Македонија
СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за егзодус во здравството

СДСМ одговори на постојаните повикувања на ВМРО-ДПМНЕ да им ја зголеми платата на докторите порачувајќи дека тие додека беа на власт 11 години ги газеа нивните права, а наедно и правата на пациентите.
„Доколку навистина се грижеше за здравствениот систем, ВМРО-ДПМНЕ ќе работеше на подобрување на статусот на докторите и ќе ги заштитеше правата на пациентите. Но, наместо тоа, водејќи се исклучиво од коруптивни и бизнис интереси, ВМРО-ДПМНЕ изврши егзодус во здравствениот систем.
ВМРО-ДПМНЕ 11 години газеше врз достоинството и правата на докторите и здравствениот персонал. Поради тоа, годишно околу 200 доктори го напуштаа јавното здравство и заминуваа во странство или во приватниот сектор, со што здравствениот систем доживеа целосен крах. Затоа, денеска како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ нема право да провоцира со предлози кои веќе се дел од Програмата на новата Влада“, стои во реакцијата на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспоосбена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.
Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево време со мала локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност, наутро посвежо, а преку денот топло.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ=8
Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб северозападен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Македонија
Прекин со водоснабдување во скопската населба Пржино

Поради изведување одредени зафати, денеска во дел од денот прекин со водоснабдувањето ќе има во делови од скопската населба Пржино.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради поврзување од стара на нова мрежа на улицата Церска раскрсница со Христо Узунов во населба Пржино, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Церска и дел од Христо Узунов, и тоа од 8.30 часот до санирање на дефектот.