Македонија
СДСМ: Аферата „Криминални парцели“ води директно до Мицкоски

Криминалниот случај со препродажба на парцели во Делчевско за кои целата јавност беше информирана пред локалните избори, конечно, добива епилог. Кривични пријави се поднесени против седум лица, меѓу кои и функционери на ВМРО-ДПМНЕ и блиски соработници на Христијан Мицкоски, соопшти СДСМ.
„Сите овие лица се под сомнение дека со однапред договорена зделка противправно стекнале 1,5 милион евра. Аферата ‘Криминални парцели’ води директно до Мицкоски и белиот дворец.
Апелираме до надлежите институции докрај да се расчисти овој криминал, а одговорните да бидат соодветно санкционирани. Одамна заврши времето на недопирливите за законот.
Денес, пред законите сите се еднакви, секој што сторил какво било криминално дело мора да одговара за своите постапки“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Осуда за инцидентите и насилството на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левицата

„Силно ги осудуваме насилството и инцидентите што вечерва се случуваат на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левицата пред објектите на Владата и Собранието.
Вечерва, јавноста виде обид за повторување на упадот од 27 април 2017 од страна на политички партии што не им мислат добро ниту на државата ниту на граѓаните.
СДСМ, институциите и граѓаните нема да дозволат ваквото опасно деструктивно постапување да ја загрози иднината на државата, обидите за дестабилизација на државата одново ќе бидат поразени“.
Соопштение на СДСМ
Македонија
(Видео) Летаат јајца кон Собранието, демонстрантите бараат оставки

Демонстрантите од владината зграда се упатија кон Собранието, каде што ја пробија оградата и навлегоа во дворот на законодавниот дом.
На третиот ден од протестите против францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија околу Собранието се распоредени многубројни полициски сили, а некои од демонстрантите фрлаа јајца кон зградата, пееја патриотски песни и бараа оставки од власта.
Претходно, групата демонстранти се проби во дворот на Владата.
Скандираа „Оставка, оставка!“, „Македонија, Македонија!“ и „Никогаш Северна“.
Некои од нив се судрија со полицијата, која постави коридон пред зградата на Владата, кога ја пробија заштитната ограда.
Протестот го отвори пејачот Ламбе Алабаковски со македонската химна порачувајќи: „Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка“. Алабаковски, кој беше обвинет за палењето на вратата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, симболично запали хартија на која пишуваше „Преспански договор, бугарски договор, француски предлог, фашизам“.
Македонија
(Видео) „Оставка, оставка“ се скандира на протестот пред Владата, демонстрантите ја пробија оградата

Група граѓани влегоа во дворот на зградата на Владата, каде што трет ден по ред се протестира против францускиот предлог за надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија.
Граѓаните скандираат „Оставка, оставка!“, „Македонија, Македонија!“ и „Никогаш Северна“.
Некои од нив се судрија со полицијата, која постави коридон пред зградата на Владата, кога ја пробија заштитната ограда.
Протестот го отвори пејачот Ламбе Алабаковски со македонската химна порачувајќи: „Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка“. Алабаковски, кој беше обвинет за палењето на вратата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, симболично запали хартија на која пишуваше „Преспански договор, бугарски договор, француски предлог, фашизам“.