Македонија
Русковска не убеди ниту еден член на Советот на јавни обвинители дека е во право, останува суспендирана

Обвинителка Вилма Русковска, која е и шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, останува суспендирана. Ова е одлуката на Советот на јавни обвинители по гласањето.
Антонио Јолески, Изет Мемети, Фаик Арслани, Влатко Георгиевски, Фиданка Рајевска, Коле Штеријов, Арбер Исаку, Касна Жежова се обвинителите кои одлучуваа за нејзината иднина.
За жалбата да се одбие гласаа сите обвинители.
„Советот донесе решение жалбата да се одбие”, кажа Јолески.
Поради списите во предметот и заштита на интегритетот на обвинителката Вилма Русковска, Советот на јавни обвинители ја исклучи јавноста додека се разгледуваше материјалот. Па така, новинарите не можеа да слушнат кои се аргументите за одлуката. Внатре, сами останаа речиси еден час.
Во списите кои ги добил Советот на јавни обвинители, по кои ја носеа одлуката, ја има кривичната пријава против Русковска поради која е суспендирана, но и преписки кои обвинителката ги имала.
Детали од жалбата на Русковска не се откриваат. Жалбата беше поднесена во минатата недела, а Русковска е убедена дека ги побива сите аргументи на Јовески со кои ја суспендираше.
Како причина за суспензијата е кривичната постапка која се води против Русковска, а по поднесена кривична пријава од Финансиската полиција за претресот, кој не бил направен согласно закон.
За Русковска, нејзиното суспендирање значи и суспендирање на правото и правдата во државата. Таа кажа дека ваквата одлука е притисок врз неа, кој ќе влијае и на колегите кои водат случаи за висока корупција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.