Македонија
Родителите од градинката „Детска радост“: Директорката трошела државни пари за луксузен мебел, најавуваме отпор
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/12/gradinka-kavadarci-2.jpg)
Родителите на децата во градинката „Детска радост“ најавуваат отпор против директорката Анета Петровска која беше разрешена од градоначаникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, а потоа вратена назад од министерката за за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.
Родителите формирале иницијативен одбор од пет преставници кои во следниот период ќе говорат во името на сите незадоволни родители, а велат дека од понеделник официјално ќе започнат со активности за искажување на незадоволството од повторното именување на директорката.
До медиумите доставија документи, за кои велат дека докажуваат оти Петровска трошела пари на луксузен мебел, угостителски услуги и вон работното време, службеното возило на градинката се користело за приватни цели, а според документите, со пари од градинката се вршела и секојдневна набавка на производи кои не се за децата, туку за менаџментот.
Велат дека наспроти тоа, како родители на децата кои се згрижуваат во градинката Детска радост секојдневно се должни со носењето на нивните деца да носат и средства за хигиена (течен сапун), влажни марамици, пластички чаши и слично.
Ги повикаа сите граѓани да им се приклучат на нивниот отпор.
Директорката демантираше дека користела државни ресурси за приватни цели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.