Македонија
СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат општините
Неодговорност, неспособност, непотизам, нефункционалност на општините, покачување на цените на комуналните услуги, задолжување со обврзници – се одлика на работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 15 месеци, истакнуваат од СДСМ.
„Со таканаречена општинска обврзница градоначалникот Бобан Стефковски и Советот предводен од ВМРО-ДПМНЕ ја задолжија Гази Баба за пет милиони евра за нејасни и необразложени проекти. Стефковски ја задолжува една од најбогатите општини во државата иако наследи општинска каса со 3,2 милиони евра и низа почнати проекти за кои не требаше да потроши ни денар. Претходно, неговиот колега од Аеродром, Тимчо Муцунски, почна постапка за задолжување на Општината со долгорочна денарска обврзница од 5,4 милиони евра“, се посочува во нивното соопштение.
За овие обврзници, како што додаваат од СДСМ, не се знае ни колкава ќе биде каматата, ниту кој ќе ги купи и дали тоа ќе го отвори патот одредени компании и бизнис-групи да вршат притисок врз градоначалниците и советите за реализација на своите интереси.
„Но, се знае дека граѓаните, наместо развој и решавање на проблемите, добиваат долгови, кои ќе ги враќаат со години. Дополнителен удар врз стандардот на граѓаните предизвикаа општините Гевгелија, Прилеп, Охрид, Битола, Штип и Радовиш со драстично зголемување на цените на комуналните услуги. Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најголемо разочарување за граѓаните“, се истакнува во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Корисниците од село Орман денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Средба на Сиљановска-Давкова со професори од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со професори на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје за неопходноста од креирање национален модел на образовна и здравствена политика, во којшто ќе бидат вградени физичката активност и здравите навики кај децата и младите, како гаранција за физички и ментално здрава нација.
За таа цел, деканот на факултетот, Влатко Неделковски, продеканката за настава, Андријана Мисовски и професорите Иван Анастасовски и Серјожа Гонтарев ја запознаа претседателката со предлог проектот, односно со планираните истражувања и временската рамка во којашто ќе се одвиваат (2026-2028), очекуваните резултати и стратешката одржливост.

Соговорниците укажаа на загрижувачките последици од долготрајното седење, гледањето телевизија и прекумерната употреба на дигитални уреди врз здравјето на младите, очигледни во прекумерната тежина, зголемената анксиозност, социјалната изолација и пониската самодоверба.

Тие посочија на научно утврдените придобивки од физичката активност како: поголема мускулна маса, подобра меморија, повисока концентрација, смиреност, полесно учење, повисоки академски резултати.

Претседателката предлага посветување поголемо внимание на предметот Физичко образование во сите степени и форми на образование, од градинка до факултет, практикување интерактивна настава во природа, учење во движење.

Сите веруваат дека инкорпорирањето на физичката активност како неопходен елемент на образовниот процес ќе има силно влијание врз младите и нивниот префериран модел на живот, профилирајќи поактивни, поиздржливи, посвесни и поздрави генерации.
Македонија
До сабота претежно облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд
Облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (локално над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
До сабота времето ќе биде претежно облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Во западните и јужните делови врнежите ќе бидат пообилни (локално над 30 l/m² за 24 часа). Од недела ќе има стабилизирање на времето.

