Македонија
(ВИДЕО) Саздов: Граничната полиција нема вода, струја, а донираните возила скапуваат оти нема гориво
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/55557337_654660681621414_6389276830808932352_n.jpg)
Независниот синдикат на полицијата обвинува дека граничната полиција е на работ на егзинстенција, изолирана, без комуникација со другите служби на МВР, но и без вода и струја. Портпаролот на синдикатот, Дејан Саздов, рече дека тие биле на состаноци со министерот Оливер Спасовски за да се најде начин за подобрување на состојбата на вработените во МВР, но министерот ништо конкретно не превземал. НСП го обвини Спасовски и дека спречува синдикално здружување, оти овој синдикат не е дел од колективниот договор на МВР.
„Вработените се со позајмена униформа, кој како се снашол. Чешките панталони, словачките дотраени чизми и полските блузи ги презентиравте, а потоа ги „сокривте“. Личното оружје е постаро од 50 години. Што ќе ни се современи возила кога немаме тендер за сервисирање на истите? Да не спомнуваме дека во месеците јануари и февруари, за возилата немаше ниту гориво. Против колегите кои јавно се дрзнаа да го обелоденат овој проблем, го употребивте најефикасното оружје на Чавков и Јанкуловска, контроверзното Упатство за социјални мрежи, кое претходно го споревте. Бидејќи поминаа скоро две години од вашиот мандат може да заклучиме дека и Вие продолжувате како и во изминатиот период од 15 години постоење на граничната полиција, кој за жал е преспан”, вели портапоролот на синдикатот Дејан Саздов.
Независниот синдикат на полицијата се жали дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ги игнорирал и оспорувал.
“Со оглед на фактот дека НСП го губи трпението за непревземање и непостапување по дадените инструкции ќе побараме одговори, а доколку треба и правни разврски како од државниот инспекторат за труд, но воедно и од Народниот правобранител. Бараме веднаш да постапите по закон и јавно да не известите дека нѐ приклучувате во креирањето на новиот Колективен годовор за вработените во МВР”, додава портаролот Саздов.
За состојбата во МВР, НСП ќе ја извести Европската Унија и Советот на Европа кој изготвува мислење за отпочнување на преговори во ЕУ. Целта на ова известување ќе биде да се укаже дека во Министерството за внастрешни работи не се почитуваат ниту основните работни права на вработените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.