Македонија
Ристовски тврди дека не се познава со дел од обвинетите за 27 април
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/89773181_138778737458547_7985302144179765248_n.jpg)
Спиро Ристовски, поранешниот министер од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, на денешните воведни зборови пред судот, а во врска со обвинението дека е еден од организаторите на крвавиот четврток рече дека тој не се ни познава со дел од обвинетите.
„Никола Бошковски не го познавам воопшто. Никогаш немам искомуницирано. Со ексдиректорот на УБК Владимир Атанасовски сум имал само 2-3 службени средби, а и со Трајко Вељаноски средбите биле во домен на работата. Не ми е јасно како обвинителството може да верува дека сме направиле некаков план. Нека се извадат листинзи од последниве 10 години, да се види дека комуникацијата со овие луѓе ми била нула“, рече Ристовски.
Тој додаде дека никогаш не присуствувал на состанок или средба на која се разговарало за упад во Собранието.
„Јас немав никакви службени овластувања. Ниту сум учествувал во организација ниту, пак, сум мобилизирал членство да тргне кон Скопје”, рече тој.
На обвинителна клупа за организација на настаните од 27 април се експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски како и ексдиректорот на УБК Владимир Атанасовски.
Тие се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а за бегалците – експремиерот Никола Груевски и Никола Бошковски од УБК постапката беше запрена до нивно пронаоѓање, бидејќи едниот избега во Унгарија, а другиот во Грција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.