Контакт

Македонија

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Да мислевте на граѓаните, немаше да имаат најмали плати во регионот

Објавено пред

„Новата влада ќе го поправи нарушениот углед на Македонија како една од земјите со најниски плати во регионот и во Европа“, порачаа денес од СДСМ, по секојдневните повикувања од ВМРО-ДПМНЕ да ги остварат ваквите предизборните ветувања место да дефокусираат со други теми.

 

„Доколку ВМРО-ДПМНЕ сакаше, имаше 11 години да работи на зголемување на платите и на животниот стандард на граѓаните. Но, спротивно на тоа, ВМРО-ДПМНЕ направи Македонија да биде една од земјите со најниска минимална и просечна плата во регионот и Европа.

 

Новата реформска Влада ќе работи во интерес на граѓаните и ќе ги поправи економските штети што ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски им ги направија на граѓаните и државата.Минималната плата ќе се зголеми на 12.000 денари до крајот на оваа буџетска година и таа ќе важи еднакво за сите работници, вклучително и за работниците од индустријата за кожа, облека и текстил. Фирмите од оваа индустрија ќе бидат финансиски поддржани од државата што ќе ја гарантира сигурноста на работните места. Со одговорни економски политики новата Влада предводена од СДСМ ќе го поправи нарушениот економски углед на Македонија како една од земјите со најниски плати во регионот и Европа“, стои во реакцијата на СДСМ, со додавка дека , ако ВМРО ДПМНЕ навистина мисли на граѓаните, а не на криминалните интереси на Груевски ќе ги подржи економските владини политики за зголемување на платите и отворање на нови работни места.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Забава3 часа

Пет животни лекции што повеќето луѓе ги учат предоцна

Мудроста често доаѓа со возраста, но многумина посакуваат да научеле некои животни лекции многу порано. Токму затоа психолозите истакнуваат дека...

Свет3 часа

Протести на Мајорка против масовниот туризам

Жителите на Мајорка денес повторно излегоа на улиците за да протестираат против големиот годишен прилив на туристи и кризата со...

Забава4 часа

Девет необични симптоми на бременоста за кои можеби не сте знаеле

Утринските мачнини и необичните желби за храна се меѓу најпознатите симптоми на бременост, но многу бремени жени се соочуваат и...

Забава4 часа

Ако облеката мириса непријатно веднаш по перењето, исчистете го овој дел од машината

Ги вадите алиштата од машината и наместо мирис на свежина, мирисате на влажен подрум. Виновникот често не е детергентот за...

Забава4 часа

Често се будите уморни: Овие навики може да бидат причина зошто немате доволно енергија

Будењето по неколку часа сон не секогаш значи дека сте се одмориле. Ако често се чувствувате уморни штом ќе ги...

Свет5 часа

Нов инцидент во Германија, дронови прелетаа над воена база

Два дрона беа забележани над германската воена база во Мехерних на западот од земјата, објавија германските вооружени сили. Инцидентот се...

Забава5 часа

(Фото) Стотици луѓе се собраа пред катедрала затоа што мислеа дека Роналдо се жени, неговата сестра се огласи

Стотици луѓе денеска го исполнија плоштадот пред катедралата во Фуншал откако се раширија гласини дека Кристијано Роналдо ќе се жени...

Спорт6 часа

Алмада пристигна во Ривер Плата

Спектакуларен трансфер во аргентинскиот фудбал – Ривер Плата го донесе Тијаго Алмада од Атлетико Мадрид. Репрезентативецот на Аргентина, кој играше...

Македонија6 часа

Утре сончево и многу топло време со температура до 39 степени

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој...