје – 1.332, активни 720
• Куманово – 556, активни 139
• Дебар – 53, активни 2
• Штип – 207, активни 169
• Прилеп – 218, активни 27
• Тетово – 291, активни 127
• Струга – 103, активни 30
• Велес – 144, активни 30
• Битола – 30, активни 3
• Охрид – 37, активни 20
• Кавадарци – 6, активен 1
• Гостивар – 50, активни 28
• Гевгелија – 6, активни 2
• Струмица – 5, активни 2
• Крива Паланка – 7, активен 1
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 53, активни 22
• Пробиштип – 7, активни 5
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево – 3, активни 0
• Берово – 2, активен 1
• Валандово – 3, активни 2
• Виница – 3, активен 1
• Делчево – 1, активни 0
• Кратово – 3, активен 1
• Свети Николе – 3, активни 2
• Кичево – 3, активен 1
• Неготино – 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 702 теста се преку: ИЈЗ – 440 , ЦЈЗ Скопје – 24, „Авицена“ – 0, „Биотек“ – 0, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 91, „Систина“ со PCR-метода – 66 и МАНУ – 81. Досега во земјата се направени вкупно 37.027 тестирања на Ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 28 теста се во рамките на скринингот во градинки во Кочани и нема позитивни на Ковид-19.

На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 71 пациент. На кислородна поддршка се 39 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, а вкупно хоспитализирани 42 пациенти. На респираторна машина се 8, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 13 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип хоспитализирани се 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и во Прилеп хоспитализирани се 39 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Македонија

ЗНМ и ССНМ: ОЈО да ја отфрли неоснованата кривична пријава на МВР кон новинарот Салиу

Објавено пред

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат сериозна загриженост за поднесената кривична пријава од Министерството за внатрешни работи (МВР) кон новинарот Фуркан Салиу за наводно попречување во работата на службено лице и бараме од Основното јавно обвинителство веднаш да ја отфрли.

dobivaj vesti na viber

Кривичната пријава од МВР за попречување службено лице во извршување на својата службена должност кон Салиу, следува откако пред пет дена тој беше приведен од страна на полицијата за време на фудбалски натпревар. Салиу бил присутен на натпреварот во својство на новинар и се обидел да документира инцидент за што бил попречен од страна на полицијата.

Фактот што од досегашните видео материјали од инцидентот не може да се утврди основаноста на кривичната пријава, како и постојаната медиумска хајка од медиуми блиски до политички партии, а на штета на репутацијата на новинарите, отвора простор за сомнеж дека делото воопшто не ни постои, се истакнува во реакцијата.

Укажуваат дека целиот настан е проследен со говор на омраза на социјалните мрежи, што ги доведува новинарите и медиумските работници во лоша и небезбедна состојба во овој чувствителен предизборен период.

Потсетуваат дека ЗНМ и ССНМ побараа случајот веднаш да биде расчистен, да се внимава да не се повредат правата на колегата Салиу и на неговите колеги кои биле присутни на настанот, а политичките партии да не го користат во своите дневно-политички препукувања. За жал, како што велат, наместо расчистување на овој случај и поведување на мерки против полицајците кои извршија неовластен претрес на возилото на Салиу, како и против оние кои користеа прекумерна сила при неговото лишување од слобода, МВР се одлучи кривично да го гони новинарот.

Информираат дека за овој случај поднесена е и формална претставка до Секторот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на Министерството за внатрешни работи (МВР), за апсењето на колегата Салиу каде се истакнаа повредите на правата, и побарано е внатрешната контрола да ги испита овие наводи веднаш, а МВР да преземе соодветни чекори против инволвираните службеници за време на целиот инцидент.

„Потенцираме дека ЗНМ и ССНМ солидарно стојат зад колегата Фуркан Салиу и дека правдата за него е правда за сите колеги новинари и медиумски работници во земјава.

За овој случај ЗНМ ги извести меѓународните новинарски организации кои ги следат правата и медиумските слободи и веќе е нотиран аларм за прекршување на правата на новинари во Македонија на Платформата за промовирање на заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите на Совет на Европа“, велат од ЗНМ и ССНМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бојмацалиев од Крива Паланка: Реконструирани сите полициски објекти на територијата на СВР Куманово, во ОВР Крива Паланка вложени над девет милиони денари

Објавено пред

Денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, оствари работна посета на Крива Паланка каде што остварија работна средба со раководствата на Одделението за внатрешни работи Крива Паланка при СВР Куманово, а ќе ја посетат и Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Деве Баир” при Регионален Центар Исток, како би се запознале одблиску со постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и со евентуалните проблеми во рамки на работниот процес.

dobivaj vesti na viber

„Од страна на раководството на ОВР Крива Паланка бев брифиран за постигнатите резултати на оваа организациска единица изминативе три месеци од оваа година a безбедносната состојба ja оценивме поволна на задоволително ниво. Забележителна е ефикасноста од над 70% во реализација на кривично правни настани по приватна тужба и по службена должност за период 2023 година и 2024 година прво тримесечје”, истакна Бојмацалиев. Притоа, тој потенцираше дека на територијата на СВР Куманово сите полициски објекти се реконструирани.

„Во 2021 година беше направена комплетна реконструкција и санација на целиот објект на ОВР Крива Паланка за само два месеци, за сума од над 9.000.000 денари средства издвоени од буџетот на МВР, а при изведбата беа имплементирани мерки за поголема енергетска ефикасност на објектот, а со тоа и поголеми заштеди како и заштита на животната средина. Сите полициски објекти во овој реон се реконструирани со вкупен влог од 65 милиони денари со што уште еднаш докажавме дека задоволна и опремена полиција носи високи резултати и ја гарантира безбедноста на граѓаните и државата”, рече Бојмацалиев.

Потенцираше дека и во Крива Паланка оперативниот штаб на МВР за спроведување на изборниот процес функционира редовно, подготвени за гарантирање на безбедноста во насока на фер, слободни и демократски избори.

Прикажи повеќе...

Македонија

Трипуновски: Од 2019 година до денес не е извршено порибување со охридска пастрмка, со што сериозно се загрозува рибниот фонд

Објавено пред

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипиновски, денес е во работна посета на Охрид, каде што оствари средби со Здружението на ловците – Охрид и со Здружението на риболовците „Свети апостол Петар“ – Охрид.

dobivaj vesti na viber

„Денеска сум на работна посета во Охридскиот Регион, само што завршив со средбата со рекреативните риболовци од Охрид. Констатацијата е повеќе од загрижувачка, Охридското Езеро веќе од 2019 година до денес нема извршено порибување на охридската пастрмка, контролата и заштитата на езерото практично и да не се спроведува, а од друга страна, немаме ни концесионер ниту за рекреативен ниту за стопански риболов“, изјави Трипуновски.

Трипуновски потсети за еден телефонски разговор, кој излезе во јавноста, каде што практично се правеше нарачка како да се остави Охридското Езеро на милост и немилост на сите рибокрадци и на нелегален риболов.

„Познатиот бренд охридска пастрмка сѐ помалку го има затоа што државата изминативе години не води никаква грижа. Она што го ветивме пред рибарите е дека по 8 мај, по завршувањето на изборниот процес и формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, даваме сериозен фокус во заштитата и обновата на овој рибен фонд, односно управувањето со езерото да биде во согласност со законската регулатива“, заврши Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Универзалната сала не изгоре, изгоре она што требаше да биде дислоцирано, вели Арсовски

Надзорниците на изградбата на Универзална сала, објект што во вторникот пламна во пожар, по денешниот брифинг со медиумите, рекоа дека...

Македонија2 часа

Постојан приход на родителите е решение на проблемот со децата питачи, омбудсманот алармира дека сегашните мерки не даваат резултат

Досегашните мерки за згрижување на децата од улица и работата со нив не го даваат посакуваниот резултат, вели Васка Бајрамовска-Мустафа...

Македонија2 часа

(Видео) Господ ми даде сила, ја фатив за уши и успеав да ја турнам, раскажа сточарот кој беше нападнат од мечка

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, се сретна и разговара со повредениот Цане Србиновски, 61-годишник, жител на село Дреновци во општина...

Македонија4 часа

Грција реагира за употребата на името Македонија во кампањата, а сѐ уште ги нема ратификувано меморандумите поврзани со преспанскиот договор

Грчките медиуми пишуваат дека Атина одблиску ги следи политичките изјави поврзани со преспанскиот договор и употребата на името Македонија во...

Топ4 часа

МВР со детали: Непознато лице пукало од автомобил во движење во семејната куќа во Тетово

Непознато лице од автомобил во движење пукало во семејната куќа во Тетово. МВР се огласи по инцидентот што синоќа ги...

Македонија5 часа

(Видео) Пендаровски заигра оро во Кавадарци, Силјановска со коментар: „Ни се случува ‘Тешкото’“

Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски, повторно се фати за оро за време на митинзите. Во Кавадарци му се...

Регион6 часа

Братот на убиецот закопан, мештаните револтирани: За неговиот гроб се знае, но каде е на Данка?“

Далибор Драгијевиќ (40) од Злот, брат на Дејан Драгијевиќ (50), кој е осомничен дека на 26 март ја уби малата...

Свет6 часа

Најтешките поплави во последните децении во Русија, евакуации и во Казахстан – „Целиот град ни е под вода“

Русија соопшти дека ситуацијата е многу напната бидејќи нивото на водата продолжи да расте во градот Оренбург и околните области....

Свет6 часа

Америка предупредува: Очекуваме ирански напад врз Израел

САД очекуваат дека ќе има напад од Иран врз Израел, но тој нема да биде од толку голем обем за...

Регион7 часа

(Видео) Голем пожар кај Нови Сад, повеќе од 10 возила на противпожарната служба се на терен

Голем пожар утрово околу 4.30 часот ја зафати населбата Бангладеш кај Нови Сад. На терен има повеќе од десет противпожарни...

Македонија7 часа

Пендаровски: Јас сум првиот претседател што постави жена за аѓутант во Армијата, прва во историјата на нашата држава

Пред граѓаните на Гевгелија, кандидатот за претседател Стево Пендаровски даде коментар на обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски...

Македонија22 часа

По завршување на истрагата, ќе продолжи реконструкцијата на Универзална, да не се шират шпекулации, рече министерката Костадиновска-Стојчевска

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, по пожарот што ја зафати Универзална сала, денеска изјави дека Министерството за култура ги чека...

Македонија23 часа

Во затворот „Идризово“ се извршија претреси на повеќе простории, извести МВР

Министерството за внатрешни работи извести дека денеска под координација на ОЈО Скопје и по барање на КПУ „Идризово“, даде асистенција...

Топ1 ден

Велосипедист загина по удар од комбе во Скопје – МВР со детали за несреќата

Шеесет и осумгодишен велосипедист загина во сообраќајна несреќа во Скопје. Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера околу 11...

Економија1 ден

Тутунопроизводителите да си ги проверат сметките, денес исплатени 1,5 милијарда денари за субвенции, порача Николовски

Денеска, на сметките на речиси 14.300 тутунопроизводители се исплатени субвенциите за реколтата од 2023 година во вредност од речиси една...

Македонија1 ден

Министерството за здравство: Поради дефект на компресорите, беа одложени елективните програми, а не итните случаи

Министерството за здравство информира дека поради дефект на еден од компресорите, во текот на два дена беше одложен елективниот програм,...

Топ1 ден

Во тек е голема полициска акција во затворот „Идризово“, извршени претреси

Во тек е голема полициска акција во затворот „Идризово“. Се вршат претреси, а од Обвинителството ја потврдуваат акцијата. „Во акција...

Македонија1 ден

Цикличен хибрид – Македонија назадува во правото и борбата против корупцијата, нотира извештајот на „Фридом хаус“

Назадување во владеењето на правото и борбата против корупцијата во Северна Македонија бележи најновиот извештај „Државите во транзиција“ (Nations in...

Регион1 ден

Телото на Данка од Србија се бара во бунари, септички јами, шахти – осомничените дале 20 погрешни локации

По исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2) од Бор, припадниците на српското МВР активно трагаа по неа. Полицијата веќе во...

Македонија1 ден

Пендаровски: Мицкоски сака во исто време да биде и претседател и премиер

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Квадарци порача дека 24 април ќе биде клучен датум и дека токму во...